Промовирани огласи »

Нестабилно време денес: Локално се очекуваат обилни врнежи од дожд

Еве каде се очекуваат најобилните врнежи

Денес времето ќе биде променливо облачно и посвежо, проследено со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат поинтензивни и ќе надминат 15 l/m². Локално се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој дожд на Повардарието повремено ќе достигнува брзина над 50 km/h.

Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, локално со поголем интензитет. Во поединечни делови од котлината можно е да се развијат нестабилни облаци проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

24.7.2026 Петок   15° / 19° 07:23   22:02
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h















17°
18°
19°
19°
19°
19°
17°
16°
15°

4

4

5

4

4

3

2

2

3
25.7.2026 Сабота   12° / 25° 07:23   22:01
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
15°
14°
13°
12°
12°
12°
12°
12°
15°
18°
20°
21°
23°
24°
25°
25°
25°
25°
25°
25°
23°
20°
18°
17°

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

4

4

3

3

3

4

4

4

3

2

2

2

2
26.7.2026 Недела   15° / 30° 07:24   22:00
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
17°
17°
16°
16°
16°
16°
15°
15°
17°
18°
20°
22°
24°
26°
28°
29°
29°
30°
30°
29°
27°
25°
24°
23°

2

1

1

1

1

1

1

1

2

1

2

2

3

3

3

3

3

3

3

2

1

1

1

1

Промовирани огласи »

Ангела Костовска (D Mimio): Од идеја до успешен бренд за едукативни детски календари

Зад секој успешен бренд стои силна приказна. Запознајте ја Ангела Костовска и D Mimio

Во новото издание на „ОД НУЛА“ ни гостува Ангела Костовска сопственичка на D Mimio, бренд кој преку креативни и едукативни календари им помага на децата да учат, да се развиваат и секојдневно да стекнуваат нови вештини преку игра. Нејзината приказна е доказ дека една идеја создадена со љубов и посветеност може да прерасне во успешен бренд што денес е препознатлив кај многу семејства.

Во разговорот со Ангела навлегуваме во нејзиниот претприемачки пат од првите чекори и инспирацијата за создавање на D Mimio, до предизвиците со кои се соочила при градењето на сопствен бренд. Таа открива како изгледа процесот на создавање на еден календар, колку време, истражување и креативност се потребни за секој производ и што ги прави D Mimio календарите поразлични од обичните планери.

Зборуваме и за важноста на креативноста, работата со клиенти, најемотивните реакции што ги добила од родители, како и за моментите кои ѝ потврдиле дека е на вистинскиот пат. На крајот, Ангела испраќа силна порака до сите млади луѓе кои имаат идеја, но сè уште се двоумат да го направат првиот чекор кон сопствен бизнис. Не пропуштајте уште една инспиративна приказна во „ОД НУЛА “ - приказна за храброст, креативност и верба во сопствената визија.

Целата емисија е достапна на нашиот Youtube канал:

Ангела Костовска (D Mimio): Од идеја до успешен бренд за едукативни детски календари

Тагови: деца креативност Од нула семеен едукатор Ангела Костовска

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Референт IV ниво, Архивар, Одделение за надоместоци, здравствено осигурување и правно административни работи, Подрачна служба Велес

Раководител на одделение за инвестиции и проекти, Сектор за локален економски развој, поттикнување на инвестиции, промоција на туризмот и земјоделството

Раководител на одделение за јавни набавки, Сектор за финански прашања

Советник - Градежен инспектор, Одделение за инспекциски надзор

Советник - комунален инспектор, Одделение за инспекциски надзор

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Ивана Костадиновиќ: Косплејот не е само костим, туку уметност и начин на изразување

Од љубов кон видео игрите до европски натпревари - инспиративната приказна на Ивана Костадиновиќ.

Која е Ивана Костадиновиќ кога не е во улога на косплеер? Кажи ни нешто повеќе за себе.

Кога не сум во улога на косплеер, јас сум личност која постојано бара нов начин да создава. Професионално имам работено како 2D Game Artist, а покрај тоа сум голем љубител на видео игри, цртање, филмови, музика и фотографија. Сакам да учам нови техники и постојано да се усовршувам, без разлика дали станува збор за дигитална уметност, изработка на реквизити или нови материјали за косплеј. Косплејот е само една страна од мојата креативност  всушност, сè што правам е поврзано со создавање уметност.

Како започна оваа приказна и кога сфати дека косплејот ќе стане многу повеќе од обично хоби?

Сè започна од мојата љубов кон видео игрите и фантазијата. Отсекогаш ме фасцинирале дизајните на ликовите и сакав да ги оживеам во реалноста. На почетокот тоа беше само љубопитност и желба да направам еден костим за себе, но со текот на времето сфатив дека процесот на изработка ми носи огромно задоволство.

Моментот кога сфатив дека косплејот е многу повеќе од хоби беше кога почнав да учествувам на натпревари. Toa ми покажа дека косплејот не е само костим, туку уметност, настап и начин на изразување.

Се сеќаваш ли на првиот костим што го изработи? Какви спомени те врзуваат за тој проект?

Мојот прв костим беше Lady Deadpool од Marvel. Денес кога ќе ги погледнам фотографиите, гледам многу грешки, но истовремено гледам колку сум напредувала. Немав искуство, немав професионални алати, а голем дел од работите ги учев преку видеа и со многу обиди и грешки.

Токму тој прв костим ме научи дека најважни се трпението и упорноста. Иако не беше совршен, ми даде самодоверба да продолжам понатаму.

Што е пресудно за да одлучиш кој ќе биде твојот следен косплеј? Што треба да има еден лик за да те инспирира?

Најважно ми е да имам поврзаност со ликот. Не би избрала лик само затоа што е популарен, треба да ми се допадне неговата приказна, карактер или визуелен дизајн.

Исто така, сакам костимот да ми претставува предизвик и да научам нешто ново при неговата изработка. Ако чувствувам дека преку тој лик можам да ја покажам мојата креативност и да се надминам себеси, тогаш знам дека тоа ќе биде мојот следен проект.

Колку е предизвик да се занимаваш со косплеј во Македонија? Дали лесно се наоѓаат материјали и колку често мораш да импровизираш?

Косплејот во Македонија е доста поголем предизвик отколку во многу други земји. Голем дел од специјалните материјали, алати и додатоци не можат да се најдат локално, па најчесто ги нарачуваме од странство или бараме алтернативи.

Импровизацијата е речиси секојдневие. Често користиме материјали кои првично не се наменети за косплеј и ги приспособуваме за да го добиеме посакуваниот резултат. Мислам дека токму тоа нè прави покреативни и нè учи како да најдеме решение за секој проблем.

Кој костим досега ти бил најголем предизвик и што беше најтешко при неговата изработка?

Најголем предизвик досега ми беше косплејот на Gaige и Deathtrap од Borderlands 2. За целиот проект ми беа потребни околу шест месеци. Најсложен дел беше изработката на Deathtrap – робот поголем од мене, кој го направив да се движи со помош на тркала и механизам управуван со далечински управувач.

Дали имало момент кога некој целосно заборавил дека гледа костим и те доживеал како вистинскиот лик? Која реакција од публика никогаш нема да ја заборавиш?

Тоа е едно од најубавите чувства што може да ги доживее еден косплеер. Имало моменти кога луѓе ми приоѓале толку воодушевени што зборувале со мене како навистина да сум ликот што го претставувам.

Особено ми останаа во сеќавање реакциите на децата и на големите фанови на игрите. Нивната искрена возбуда и насмевки се многу повредни од која било награда, затоа што покажуваат дека си успеал барем за момент да ја оживееш нивната омилена приказна.

Што би им порачала на младите кои сакаат да влезат во светот на косплејот, но мислат дека е прескапо или премногу тешко?

Би им рекла да не се споредуваат со луѓе кои се занимаваат со косплеј повеќе години. Секој почнува од некаде.

Не мора првиот костим да биде совршен, ниту најскап. Најважно е да уживаат во процесот и постепено да учат нови техники. Денес има огромен број бесплатни туторијали и заедници кои се подготвени да помогнат.

Најголемата инвестиција не се парите, туку времето, трпението и желбата да не се откажеш кога нешто нема да успее од првиот обид.

За крај, на што работиш во моментов и што ново можеме да очекуваме од тебе во периодот што следи?

Во моментов работам на неколку нови косплеј проекти и постојано експериментирам со нови техники и материјали. По неодамнешниот успех на меѓународниот натпревар во Белград, мотивацијата ми е уште поголема да продолжам да ја претставувам Македонија на регионални и европски настани.

Освен нови костими, сакам повеќе да го споделувам процесот на нивната изработка и да придонесам за развојот на косплеј заедницата кај нас. Се надевам дека во иднина ќе има уште повеќе можности за косплеерите од Македонија да ја покажат својата креативност пред домашна и меѓународна публика.

Тагови: видео игри креативност Ивана Костадиновиќ. косплеј

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »