Промовирани огласи »

Дали и денес нè очекува дожд?

Еве какво време нè очекува денес

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места процесите ќе бидат поинтензивни, со пообилни врнежи (над 15 l/m²), силни грмежи, ветер со брзина над 60 km/h и можност за краткотрајно невреме проследено со град.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали. Попладне, во поединечни делови од котлината, ќе има услови за локален дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

3.7.2026 Петок   23° / 25° 07:07   22:13
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h





















25°
24°
23°

4

3

2
4.7.2026 Сабота   18° / 28° 07:07   22:13
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
23°
22°
20°
19°
18°
18°
18°
18°
21°
23°
24°
25°
26°
27°
28°
28°
28°
28°
28°
27°
25°
23°
22°
21°

3

3

3

3

3

3

3

3

3

4

5

5

5

5

5

5

5

5

5

4

4

3

3

3
5.7.2026 Недела   14° / 29° 07:08   22:12
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
20°
18°
17°
16°
15°
15°
14°
15°
18°
21°
23°
24°
26°
27°
28°
29°
29°
29°
28°
27°
26°
24°
23°
21°

2

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

4

4

4

4

4

5

5

5

4

3

2

2

Промовирани огласи »

Сандра Најдановска открива што стои зад секој успешно уреден ентериер

Како да го најдете идеалниот баланс помеѓу функционалноста и убавиот изглед на просторот?

Во најновото издание на емисијата „ОД НУЛА “, гостинка ни е Сандра Најдановска, основач на Ambience Design и дизајнер на ентериер, која преку својата работа создава функционални, естетски и внимателно осмислени внатрешни простори. Низ разговорот, Сандра искрено зборува за своите професионални почетоци, инспирацијата што ја води при креирањето на секој нов проект и уникатниот пристап што го има кон клиентите. Таа истакнува дека успешниот дизајн не е само визуелно привлечен, туку претставува совршен баланс помеѓу естетиката, функционалноста и индивидуалните потреби на луѓето кои секојдневно престојуваат во тој простор.

Низ разговорот го откриваме целиот процес на уредување на еден простор од првичната идеја и развојот на концептот, па сè до финалната реализација на терен. Сандра несебично ги споделува најчестите предизвици во нејзината професија, нагласувајќи колку е важно секој проект да има свој автентичен карактер и верно да ја раскажува приказната на сопственикот.

Во продолжение на емисијата, се осврнуваме и на современите трендови во дизајнот, улогата на деталите во комплетната трансформација на амбиентот, како и на најчестите грешки што луѓето ги прават кога самите се обидуваат да го уредат својот дом или канцеларија. Доколку сакате да ѕирнете во светот на креативниот процес и да откриете како се гради успешен бизнис од нула, погледнете ја оваа инспиративна епизода на нашиот Youtube канал.

Сандра Најдановска открива што стои зад секој успешно уреден ентериер

Тагови: Од нула Сандра Најдановска Ambience Design

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Соработник за обезбедување - security, Одделение за обезбедување - security, Сектор за аеродроми и воздухопловна навигација

Самостоен референт за набавка на прехранбени производи и пијалоци, Одделение за поддршка на угостителска дејност, Сектор за угостителство

Самостоен референт за архивско работење, Одделение за архивско и канцелариско работење, Сектор за нормативно - правни и архивски работи

Соработник за трошковни пресметки и планирање, Одделение за финансиски работи, Сектор за поддршка

Советник за маркетинг и односи со јавност, Одделение за административни, општи и правни работи и човечки ресурси, Сектор за административни, општи и правни работи

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

МВР со јавен повик за запишување на 200 редовни ученици во полициското училиште

Министерството за внатрешни работи објави Јавен повик за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија.

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави Јавен повик за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија.

Кандидатите кои ќе имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе можат да се пријават на јавен конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во средното полициско училиште.

Секој од кандидатите треба да ги исполни следните општи услови:

  •  да е државјанин на Република Северна Македонија,
  •  да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик за прием на ученици во Средното полициско училиште,
  •  активно да го користи македонскиот јазик и
  •  да е здравствено и психофизички способен.

Исто така,  општиот успех во двете завршени години средно образование треба да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето каде што ги завршил прва и втора година средно образование во средно училиште.

Во зависност од потребите на Министерство за внатрешни работи, ќе постои можност паралелно да продолжи и досегашната основна обука за полицаец, која трае една година.

Сите услови и целосниот Јавен повик можете да го погледнете ТУКА.

Тагови: Министерство за внатрешни работи (МВР) полициско училиште средношколци

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »