Промовирани огласи »

Како да го заштитите менталното здравје додека работите под притисок?

Не мора да бидете достапни 24/7: Како да го заштитите вашиот ум?

Современото работно темпо често носи кратки рокови, постојани обврски и чувство дека мораме да бидеме достапни во секое време. Иако притисокот на работа понекогаш е неизбежен, важно е да научиме како да го заштитиме сопственото ментално здравје пред стресот да прерасне во исцрпеност и burnout.

Еве неколку начини кои можат да ви помогнат да останете психички стабилни и продуктивни, дури и во најхаотичните работни денови:

1. Поставете јасни граници

Не мора секогаш да одговарате на пораки по работното време. Кога работата почнува да навлегува во секој дел од денот, мозокот нема време да се одмори. Поставувањето граници не е мрзеливост – туку здрав начин на функционирање.

2. Правете кратки паузи

Дури и неколку минути одмор можат да направат голема разлика. Кратка прошетка, кафе пауза или неколку минути без екран му помагаат на мозокот повторно да се фокусира.

3. Не се обидувајте да бидете совршени

Перфекционизмот често создава дополнителен стрес. Понекогаш „доволно добро“ е сосема доволно, особено кога работите под голем притисок.

4. Научете да кажете „не“

Преземањето премногу обврски може брзо да доведе до ментална исцрпеност. Важно е реално да процените колку можете да постигнете без да го загрозите сопствениот мир и енергија.

5. Одвојте време за себе после работа

Работата не треба да биде единственото нешто во денот. Хоби, физичка активност, дружење или едноставно време без обврски помагаат да се намали стресот и да се „ресетира“ умот.

6. Зборувајте кога чувствувате притисок

Не мора сè да носите сами. Разговор со колега, пријател или професионалец може да помогне многу повеќе отколку што мислите.

7. Препознајте ги знаците на burnout

Постојан замор, недостаток на мотивација, нервоза и чувство на исцрпеност се предупредувачки сигнали кои не треба да се игнорираат. Колку порано реагирате, толку полесно ќе ја вратите психичката рамнотежа.

Вашето ментално здравје не е луксуз

Успехот на работа не значи ништо ако постојано се чувствувате исцрпено и под стрес. Грижата за менталното здравје не ве прави помалку професионални туку ви помага да бидете подобри, пофокусирани и поздрава верзија од себе и на работа и надвор од неа.

Прочитајте и за: 7 причини поради кои претпоставените мислат дека не давате максимум на работа

Тагови: ментално здравје совети за работа

Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Скопје!

Најди работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Референт во сектор за логистика
Senior Sales Representative
Рецепционер-ка / Front-desk
Администратор
Работник во Оддел Винарство- Винар

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најди работа во Битола!

Промовирани огласи »

Колку денови годишен одмор ви следуваат?

Кои права ги има секој работник?

Секој работник има законски загарантирано право на платен годишен одмор, но дали знаете колку денови одмор ви следуваат и како може да ги искористите?

Според Законот за работни односи, работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена. Со колективен договор или договор за вработување, овој број може да се зголеми и до 26 работни дена, во зависност од работното искуство, условите за работа, сложеноста на работните задачи, возраста и други критериуми.

Во деновите на годишен одмор не се пресметуваат празници, викенди, денови на боледување и други оправдани отсуства од работа.

Работникот кој првпат заснова работен однос стекнува право на целосен годишен одмор по шест месеци непрекината работа, без разлика дали работи со полно или скратено работно време. Доколку не го исполни овој услов, има право на пропорционален дел од одморот  по два дена за секој месец работа.

Годишниот одмор може да се користи во повеќе делови, но еден дел мора да трае најмалку 12 работни дена без прекин. Работодавачот е должен да му овозможи на работникот да искористи најмалку 12 работни дена до крајот на тековната календарска година, додека остатокот може да се искористи најдоцна до 30 јуни наредната година.

Доколку работникот не можел да го искористи одморот поради боледување, породилно отсуство или отсуство за нега на дете, неискористените денови може да ги искористи до 30 јуни следната календарска година.

Законот предвидува и дека работникот има право еден ден од годишниот одмор да го користи по сопствен избор, доколку тоа не го нарушува работниот процес, а за тоа треба да го извести работодавачот најмалку три дена однапред.

Тагови: боледувања годишен одмор платено отсуство породилно отсуство празници работнички права

Промовирани огласи »

Вработување во ВДЛ Бус Македонија!

Огласи за работа во ВДЛ Бус Македонија !

ВДЛ Бус Македонија е дел од реномираниот белгиски производител на автобуси Van Hool, со децениско искуство и традиција во изработката на висококвалитетни возила за јавен транспорт. Компанијата е стратешки лоцирана во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во индустриската зона Бунарџик, општина Илинден.

Со современи производствени капацитети и технолошки напреден процес, Ван Хоол Македонија претставува еден од најважните странски инвеститори во земјата, обезбедувајќи стабилни работни места за стотици вработени. Главната дејност на компанијата е производство на различни типови автобуси – градски, меѓуградски и туристички, кои се пласираат на светскиот пазар.

Моментално вработува:

Хигеничари - фарбара
Автолакер - Фарбара
Финансиски аналитичар
Администратор за царински постапки
Контролор на залихи

Присуството на ВДЛ Бус Македонија претставува пример за успешно странско вложување, кое комбинира европско инженерство со локален потенцијал, истовремено придонесувајќи за економскиот развој на регионот и за јакнење на македонската индустриска база.

Сите останати активни позиции на ВДЛ Бус Македонија  можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ВДЛ Бус Македонија Дооел

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »