Кој стои зад Unigue Designs и како започна целата приказна?
Зад „Unigue Designs“ стои Христина Бошевски. Имам 30 години и живеам во Битола. Сѐ започна од љубов кон рачната изработка и желбата да создадам нешто свое, нешто што ќе има душа. На почеток беше само идеја и љубопитност, а денес прерасна во нешто што навистина ме исполнува и ме прави среќна.
Од каде дојде идејата за името „Unigue Designs“ и што симболизира за вас?
Името дојде сосема природно. Сакав да ја одразува суштината на мојата работа – уникатноста и индивидуалноста на секој дизајн.

Како изгледа еден ваш креативен процес – од идеја до финален дизајн?
Сѐ започнува со идеја – понекогаш инспирација од боја, форма или чувство. Потоа следи внимателна рачна изработка, чекор по чекор, со многу трпение и љубов. Секој детал го работам сама, додека не го добијам посакуваниот финален изглед.

Дали следите трендови или повеќе сакате да ги креирате?
Ги следам трендовите, но повеќе сакам да креирам нешто свое. Сакам моите дизајни да имаат личен печат, а не да бидат копија.

Што сакате луѓето да почувствуваат кога ќе го видат вашиот дизајн?
Сакам да почувствуваат убавина, уникатност и посебност. Да знаат дека носат нешто направено со љубов и внимание.

Кој е вашиот совет за млади дизајнери што штотуку почнуваат?
Да веруваат во себе и да не се откажуваат. Сѐ почнува со мал чекор, но со труд, трпение и љубов може да се стигне далеку.

Каде го гледате Unigue Designs во иднина?
Го гледам како препознатлив бренд, со уште повеќе уникатни дизајни и задоволни клиенти. Сакам да расте, но да ја задржи душата и рачната изработка.

Кој е најголемиот предизвик кога се создава „уникатен“ дизајн?
Најголем предизвик е да создадеш нешто што не е веќе видено, а притоа да биде убаво, практично и квалитетно. Но токму тоа ме мотивира – секогаш да одам чекор понатаму.
Тагови: изработки ташна уметност Unigue Designs