Промовирани огласи »

Прашањето што ве издвојува на интервју: Наместо „Дали има напредување?“, прашајте што треба да се поправи

Најдобрите кандидати не се обидуваат само да бидат избрани — тие покажуваат дека веќе размислуваат како да го решат проблемот на компанијата.

Кога на крајот од интервјуто регрутерот ќе праша: „Дали имате прашања за нас?“, повеќето кандидати ја пропуштаат најважната можност да остават силен впечаток. Наместо вообичаени прашања за културата, задачите или напредувањето, искусни регрутери советуваат кандидатите да се фокусираат на суштината: кој проблем компанијата сака да го реши со отворањето на позицијата. Според поранешен регрутер со искуство во Google, Uber и The New York Times, компаниите не вработуваат „за забава“, туку бараат личност што може да реши реален проблем со што помал надзор.

Едно директно прашање како „Што е навистина расипано во моментов, а што очекувате новиот вработен да го поправи?“ може веднаш да ве издвои од конкуренцијата. Подеднакво силни се и прашањата: „За една година, што ќе ве натера да кажете дека ова вработување беше погодок?“, „Која личност во тимот би сакале да ја клонирате?“ и „Кој дел од оваа работа луѓето најчесто го потценуваат?“. Ваквите прашања покажуваат дека кандидатот не е фокусиран само на титулата, туку на резултатите, очекувањата и реалните предизвици на улогата.

Пораката што ја испраќа ваквиот пристап е јасна: веќе размислувате како дел од тимот. Наместо интервјуто да го доживувате како аудиција во која треба само да бидете избрани, најуспешните кандидати го користат разговорот за да откријат што точно треба да се поправи — и веднаш да покажат како би го направиле тоа. Токму таа комбинација од љубопитност, зрелост и ориентација кон решенија е она што најчесто ги освојува работодавачите.

Тагови: Google интервју за работа

Промовирани огласи »

Започна исплатата на „Мој ДДВ“ - Еве до кога сите ќе добијат пари на сметките!

Започна исплатата на повратот преку апликацијата „Мој ДДВ“ за вториот пресметковен период, кој ги опфаќа април, мај и јуни.

Започна исплатата на повратот преку апликацијата „Мој ДДВ“ за вториот пресметковен период, кој ги опфаќа април, мај и јуни.

Средствата веќе се префрлаат на трансакциските сметки на граѓаните кои редовно ги скенирале фискалните сметки.

Од Управата за јавни приходи и Министерството за финансии информираат дека, согласно законските рокови, целосната исплата треба да заврши најдоцна до 31 август.

Граѓаните кои користат „Мој ДДВ“ можат да ги проверат своите трансакциски сметки за да видат дали повратот веќе им е исплатен.

Тагови: исплата Мој ДДВ

Промовирани огласи »

Како да остварите право на паричен надоместок по престанок на работен однос

Останавте без работа? Проверете дали имате право на паричен надоместок.

Престанокот на работниот однос не значи дека веднаш останувате без никаква финансиска поддршка. Во одредени случаи, невработеното лице може да оствари право на паричен надоместок преку Агенцијата за вработување.

Кој може да добива паричен надоместок?

Право на надоместок може да оствари невработено лице кое пред престанокот на работниот однос било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.

Сепак, важно е и како престанал работниот однос. Правото не следува во одредени случаи, како кога работникот сам дал отказ, склучил спогодба за престанок на работниот однос или добил отказ поради кршење на работниот ред и дисциплина. Надоместок не се остварува ниту доколку лицето исполнува услови за старосна пензија.

Внимавајте на рокот од 30 дена

Барањето треба да се поднесе во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.

Доколку рокот е пропуштен, правото не мора автоматски да се изгуби, но исплатата започнува од денот на поднесувањето на барањето и се однесува само на преостанатиот период.

Колку долго се исплаќа?

Времетраењето на надоместокот зависи од стажот на осигурување. За најкраткиот стаж исплатата трае 1 месец, додека за лица со над 25 години стаж може да трае до 12 месеци.

Постои и посебно правило за невработени лица со над 15 години стаж на кои им недостасуваат најмногу 18 месеци до исполнување на условите за старосна пензија. Во овие случаи, надоместокот може да се исплаќа до повторно вработување или до настапување на друга законска причина за престанок на правото.

Од што зависи висината на надоместокот?

Износот се определува според претходно остварената плата, односно според просечната месечна нето плата во последните 24 месеци пред престанокот на работниот однос. За надоместоците што се исплаќаат до 12 месеци, основата е 50% од просечната нето плата, со законски утврден максимален износ.

Важно по добивањето на правото

Корисникот треба да ги почитува обврските кон Агенцијата за вработување и редовно да се јавува во Центарот за вработување. Правото може да престане, меѓу другото, со повторно вработување или доколку лицето започне да врши самостојна дејност.

Најважно е по престанокот на работниот однос навреме да проверите дали ги исполнувате условите и да го поднесете барањето во законскиот рок.

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) невработеност паричен надоместок

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Помошник раководител на сектор за инспекциски работи - Помошник главен инспектор, Сектор за инспекциски работи

Помлад референт - матичар во подрачна канцеларија на одделение за матично работење, Подрачна канцеларија - Дебар, Одделение за матично работење - Охрид, Сектор за управно-надзорни работи од областа на матичното работење, планирање и анализа

Помлад соработник за координација на институциите вклучени во процесот на РЈА, Одделение за креирање и анализа на политики од областа на РЈА, Сектор за реформа на јавна администрација

Самостоен референт – Благајник, Одделение за сметководство и плаќања, Сектор за финансиски прашања

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »