Промовирани огласи »

Од 1 јули 2026 ЕУ воведува нова давачка за онлајн купување: 3 евра по производ

Новите правила во ЕУ носат дополнителен трошок за секој производ нарачан онлајн од земји надвор од Унијата. Еве што значи тоа за купувачите, испораките и враќањето на стоката

Од 1 јули 2026 година, во сите земји-членки на Европската Унија ќе се применува нова царинска давачка од 3 евра за секој производ во пратка купена онлајн од земја што не е членка на ЕУ. Со ова се укинува досегашната практика според која пратките со вредност под 150 евра не подлежеа на царина. Тоа значи дека пакет со пенкало, тетратка и приврзок ќе носи дополнителен трошок од 9 евра, плус ДДВ, додека две идентични пенкала ќе се сметаат за еден производ и ќе се наплатува само една давачка.

Според новите правила, купувачите ќе можат да ја платат оваа давачка на два начина: или директно при купувањето, ако онлајн продавницата ја пресметува однапред, или при испорака, кога пошта или курирска служба ќе побара наплата пред предавање на пратката. Властите велат дека целта е да се создадат порамноправни услови за компаниите од ЕУ во однос на трговците од трети земји, а потрошувачите се советуваат внимателно да ги проверуваат условите за купување за да знаат кога и како ќе ги платат дополнителните трошоци.

Новата давачка ќе важи и ако производот подоцна се врати, при што таксата од 3 евра нема да се враќа, освен ако стоката е неисправна. Повратот на ДДВ, пак, ќе зависи од политиката на конкретната продавница. Царинска такса нема да се наплаќа само ако стоката веќе се наоѓа во ЕУ во моментот на нарачката, но експертите предупредуваат дека некои веб-страници можат да создадат впечаток дека работат од ЕУ иако стоката се испраќа од трета земја. Затоа, купувачите треба да ги проверуваат деловите „Услови за користење“ и „За нас“ пред да нарачаат.

Тагови: данок ДДВ ЕУ онлајн купување

Промовирани огласи »

Започнува летното работно време на ЈП Градски паркинг- Скопје

ЈП „Градски паркинг“ информира дека од 1 јуни зонското паркирање во сите зони во Скопје ќе се наплаќа до 23 часот. Возачите се повикуваат да внимаваат на новиот режим.

Скопје, 1 јуни 2026 – Од денеска стапува во сила новото летно работно време за зонското паркирање во главниот град, информира ЈП „Градски паркинг“.

Промената се однесува на сите зони А, Б, Ц и Д, каде паркирањето со наплата ќе се врши од понеделник до сабота, во периодот од 07:00 до 23:00 часот.

Од претпријатието апелираат до граѓаните и возачите внимателно да ги следат измените и навремено да ја извршуваат наплатата при паркирање, согласно новиот временски режим.

Тагови: ЈП Паркинзи летното работно време

Промовирани огласи »

HR тренд: Mental health програмите стануваат нов стандард во компаниите

Зошто менталното здравје стана најважен HR фактор?

Во последните години, менталното здравје престанува да биде „дополнителна бенефиција“ во компаниите и станува нов HR стандард. Сè повеќе организации воведуваат mental health програми како дел од својата основна стратегија за задржување и грижа за вработените.

Причината е јасна: burnout, стрес и пад на мотивацијата веќе не се изолирани случаи, туку широко распространет проблем што директно влијае на продуктивноста и turnover-от.

Менталното здравје на работното место денес вклучува многу повеќе од повремени работилници или симболична поддршка.

Компаниите почнуваат да воведуваат:

  • Пристап до психолошка поддршка и терапија
  • Програми за управување со стрес
  • Флексибилно работно време
  • Mental health days
  • Обуки за менаџери за препознавање на burnout
  • Култура на отворена комуникација

Овие иницијативи не се само „HR тренд“, туку одговор на реална криза во работната средина. Вработените сè повеќе бараат компании кои не се фокусирани само на резултати, туку и на луѓето што ги создаваат тие резултати.

Особено помладите генерации јасно ставаат до знаење дека менталното здравје е клучен фактор при избор на работно место. Компаниите што го игнорираат овој тренд ризикуваат да изгубат таленти, дури и ако нудат конкурентни плати.

Од друга страна, организациите што инвестираат во mental health пријавуваат:

  • Поголема ангажираност на вработените
  • Помал број на боледувања
  • Подобра тимска атмосфера
  • Повисока лојалност

Заклучокот е едноставен: менталното здравје веќе не е „луксуз“, туку основа на здрава и одржлива работна култура. Компаниите што го разбираат ова рано, ја градат иднината на HR.

Прочитајте и за: HR тренд: Meeting-free days решение за дигиталниот замор

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15. јуни

Со усвоените мерки и согласно нивните пресметки, од Владата очекуваат намалување на цените на горивата.

Владата на последната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од денеска, први јуни.

Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар. Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици, велат од Владата. 

Додават дека владата останува посветена на политики што носат реални придобивки за граѓаните и ќе продолжи активно да презема мерки за заштита на животниот стандард и зајакнување на економската сигурност.

Тагови: Влада на РСМ нафтените деривати акцизите на нафтените деривати

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »