Машинист – Оператор за ракување со термоенергетски постројки

Објавенпред 11 часа
Активен до02.12.2026
ПозицијаОператор во производство/машина
ЛокацијаСкопје
За компанијата

We deliver secure, innovative, and sustainable solutions - guided by integrity, accountability, and customer focus that strengthen industries and create lasting value for society. Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

 

Компанија

Енерџи Еколинк АД Скопје

Локација

Општина Чаир, Скопје

Оддел

Производство на топлина

Работно место

Машинист – Оператор  за ракување со термоенергетски постројки

Работно време

Полно работно време

Друштво за снабдување со пареа и топла вода Енерџи Еколинк АД Скопје е компанија специјализирана за производство и дистрибуција на топлинска енергија, обезбедувајќи услуги на крајни корисници на териотријата на општините Чаир и Бутел во градот Скопје. Компанијата е дел од поголемата групација ТЕССА ГРУП, брзорастечка регионална групација која  обезбедувува безбедни, иновативни и одржливи решенија, водени од интегритет, одговорност и фокус кон клиентите, со крајна цел  зајакување на индустриите и создавање долгорочна вредност за општеството.

Групацијата обединува длабока експертиза во системска интеграција, сајбер безбедност, дигитална трансформација и одржливи енергетски решенија, реализирајќи комплексни и високоефективни проекти за корпоративни клиенти, граѓани, јавен сектор и меѓународни партнери.

Да станете дел од ТЕССА ГРУП значи да се приклучите на професионална, амбициозна и колаборативна средина каде што знаењето, иновацијата и влијанието навистина имаат значење.

Задачи и одговорности:

  • Одговорен е за исправно водење, одржување и погон на доверените енергетски постојки.
  • Оперативно го води технолошкиот процес за производство на топлинска енергија, котловските постојки со ATK.
  • Извршува сите потребни манипулации согласно процедурите за раководење со постојките.
  • Строго го одржува пропишаниот режим за производство и испорака на топлинска енергија.
  • Следи и контролира параметрите на производните постојки и презема мерки при отстапување од пропишаните вредности.
  • Учествува во механичко чистење и контрола на грејни површини на котловските постојки.
  • Следи процесот на испорака на топлинска енергија и презема мерки за економично производство.
  • Евидентира погонски параметри во дневниот извештај и ја води дежурната погонска книга.
  • Врши хемиска подготовка на напојна вода и го контролира нејзиниот квалитет.
  • Редовно одржување на постојките, учество при отстранување на дефекти.
  • Одговорен е за работна и технолошка дисциплина, како и за примената на мерки за заштита при работа и противпожарна заштита.
  • Работи во смени за време на грејната сезона.
  • Во летниот период учествува во ремонтните активности.

Што ви е потребно и кои квалификации:

  • Практични технички вештини за работа со котли, садови под притисок
  • Одговорност и дисциплина при водење на технолошки процес
  • Способност за самостојно решавање на оперативни и технички проблеми
  • Тимска работа и добра комуникација со колеги
  • Организираност, прецизност и грижа за опремата
  • Стручна подготовка: IV степен ССС / специјалист–машински техничар или електротехничар.
  • Работно искуство: минимум 2 години работно искуство
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.
  • Положен стручен испит за АТК за ракување со термоенергетски постројки со моќност над 20 MW, ќе се смета за предност.

Што можете да очекувате од нас

  • Можност за работа во стабилна и реномирана групација која активно и успешно оперира на пазарот на енергетиката во Македонија, нудејќи сигурност, професионален развој и долгорочна перспектива.
  • Редовни примања, основна почетна  плата, во зависност од квалификациите на кандидатот, зголемена за надомест за минат труд, надомест за прекувремени часови работа и работа ноќе и сите останати додатоци согласно позитивните законски прописи.
  • Допоплнителна стимулативна варијабилна награда која го вреднува индивидуалниот придонес согласно поставените цели и резултати согласно интерните акти на компанијата.
  • Обезбедена работна опрема и средства за заштита при работа
  • Стручна обука и воведување во работните процеси од страна на компанијата.
  • Можност за професионален развој и надградување на техничките знаења.
  • Работа во динамична и професионална работна средина.
  • Поддршка и тимска работа.

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот] или да не контактираат на Тел: +389 2 2 613 140, со назнака апликација за работна позиција – Оператор  за ракување со термоенергетски постројки.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.
Крајниот рок за аплицирање е 02.12.2026 година.

Личните податоци кои ќе ги доставите преку вашата апликација ќе бидат заштитени и користени исклучиво за потребите на процесот на регрутација, согласно законската регулатива за заштита на личните податоци, односно Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05, 103/08, 124/08, 124/10, 135/2011, 43/2014 и 153/15).

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе