Промовирани огласи »

Што HR не ви кажува на интервју а треба

Ова ќе посакате да го знаевте пред да ја прифатите работата

Интервјуто за работа често изгледа како „совршен разговор“ компанијата се претставува во најдобро светло, кандидатот исто така.

Но, вистината е: Постојат работи што ретко се кажуваат гласно. а можат да направат огромна разлика во вашата одлука.

1. Реалната работна култура

Ќе слушнете „одлична атмосфера“ и „тимска работа“, но:

  • Дали тимот е навистина поддржувачки?
  • Како се решаваат конфликти?
  • Дали се работат прекувремени (и дали се очекуваат)?

Културата не се гледа во презентација туку во секојдневие.

2. Вистинските очекувања од позицијата

Описот на работа често е „идеална верзија“.

Реалноста може да вклучува:

  • Дополнителни задачи
  • Притисок за рокови
  • Повеќе одговорности отколку што е наведено

3. Колку е навистина конкурентна платата

Фразата „конкурентна плата“ не значи многу.

Она што не се кажува:

  • Дали платата е во рамки на пазарот?
  • Како и колку често се зголемува?
  • Дали бонусите се реални или само на хартија?

4. Можностите за напредок (или нивниот недостаток)

„Имаме можности за развој“ звучи одлично но:

  • Колку луѓе навистина напредувале?
  • За колку време?
  • Дали постои јасна патека или е само ветување?

5. Зошто позицијата е отворена

Ова е едно од најважните прашања што ретко се објаснува детално:

  • Дали некој си заминал и зошто?
  • Дали тимот расте или има висок turnover?

Што можете да направите како кандидат?

Не чекајте само да ве проценуваат поставувајте прашања:

  • „Како изгледа еден типичен ден?“
  • „Што е најголемиот предизвик на оваа позиција?“
  • „Зошто претходниот вработен си заминал?“
  • „Како се мери успехот?“

Колку повеќе прашувате - толку помалку изненадувања подоцна. Интервјуто не е само за да добиете работа. Тоа е ваша шанса да откриете дали таа работа е вистинска за вас.

Прашање: Која е најголемата „скриена вистина“ што сте ја откриле дури откако сте почнале да работите?

Прочитајте и за: Ментално здравје на работа: Практични стратегии за компании

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Мајда Бериславиќ од Atlantic Grupa гостува на Global HR Vision 2026: Од градење брендови до развој на таленти

Дали вашата организација е подготвена за иднината?

Што се случува кога еден од најискусните маркетинг стратези во регионот ќе одлучи дека неговиот следен голем проект не е производ, туку човечкиот потенцијал? Запознајте ја Мајда Бериславиќ, жената која по повеќе од осум години успешно водење на Marketing Academy, го направи својот најхрабар и најлогичен кариерен потег.

Од мај 2024 година, Мајда е на чело на секторот за Learning & Development (L&D) во Atlantic Grupa. Но, ова не е само промена на канцеларија или титула. Ова е суштинска трансформација на начинот на кој една организација учи, расте и се адаптира.

Додека порано нејзиниот фокус беше ставен на градење пазарно влијание преку настани и спонзорства, денес Мајда го гради влијанието одвнатре. Таа е архитектот кој ги поставува каналите низ кои тече знаењето во компанијата, со посебен фокус на две клучни области за 21-виот век:

  • Дигитална писменост (Digital Literacy): Опремување на тимовите со алатките на иднината.
  • Одржливост (Sustainability Literacy): Всадување на свеста за долгорочна одговорност во секоја бизнис одлука

Преминот на Мајда од маркетинг во HR е инспиративен потсетник дека најдобрите лидери се оние кои знаат како да го „продадат“ знаењето како врвна вредност. Таа докажува дека градењето на брендот и градењето на луѓето се две страни на истата паричка.

„Промислениот премин од брендови кон луѓе не е само професионална промена, туку израз на вербата дека најсилниот бренд на секоја компанија се токму нејзините вработени.“

Со овој нов ангажман, Мајда Бериславиќ поставува нови стандарди во индустријата, покажувајќи ни дека вистинскиот успех се мери според тоа колку луѓе сме инспирирале да станат подобра верзија од себе.

Тагови: Global HR Vision HR трендови Мајда Бериславиќ

Промовирани огласи »

Од петок нов режим на влез во ЕУ: Можно подолго чекање на границите

Од 10 април 2026 стартува целосната примена на системот EES на надворешните граници на ЕУ. Патниците од земји надвор од Унијата треба да бидат подготвени за дополнителни проверки и можни задржувања.

Скопје – Министерството за внатрешни работи информира дека од петок, 10 април 2026 година, започнува целосната имплементација на Системот за влез/излез на Европската унија (EES), со што на надворешните граници на ЕУ ќе се применува нов дигитализиран модел за евиденција и контрола на патници од земји кои не се членки на Унијата.

Според МВР, со новиот систем електронски ќе се бележат влезовите и излезите, а ќе се обработуваат и основни биометриски податоци, како отпечатоци од прсти и фотографија. Целта е побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот краткорочен престој според правилото „90 дена во период од 180 дена“, но властите предупредуваат дека тоа може да значи и подолго задржување на граничните премини при влез во ЕУ.

Од Министерството посочуваат дека македонската Гранична полиција ги ставила во функција сите расположливи технички и човечки ресурси за да обезбеди што е можно побрз и непречен проток на патници. Надлежните најавуваат засилено присуство на терен, постојано следење на состојбите и навремено информирање на граѓаните за сите важни аспекти од примената на новиот систем.

Тагови: EEC граница ЕУ

Промовирани огласи »

„Градски воз“, нови 100 автобуси и БРТ - Ќе има ли конечено решение за сообраќајот во Скопје?

Ќе има ли конечено решение за сообраќајот во Скопје?

Првата делница од проектот „Градски воз“, на релација од Зелениково до Транспортен центар Скопје, долга 25 километри, ќе биде завршена до јуни годинава. Во текот на летото ќе следуваат тестирања, а линијата се очекува да биде пуштена во употреба од 1 септември.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека реализацијата на првата делница е во согласност со планираната динамика и во моментов се завршени околу 65 проценти.

Нашата цел е на 1 септември, со почетокот на школската година да почне да функционира „Градскиот воз“ на линија Зелениково, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром, Нова железничка станица. Убеден сум дека ова многу ќе помогне во растоварување на сообраќајот, а исто така и во очекување на зимата и во намалување на загадувањето. За таа цел со Железници Транспорт интензивно работиме на обезбедување на дополнителни гарнитури на возови, затоа што ќе се зголеми сообраќајот и тоа проект кој што го работиме, изјави вицепремиерот Николоски и додаде:

Jaвното претпријатие Железничка инфраструктура доста напредува со проектирањето на другите две линии и работата оди побрзо од што беше планирано и очекувано. Очекуваме во текот на оваа година да се распише јавен повик односно тендер за двете делници заедно, што значи дека ќе го скратиме рокот на комплетно завршување на проектот Градски воз до крајот на 2027 година и ќе имаме три линии функционални. Во добра соработка со ЈСП ќе значи едно целосно растеретување на сообраќајот во градот. Ако на тоа се надоврзе и проектот БРТ веќе мислам дека во 2029 година ќе имаме целосно нова сообраќајна инфраструктура, кажа Николоски.

Директорот на ЈП Железничка инфраструктура, Синиша Ивановски, истакна дека во овој момент дрвените прагови се заменуваат со бетонски.

Очекуваме до крајот на мај, некаде во јуни сите градежни работи поврзани со оваа делница да бидат завршени. Се работи на замена на дотраени дрвени прагови коишто некаде датираат од 1959 година, некаде од 1965 или 1969 година и беа во незавидна состојба. Во овој момент тие се заменуваат со бетонски прагови коишто беа залихи од претпријатието од пред една или две декади. Притоа, со нивното искористување на оваа делница ќе постигнеме возење до проектирана брзина некаде и до 80-90 километри на час, за разлика од сега кога се вози со 20 до 30 километри на час, рече Ивановски.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оцени дека со проектот „Градски воз“, набавката на новите 100 автобуси и проектот за БРТ, значително ќе се подобри квалитетот на сообраќајниот транспорт во Скопје.

Според најавите, „Градскиот воз“ ќе сообраќа на секој час, а возниот ред ќе биде усогласен со автобускиот превоз на ЈСП. Цената на билетот сè уште не е утврдена, но надлежните уверуваат дека ќе биде прилагодена на животниот стандард на граѓаните. 

Тагови: автобус Александар Николоски Скопје сообраќај

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »