Промовирани огласи »

Македонците лани потрошиле 427,8 милиони евра онлајн во странство

Eве кон кои земји биле направени највисоките трансакции!

Македонските граѓани во 2025 година потрошиле вкупно 427,8 милиони евра преку онлајн трансакции во странство, реализирајќи 12,4 милиони трансакции, покажува анализата на Асоцијацијата за е-трговија, базирана на податоци од Народната банка. Најголем дел од купувањата се однесувале на производи и услуги поврзани со патувања, како авионски билети и хотелски резервации. Во споредба со 2024 година, вредноста на онлајн трошењето е зголемена за 50%, а бројот на трансакции за 69%, додека просечната трансакција изнесувала 34 евра, што е за 11% помалку од претходната година.

Најголема вредност на е-трансакции Македонците оствариле во Ирска92,1 милиони евра, што претставува раст од 173% на годишно ниво. Следува Холандија со 62,4 милиони евра и раст од 49%. Дури 74% од вкупната вредност и 83% од вкупниот број трансакции се концентрирани во осум земји: Ирска, Холандија, Обединетото Кралство, САД, Унгарија, Германија, Кипар и Луксембург. Воедно, најголем број трансакции се направени токму во Ирска — 4,8 милиони, а потоа во САД со 2,1 милиони.

Најголем годишен раст на бројот на е-трансакции е забележан во Германија, каде скокот изнесува речиси 650%, додека во Кипар растот е 263%. Од друга страна, пад е евидентиран во Луксембург за речиси 50% и во Обединетото Кралство за околу 9%. Највисока просечна вредност на трансакција е остварена во Унгарија и изнесува 152,2 евра, додека најниска е во Луксембург — само 14,1 евра. Посебно се издвојува и драматичниот пад на просечната трансакција во Германија, која во 2025 година е намалена за речиси 70% во однос на лани.

Тагови: Македонци онлајн купување странство

Промовирани огласи »

Зошто витамин Д е клучен за вашето здравје?

Овие симптоми покажуваат дека ти фали витамин Д

Во последните години, сѐ повеќе луѓе се соочуваат со недостаток на витамин Д состојба која често останува незабележана, а може сериозно да влијае врз здравјето. Поради модерниот начин на живот, поминуваме повеќе време во затворени простории, што директно го намалува внесот на овој важен витамин.

Витаминот Д игра клучна улога во јакнење на имунитетот, здравјето на коските и целокупната енергија на организмот.

Симптоми што не треба да ги игнорирате

Недостатокот на витамин Д може да се манифестира преку различни симптоми кои често се занемаруваат:

Постојан замор

Чувство на исцрпеност дури и по доволен сон може да биде сигнал дека телото има недостаток од витамин Д.

Болки во коски и мускули

Овој витамин е важен за апсорпција на калциум, па неговиот недостаток може да предизвика болка и слабост.

Чести настинки и инфекции

Ослабен имунитет значи поголема подложност на вируси и бактерии.

Лошо расположение

Недостатокот на витамин Д често се поврзува со анксиозност и депресивни состојби.

Опаднување на косата

Иако има повеќе причини, ниското ниво на витамин Д може да биде еден од факторите.

Како да го зголемите внесот?

Постојат неколку едноставни начини да го подобрите нивото на витамин Д:

  • Поминувајте најмалку 15–20 минути дневно на сонце
  • Консумирајте храна богата со витамин Д (риба, јајца, млечни производи)
  • Размислете за суплементи (по консултација со лекар)
  • Вршете редовни здравствени проверки

Недостатокот на витамин Д е чест, но лесно решлив проблем доколку се препознае навреме. Со мали промени во секојдневието, можете значително да го подобрите вашето здравје и енергија.

Не ги игнорирајте сигналите што ви ги испраќа телото – понекогаш решението е поедноставно отколку што мислите.

Тагови: здрав напиток здрава храна здравје симптоми витамин Д

Промовирани огласи »

Турција забрани социјални мрежи за деца под 15 години

Новиот закон во Турција носи строги правила за пристап на малолетници до социјалните мрежи, со задолжителна проверка на возраста и побрза реакција против штетна содржина.

Турскиот парламент усвои нов закон со кој на лицата помлади од 15 години им се забранува користење на социјални мрежи. Според новите правила, децата под оваа возраст нема да можат да отвораат профили, а дигиталните платформи ќе мора да воведат системи за проверка на возраста на корисниците.

Законот предвидува и дополнителни механизми за заштита на малолетниците. Родителите ќе добијат алатки за контрола на времето што нивните деца го поминуваат пред екраните, додека големите платформи во „итни случаи“ ќе бидат обврзани да реагираат во рок од еден час при ширење штетна содржина. Новите одредби ќе почнат да важат шест месеци по нивното објавување во Службен весник.

Овој потег доаѓа во време кога и други држави размислуваат за слични ограничувања. Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна ги повика младите на „ден без интернет“ секој месец, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со лидерите на 12 земји од ЕУ веќе разговарала за можни мерки за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи.

Тагови: деца ЕУ забрана на социјалните мрежи Турција

Промовирани огласи »

Европската комисија соопшти дека од вчера, 22 април, стапуваат на сила нови правила за патување со домашни миленици во Европската Унија, кои предвидуваат построги услови за идентификација, документација и здравствена заштита.

Новите мерки се однесуваат на некомерцијални патувања со кучиња, мачки и порови, со цел да се спречи ширење на болести и да се уедначат контролите на границите.

Според новите правила, задолжителна е идентификација на милениците со микрочип кој ги исполнува ЕУ стандардите, како и важечка вакцина против беснило, која мора да биде евидентирана во европски пасош за миленик издаден од овластен ветеринар.

Без соодветна документација, на сопствениците нема да им биде дозволено да патуваат со своите миленици во ЕУ.

Дополнително, се воведува ограничување од најмногу пет миленици по превозно средство, како и прецизни правила за транзит и можни одбивања на влез.

За одредени земји, како Ирска, Малта и Финска, задолжителен е и антипаразитен третман против Echinococcus multilocularis.

Иако дел од мерките веќе стапуваат во сила, одредени правила ќе се воведуваат постепено. Новите здравствени сертификати ќе бидат задолжителни од 1 октомври 2026 година, додека целосните барања за идентификација и пасоши ќе важат од 1 јануари 2028 година.

Европската комисија посочува дека целта е зголемена безбедност и заштита на јавното здравје, без да се наруши слободното движење во Унијата.

Тагови: документи ЕУ кучиња

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »