Промовирани огласи »

KARIERA.mk го најавува Global HR Vision – HR настан што поместува граници

Светски HR експерти доаѓаат во Скопје

Како водечка платформа за кариерен развој и вработување во Македонија, ние од KARIERA.mk со огромно задоволство го најавуваме нашиот најнов и најзначаен проект за оваа година – Global HR Vision.

Овој настан е нашата мисија да ги обединиме HR професионалците, лидерите и менаџерите кои не само што ги следат промените, туку сакаат да бидат нивни предводници. Во свет кој постојано се трансформира, нашата цел е да ви овозможиме пристап до знаење и стратегии кои ќе ги направат вашите организации посилни и поуспешни.

Што подготвивме за вас на Global HR Vision?

На 23-ти Април, во конференциската сала на Marriott Hotel во Скопје, подготвивме агенда која нуди одговори на најактуелните предизвици во индустријата.

На сцената ги носиме најдобрите меѓународен експерти, кои доаѓаат со реални искуства од светски рамки:

  • Peter Spannagl – Senior Manager Global Learning and Development
  • Nadina Tyropolis – Generative Leadership Coach и основач на Data Impact
  • Harbir Singh Rissam – Global Human Resources Business Partner
  • Ilona Popczyk – Chief People Officer & Data Protection Officer
  • Majda Berislavić – Head of Learning and Development, People & Culture

Зошто да ни се придружите?

Ова не е само уште една конференција. Global HR Vision е место каде што:

  • Учиме од практичари: Не само теорија, туку конкретни стратегии за лидерство, развој на таленти и иднината на HR.
  • Разменуваме идеи: Можност за вмрежување (networking) со колеги и лидери од сите индустрии во Македонија.
  • Градиме иднина: Нови перспективи кои ќе ви помогнат да изградите здрава и мотивирана организациска култура.

"Нашата цел со Global HR Vision е да донесеме светски знаења на домашен терен. Сакаме да им помогнеме на македонските компании да ги разберат новите текови и да создадат работни средини во кои луѓето ќе напредуваат," 

🎟️ Резервирајте го вашето место!

Картите за настанот се веќе достапни. Бидете дел од заедницата која ја гради иднината на работата во Македонија.

Тагови: Global HR Vision HR трендови работни вештини работнички права

Промовирани огласи »

Македонците помалку користат јавен превоз за разлика од граѓаните на ЕУ

Јавниот превоз клучен дел од одржливиот урбан транспорт во Европската Унија. Во Македонија над една третина од граѓаните најчесто користат автомобил.

Јавниот превоз, како клучен дел од одржливиот урбан транспорт во Европската Унија, секојденвно го користат 10,7 % од населението. Во Македонија околу 7% од луѓето секој ден користат градски автобус, 2,6% меѓуградски автобус и 0,06% воз (вкупно 9,6%). Податоците покажуваат големи регионални разлики и укажуваат дека додека во некои скопски општини околу 19% од граѓаните најчесто користат градскиот автобус, во градовите од внатрешноста главна замена за автомобилот е организираниот превоз.

Околу 10,7% од луѓето од 16 години или постари во Европската Унија користат некаков вид јавен превоз секој ден, додека над половина од луѓето – 51% не користат јавен превоз. Во Македонија над третина од граѓаниет најчесто користат автомобил, додека околу 10 проценти од луѓето на возраст од 15 години и повеќе најчесто користат јавен превоз, а дополнително над осум отсто користат организиран превоз.

Најмногу луѓе секојдневно користат јавен превоз во Унгарија(19,6%), Швајцарија (19,2%) и Луксембург (19%). Најмалку користат во Кипар (4,5%), Италија (5,1%) и Словенија (6,2%).

Од земјите во регионот во Албанија 16,8% од луѓето секојдневно користат јавен превоз, Бугарија – 15,3%, Србија 14,8% и Грција 6,7%.

Според податоците на Евростат, во 2024 година, 10,7% од луѓето (16 години или постари) во Европската Унија користеле некаков вид јавен превоз секој ден, 11,6% го користеле секоја недела, 10,0% го користеле секој месец, а 17,1% го користеле помалку од еднаш месечно. Од друга страна, 50,6% не користеле јавен превоз.

Меѓу земјите од ЕУ, уделот на луѓе кои не користеле јавен превоз во 2024 година бил највисок во Кипар, со 85% од населението, по што следуваат Италија (68,0%), Португалија (67,8%), Франција (65,1%), Словенија (61,6%) и Грција (61,3%). На другиот крај од скалата се Луксембург, каде што 15,7% од луѓето не користеле јавен превоз во 2024 година, Естонија (26,6%) и Шведска (26,7%).

Кога станува збор за луѓе што користат јавен превоз секоја недела, Луксембург регистрира најголем удел, со 23,1% од луѓето што го користат, по што следат Латвија (19,2%) и Естонија (18,2%).

Во Македонија, последниот достапен податок е за 2021 година, кога според податоците од Државниот завод за статистика, над 35% од вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе до работа или училиште користеле автомобил, додека јавен превоз користеле околу десет проценти (градски автобус користат 7%, 2,6% меѓуградски автобус и 0,06% воз).

Дополнително, над 8% до работа или училиште рекле дека користат организиран превоз.

Во Скопје до работа со јавен превоз најчесто патуваат од Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Гази Баба, а организираниот превоз го заменува градскиот автобус во Битола, Велес, Кавадарци, Прилеп

Според податоците за вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе според пол и видот на превозното средство кое најчесто го користи до работа или училиште, објавен со третиот сет податоци од Пописот 2021 година, во Скопје над 42% најчесто до работа или училиште одат со автомобил (38,4 најчесто како возач и 4,1 најчесто како совозач), додека на второ и трето место како најчесто превозно средство се автобус и пеш – по 13%. Само 2% користат организиран превоз, а 1,1% меѓуградски автобус.

Градски автобус најчесто користат во Шуто Оризари – 26%, Ѓорче Петров – 20% и Гази Баба – 19%, а најмалку во Центар – 4% и Карпош – 8%.

Во општина Битола 17 проценти организиран превоз, а јавен превоз користат 7,3% (градски автобус – 4%, меѓуградски автобус – 3,3%)

Во Велес 17 проценти најчесто користат организиран превоз, додека 7 проценти користат јавен превоз – по три проценти градски и меѓуградски автобус и еден процент воз.

Над 19 проценти од граѓаните во Кавадарци и Штип до работа користат организиран превоз, а 6% автобус – по 3% градски и меѓуградски автобус во Кавадарци и 4% градски и 2% меѓуградски во Штип.

Во Прилеп 18 проценти најчесто користат организиран превоз, додека автобус 8% (5% градски и 3% меѓуградски).

Тагови: автобус ЕУ Македонија Македонци јавен превоз

Промовирани огласи »

Работете паметно, не под стрес: Како да го заштитите вашиот ум

Како да ја зачувате психата во свет каде работата никогаш не запира!

Современото работно место често носи брзо темпо, рокови и постојана поврзаност. Иако посветеноста и амбицијата се важни за професионален успех, работата под постојан стрес може сериозно да влијае врз менталното здравје. Затоа сè повеќе експерти советуваат: не работете повеќе – работете попаметно.

Препознајте ги сигналите на стрес

Првиот чекор кон заштита на менталното здравје е препознавање на предупредувачките знаци. Постојан замор, пад на концентрацијата, раздразливост или чувство на прегорување се јасни сигнали дека вашиот ум има потреба од пауза. Игнорирањето на овие знаци може да доведе до намалена продуктивност и сериозен пад на мотивацијата.

Поставете здрави граници

Во дигиталната ера, границата помеѓу работа и приватен живот често се брише. Одговарање на мејлови доцна навечер или работа за време на викенд може краткорочно да изгледа како посветеност, но на долг рок создава хроничен стрес. Поставете јасни граници – дефинирајте работно време и дозволете си вистински одмор.

Организацијата е половина успех

Добрата организација може значително да го намали стресот. Креирање дневни приоритети, користење листи со задачи и распределување на времето по важност им помага на вработените да избегнат хаос и паника во последен момент. Кога задачите се јасно структуирани, работата станува поефикасна и помалку оптоварувачка.

Не ја потценувајте моќта на паузите

Кратките паузи во текот на работниот ден се клучни за одржување на концентрацијата. Неколку минути прошетка, длабоко дишење или кратко оддалечување од екранот можат значително да ја подобрат продуктивноста и да го намалат стресот.

Побарајте поддршка кога ви е потребна

Менталното здравје не треба да биде табу тема на работното место. Разговор со колега, менаџер или професионалец може да помогне во надминување на предизвиците и подобро справување со работниот притисок. Компаниите кои ја поттикнуваат отворената комуникација создаваат поздраво и попродуктивно работно опкружување.

Балансот е клучот

Успешната кариера не треба да значи жртвување на личната благосостојба. Кога ќе научите да управувате со времето, да поставувате граници и да се грижите за себе, ќе откриете дека можете да постигнете повеќе – без да го жртвувате вашиот мир.

На крајот, најуспешните професионалци не се оние кои работат најмногу часови, туку оние кои знаат како да работат паметно, фокусирано и со зачувано ментално здравје.

Прочитајте и за: Од посветеност до експлоатација: Тенката линија на неплатената работа

Тагови: совети за работа стрес на работно место

Промовирани огласи »

Промена на времето во Македонија

Еве што нè очекува денес

Времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во текот на попладневните часови на одредени места се очекува краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје ќе преовладува умерена облачност, а во делови од градот попладне се можни услови за краткотраен локален дожд

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

13.3.2026 Петок   / 11° 06:49   18:41
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h


















11°






1

1

1

1

1

1
14.3.2026 Сабота   / 15° 06:47   18:42
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












10°
12°
13°
14°
15°
14°
12°
10°





1

2

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

3

3

3

3

3

2

1

1

2

2

1

2
15.3.2026 Недела   / 15° 06:46   18:43
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












11°
13°
14°
15°
15°
15°
13°
11°
10°




2

2

2

2

1

1

1

1

1

1

2

2

3

3

3

3

3

3

2

2

2

2

1

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »