Електротехничар / Електромонтер

Плата: од 45.000 до 50.000 ден.
Објавенпред 13 часа
Активен до01.12.2026
ПозицијаЕлектро-машински техничар/Техничар
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаbenning-psam.com.mk
За компанијата

„БЕНИНГ ПСАМ“ е основана во 2002 година како приватна компанија која работи во енергетскиот сегмент. Нејзина примарна област на интерес се системи за напојување, како и реконструкција и изградба на трансформаторски... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

БЕНИНГ П.С.А.М ДОО е основана во 2002 година како приватна компанија,.

Основната дејност на компанијата е во областа на системите за напојување со електрична енергија, како и реконструкција и изградба на среднонапонски трафостаници

Нашата основна цел беше да понудиме комплетни решенија за потребите од електрична енергија на пазарот, поради што ја проширивме нашата дејност и со испорака на батериски системи и дизел генератори.

Во рамки на нашето работење развивме и нова дејност – монтажа на примарна опрема и заштитно-управувачки уреди во среднонапонски трафостаници. Дел од нашите активности се и склопување на ормари со нисконапонска опрема, како и ормари за AC и DC дистрибуција.

Со текот на времето компанијата се специјализираше во областа на изградба и реконструкција на трафостаници со различни напонски нивоа.

Од 2012 година, нашиот главен фокус е проектирање и модернизација на системите за управување и заштита во среднонапонски и високонапонски трафостаници.

Нашите проекти опфаќаат:

  • Комплетно проектирање на електроенергетски системи;
  • Производство и склопување на различни видови разводни ормари;
  • Ормари за релејна заштита;
  • Ормари за локална сигнализација;
  • Ормари за автоматска регулација на напон;
  • Ормари за енергетски менаџмент;
  • Монтажа, тестирање и пуштање во работа на опрема во трафостаници.

Дел од овие проекти вклучуваа и целосна замена и инсталација на примарна опрема на напонско ниво од 110 kV.

Наши главни инвеститори се ЕВН Македонија,АД Скопје , ЕЛЕМ, АД МЕПСО – компании кои го покриваат производството, преносот и дистрибуцијата на електрична енергија во Македонија.

Позиција: Електротехничар / Електромонтер

Локација: Скопје

Тип на вработување: Постојанo

работно време: 08:00-16:00

Главни работни задачи

  • Монтажа, инсталација и поврзување на електрични системи (НН, СН или ВН – по потреба).
  • Монтажа на разводни ормари, примарна СН/ВН опрема, каблирање, секундарно поврзување според ел. монт. шеми.
  • Теренска работа на индустриски објекти, трафостаници.
  • Испитување на континуитет, правилна функционалност на инсталациите.
  • Работа во тим со инженери и други монтери.

Потребни квалификации

  • Средно електротехничко образование (електротехничар-енергетичар, електроинсталатер, електромонтер).
  • Предност: разбирање на ел.монтажни шеми, монтажа на ормари, монтажа на СН/ВН опрема.
  • Пожелно искуство во електро монтажа (но не е задолжително – обезбедуваме обука).
  • Способност за теренска работа и работа на висина (ако е потребно).
  • Одговорност, дисциплина и желба за учење.

Нудиме

  • Стабилна плата и редовни примања.
  • Можност за обука и напредување.
  • Работа на интересни индустриски и енергетски проекти.
  • Пријатна работна атмосфера и професионален тим.
  • Опрема, алат и заштитна опрема обезбедени од компанијата.
  • Бонус систем за успешно реализиран проект.

Контакт  тел.075/424-714  075/458-890

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од БЕННИНГ ПСАМ ДОО

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе