Во време кога календарите се преполни со online состаноци, нотификации и постојани повици, сè повеќе компании воведуваат нов HR тренд meeting-free days, односно денови без состаноци. Целта е едноставна: да им се овозможи на вработените барем еден ден во неделата без прекини, online meetings и дигитален хаос, за да можат вистински да се фокусираат на работата.
Многу компании сфатија дека премногу состаноци не значат и поголема продуктивност. Напротив, постојаното „префрлање“ од meeting на meeting создава:
- Дигитален замор
- Намалена концентрација
- Стрес и burnout
- Чувство дека денот поминува без реално завршена работа
Особено во hybrid и remote работната средина, вработените често поминуваат часови пред камера, што дополнително ја зголемува менталната исцрпеност.
Токму затоа, meeting-free days стануваат сè попопуларни. Во тие денови:
- Нне се закажуваат состаноци
- Се минимизираат прекините
- Се поттикнува deep work и фокус
- Вработените имаат повеќе контрола врз своето време
HR експертите велат дека резултатите се изненадувачки позитивни. Тимовите пријавуваат:
- Подобра концентрација
- Поголема продуктивност
- Помал стрес
- Подобро mental health
Но, за овој модел да функционира, потребна е и промена во компаниската култура. Наместо постојани состаноци, компаниите треба да поттикнуваат:
- Појасна комуникација
- Пократки meetings
- Подобра организација
- Доверба во тимовите
Meeting-free days не се само тренд тие се обид компаниите да создадат поздрава и поодржлива работна средина во ерата на дигитален замор.
Прочитајте и за: HR аларм: мотивацијата на вработените драматично паѓа
Тагови: HR трендови