Промовирани огласи »

Микроменаџирање vs. доверба: Каде грешат менаџерите?

Мислите дека контролирате? Всушност ги оттурнувате најдобрите луѓе!

Контрола или доверба? Ова е една од најголемите дилеми во современото лидерство. Многу менаџери веруваат дека со постојана контрола ќе добијат подобри резултати. Но, во пракса често се случува спротивното.

Што е микроменаџирање?

Микроменаџирањето изгледа вака:

  • Постојано проверување на секој чекор
  • Недостаток на доверба во тимот
  • Одлуки што мора да поминат низ менаџерот
  • Фокус на „како“ наместо на резултатот

На кратко: Контрола без простор за самостојност.

Што се случува со тимот?

Иако намерите се добри, последиците се сериозни:

  • Намалена мотивација
  • Страв од грешки
  • Пад на креативноста
  • Зависност од менаџерот

Најлошото?  Најдобрите вработени први си заминуваат.

Што значи лидерство базирано на доверба?

Довербата не значи „целосно пуштање“.

Таа значи:

  • Јасни цели, но слобода во начинот на работа
  • Поддршка наместо контрола
  • Фокус на резултати, не на секој чекор
  • Отворена комуникација

Каде грешат менаџерите?

1. Ги мешаат контролата и одговорноста

Контролата не значи подобра продуктивност.

2. Страв од грешки

Наместо да дозволат учење се обидуваат да спречат сè.

3. Недоверба во тимот

Често проблемот не е во вработените туку во стилот на лидерство.

4. Недефинирани очекувања

Кога целите не се јасни, менаџерите почнуваат да „влегуваат во детали“.

Како да се најде баланс?

  • Поставете јасни KPI-и
  • Дефинирајте очекувања од самиот почеток
  • Дајте автономија но следете резултати
  • Бидете достапни, не наметливи

Луѓето не сакаат да бидат контролирани сакаат да им се верува. Големите лидери не управуваат со задачи туку градат доверба.

Прашање: Дали сте работеле со микроменаџер и како тоа влијаеше на вас?

Прочитај и за: Што HR не ви кажува на интервју а треба

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Глобален лидер со 30-годишно искуство: Peter Spannagl на сцената на Global HR Vision

Научете од најдобрите светски HR лидери

Со огромно задоволство ви го најавуваме нашиот следен говорник, еден од најистакнатите експерти во светот на човечките ресурси и организациската трансформација, Peter Spannagl! 🚀

Со кариера која опфаќа повеќе од три децении,  Peter е движечка сила зад иновациите во развојот на лидери. Како актуелен Senior Manager Global Learning & Development во гигантот Bayer, тој стои зад дизајнот на глобални програми кои ги обликуваат врвните менаџери и бизнис стратегии на денешницата. 🌍

Зошто неговото предавање е клучно за секој HR професионалец?

  • Глобална експертиза: Неговото портфолио вклучува водечки позиции во индустрии како банкарство, ИТ, автомобилска индустрија и фармација.
  • Трансформациски лидер: Експерт за коучинг, управување со промени и реализација на комплексни меѓународни проекти.
  • Практично знаење: Петер носи реални искуства од најголемите светски организации директно до вас.

На Global HR Vision, Peter ќе го сподели својот уникатен пристап кон современото лидерство и ќе ни открие како се градат отпорни и успешни тимови во динамично опкружување. 

Тагови: Global HR Vision HR трендови Peter Spannagl Bayer

Промовирани огласи »

Како да изградите дисциплина и фокус на работното место

Како да се натерате да работите кога баш не ви се работи

Во динамично работно опкружување полно со нотификации, состаноци и рокови, дисциплината и фокусот не се луксуз – тие се клучни вештини за успех. Но, добрата вест е дека тие не се вродени особини, туку навики што може да се изградат со правилен пристап.

1. Почнете со јасна структура на денот

Дисциплината започнува со организација. Поставете јасни приоритети уште на почетокот на денот:

  • Што мора да се заврши денес?
  • Што може да почека?

Користете едноставни методи како „to-do“ листа или правило 3 задачи дневно за да избегнете преоптоварување.

2. Работете во временски блокови

Фокусот не трае вечно затоа поделете го денот во интервали (на пример 25–50 минути работа + кратка пауза). Овој пристап помага да останете концентрирани и да избегнете ментален замор.

3. Елиминирајте ги работите кој ви го одземаат вниманието

Нотификациите, социјалните мрежи и непотребните разговори се најголеми непријатели на фокусот.

  • Исклучете известувања додека работите
  • Креирајте „deep work“ периоди без прекини
  • Поставете граници со колегите кога ви е потребна концентрација

4. Тренирајте ја дисциплината како мускул

Дисциплината се гради со конзистентност, не со мотивација. Дури и кога не ви се работи, започнете со мала задача – акцијата создава инерција.

5. Изградете рутини

Кога одредени активности ќе станат рутина, тие бараат помалку напор. На пример:

  • Проверка на мејлови во одредени термини
  • Фиксно време за фокусирана работа
  • Редовни паузи

6. Следете го вашиот напредок

Мерењето создава свесност. Следете колку задачи завршувате, колку време ви треба и каде најчесто губите фокус. Ова ќе ви помогне да ги подобрите навиките.

7. Балансирајте работа и одмор

Фокусот не значи работа без пауза. Квалитетниот одмор ја подобрува продуктивноста и ја намалува менталната исцрпеност.

Дисциплината и фокусот не доаѓаат преку ноќ, но со мали, конзистентни чекори можат значително да ја подобрат вашата продуктивност и резултати. Наместо да чекате мотивација, изградете систем што ќе работи за вас секој ден.

Прочитајте и за: Тивок притисок: Како компаниите те тераат да работиш бесплатно

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Скопје!

Најди работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Оператор во Call Centar за продажба
Хигиеничар/ка
Креативец за во Балон Твистер - Сити Мол
Касиери/ки - Скопје
Возач со Б категорија

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Огласи за работа во Куманово!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »