Промовирани огласи »

Unigue Designs: Кога љубовта кон рачната изработка прераснува во бренд со душа

Не е само дизајн – ова е приказна за страст, храброст и нешто свое

Кој стои зад Unigue Designs и како започна целата приказна?

Зад „Unigue Designs“ стои Христина Бошевски. Имам 30 години и живеам во Битола. Сѐ започна од љубов кон рачната изработка и желбата да создадам нешто свое, нешто што ќе има душа. На почеток беше само идеја и љубопитност, а денес прерасна во нешто што навистина ме исполнува и ме прави среќна.

Од каде дојде идејата за името „Unigue Designs“ и што симболизира за вас?

Името дојде сосема природно. Сакав да ја одразува суштината на мојата работа – уникатноста и индивидуалноста на секој дизајн.

Како изгледа еден ваш креативен процес – од идеја до финален дизајн?

Сѐ започнува со идеја – понекогаш инспирација од боја, форма или чувство. Потоа следи внимателна рачна изработка, чекор по чекор, со многу трпение и љубов. Секој детал го работам сама, додека не го добијам посакуваниот финален изглед.

Дали следите трендови или повеќе сакате да ги креирате?

Ги следам трендовите, но повеќе сакам да креирам нешто свое. Сакам моите дизајни да имаат личен печат, а не да бидат копија.

Што сакате луѓето да почувствуваат кога ќе го видат вашиот дизајн?

Сакам да почувствуваат убавина, уникатност и посебност. Да знаат дека носат нешто направено со љубов и внимание.

Кој е вашиот совет за млади дизајнери што штотуку почнуваат?

Да веруваат во себе и да не се откажуваат. Сѐ почнува со мал чекор, но со труд, трпение и љубов може да се стигне далеку.

Каде го гледате Unigue Designs во иднина?

Го гледам како препознатлив бренд, со уште повеќе уникатни дизајни и задоволни клиенти. Сакам да расте, но да ја задржи душата и рачната изработка.

Кој е најголемиот предизвик кога се создава „уникатен“ дизајн?

Најголем предизвик е да создадеш нешто што не е веќе видено, а притоа да биде убаво, практично и квалитетно. Но токму тоа ме мотивира – секогаш да одам чекор понатаму.

Тагови: изработки ташна уметност Unigue Designs

Промовирани огласи »

Плати повисоки за над 2.000 денари: Вработените во МВР со зголемување од март 2026

Добра вест за вработените во МВР — мартовската плата ќе биде повисока за 2.470 денари во бруто износ, а најавени се и можни нови покачувања.

Вработените во Министерството за внатрешни работи ќе добијат повисока плата со исплатата за месец март 2026, откако институцијата донесе одлука за линеарно зголемување во бруто износ од 2.470 денари. Од МВР информираат дека покачувањето е направено согласно новообјавениот податок за минималната плата.

Според соопштението, зголемувањето ќе важи за сите вработени во МВР, а од Министерството најавуваат дека во наредниот период ќе се разгледува и можноста за дополнително покачување на платите. Тоа, како што посочуваат, ќе зависи од имплементацијата на новиот Закон за внатрешни работи.

Од МВР нагласуваат дека институцијата останува посветена на подобрување на условите за работа и животниот стандард на македонската полиција. Според нив, ваквите мерки не значат само подобра положба за вработените, туку и придонесуваат за поголема безбедност на државата и граѓаните.

Тагови: зголемување на плата Министерство за внатрешни работи (МВР)

Промовирани огласи »

„ISU-1 Гран при“: трка со столици по улици станува хит во Јапонија

Јапонци ја претворија канцелариската столица во спорт

Во Јапонија се одржува необична и забавна трка позната како „ISU-1 Гран при“, каде учесниците се натпреваруваат возејќи канцелариски столици по улици. Овој настан се организира во градот Киотанабе и привлекува голем број учесници кои, опремени со кациги и заштитна опрема, се натпреваруваат во тимови. Наместо класични возила, тие се оттурнуваат со нозете додека седат на столици со тркала

Трката трае два часа, а тимовите од по тројца членови се обидуваат да изминат што повеќе кругови на патека долга над 20 километри. Победниците најчесто достигнуваат дистанца од околу 20 до 25 километри. Иако изгледа како шега, учесниците сериозно се подготвуваат, тренираат редовно и развиваат стратегии за издржливост и координација.

Овој необичен спорт започнал во 2010 година и со текот на времето станал популарен низ Јапонија, со трки во повеќе градови. Освен забавниот карактер, организаторите велат дека настанот им помага на луѓето да се ослободат од стресот од напорната работна култура и да се вратат на детската радост. Главната награда обично е симболична – на пример, околу 90 килограми ориз.

Тагови: забава Јапонија канцелариски столчиња тим билдинг ISU-1 Гран при трка

Промовирани огласи »

Работите на празник – пресметајте колку изнесува празничната дневница

Кога празникот паѓа во работен ден, работникот има право на надомест на плата, дури и ако не работи тој ден, согласно Законот за работни односи (ЗРО).

Право на надоместок за празник во работен ден

Кога празникот паѓа во работен ден, работникот има право на надомест на плата, дури и ако не работи тој ден, согласно Законот за работни односи (ЗРО). Овој надомест го плаќа работодавачот и се пресметува врз основа на просечната плата во претходните 12 месеци (во приватниот сектор) или 3 месеци (во јавниот сектор). Ако работникот нема остварена плата во тој период, се применува минималната плата. За работа на празник, вработениот има право и на зголемена дневница – дополнително надоместување на редовната плата.

Додатоци за работа на празник

Работник кој работи на ден прогласен за празник, има право на зголемена дневница: 50% зголемување во приватниот сектор и 42% зголемување во јавниот сектор. Ако празникот е работен ден, вкупниот надомест е составен од: редовна дневница (100%) + додаток за празнична работа (50% или 42%) + надомест за празник (100%). Тоа значи дека за работа на празник во работен ден, работникот добива вкупно 250% (2,5 дневници) во приватниот сектор и 242% (2,42 дневници) во јавниот.

Тагови: пари празнична дневница работнички права

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »