Промовирани огласи »

Колку често треба да се менува работа за напредок?

Повеќето луѓе го прават ова и затоа не напредуваат!

Дали лојалноста кон една компанија е доблест – или ризик за вашиот кариерен раст?

Ова прашање сè почесто се поставува, особено во време кога пазарот на труд се менува побрзо од кога било. Некогаш важеше правилото „остани и гради кариера“, денес сè повеќе професионалци избираат динамика наместо стабилност.

Но, која е вистинската мерка?

Што вели практиката?

Во просек, професионалците денес ја менуваат работата на секои:

  • 2 - 3 години во динамични индустрии (ИТ, маркетинг, стартапи)
  • 3 - 5 години во постабилни сектори
  • Премногу чести промени (на пр. секоја година) може да остават впечаток на нестабилност.
  • Но, предолго останување може да значи стагнација.

Кога е време за промена?

Размислете за нова работа ако:

  • Не учите ништо ново веќе подолго време
  • Нема простор за напредување
  • Платата и бенефитите не се конкурентни
  • Мотивацијата ви е значително намалена
  • Вашите вештини не се развиваат

Ако се препознавате во 2–3 од овие точки веројатно сте подготвени за следниот чекор.

Дали честото менување значи побрз раст? Често - да.

Менувањето работа може да донесе:

  • Поголема плата
  • Нови вештини
  • Подобра позиција
  • Поширока професионална мрежа

Но, само ако промените се стратешки, а не импулсивни.

Балансот е клучен

Најуспешните кариери не се градат со постојано бегање ниту со слепа лојалност.

  • Останете доволно долго за да создадете вредност
  • Заминувајте кога ќе престанете да растете

Не постои „совршен тајминг“ што важи за сите. Но постои едно правило што ретко греши: Ако не растете време е за промена.

Прочитајте и за: Македонските компании и бенефити: Каде сме во споредба со Европа?

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Жичницата на Водно нема да продолжи со работа - ова е причината!

Од ЈСП Скопје посочија дека надлежните служби ја следат состојбата на терен и најавија кога жичницата би можела да продолжи со редовен превоз на патници.

Жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови, информираа денеска од ЈСП Скопје.

Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција, истакнаа од ЈСП.

Од таму посочија дека надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.

Тагови: Жичницата „Милениумски крст“ Јавно Сообраќајно Претпријатие (ЈСП)

Промовирани огласи »

Пратките од ТЕМУ под нов удар во ЕУ, од јули стартува давачка од 3 евра

Од 1 јули ЕУ воведува давачка од 3 евра за мали пратки под 150 евра, а до ноември се најавува и дополнителна такса за обработка, мерки што ќе ги погодат платформите како ТЕМУ и АЛИЕКСПРЕС

Европската унија од 1 јули 2026 година ќе воведе фиксна давачка од 3 евра за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ, Шеин и АлиЕкспрес. Според Советот на ЕУ, оваа привремена давачка е дел од поширок обид за поголема контрола врз евтините увози и за заштита на европскиот пазар.

Нов договор постигнат во март носи и дополнителна такса за обработка на малите пратки, која треба да почне да се применува најдоцна до 1 ноември 2026, а нејзиниот точен износ допрва ќе го утврди Европската комисија. Во пакетот реформи влегуваат и построги казни за платформите што внесуваат опасни или нелегални производи на европскиот пазар.

Брисел ги засилува мерките поради огромниот раст на евтините пратки. Само во 2024 година во ЕУ влегле 4,6 милијарди мали пратки, а повеќе од 90 проценти од нив дошле од Кина. Европските институции велат дека целта е поголема безбедност за потрошувачите, пофер услови за домашните трговци и посилен надзор врз онлајн платформите.

Тагови: данок ЕУ Тему

Промовирани огласи »

Вработување во Алкалоид, Нептун и Студио Модерна!

Огласи за работа во Алкалоид, Нептун и Студио Модерна!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Студио Модерна Дооел Скопје е дел од водечката мулти-канална компанија Studio Moderna, која повеќе од 25 години успешно работи на македонскиот пазар како продажна и маркетинг компанија во малопродажба. Присутна е преку мрежа од 20+ продажни локации, дигитална платформа и Call Center каде што обезбедува одлично корисничко искуство за купувачите. 

Моментално вработува:

МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК
МЕНАЏЕР ЗА ФИНАНСИИ – ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЕТИКЕТИРАЊЕ И ПРЕВОД (СО ИСКУСТВО ВО ПРЕХРАНБЕНА ТЕХНОЛОГИЈА)
ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ - ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОНБОРДИНГ И КВАЛИФИКАЦИЈА НА ДОБАВУВАЧИ
ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАНТ
ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ
МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК И АДМИНИСТРАТОР ВО ЛОГИСТИЧКИ ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР КУМАНОВО

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво, безалкохолни пијалаци и вода, и горд партнер на светските брендови Coca-Cola и Heineken.

Моментално вработува:

БРЕНД АМБАСАДОР ЗА ПРЕМИУМ ЖЕСТОКИ ПИЈАЛАЦИ
ВОЗАЧ - ДИСТРИБУТЕР

ЛЕОНА од Свети Николе е успешна компанија која произведува квалитетни кондиторски производи.

Моментално вработува:

ПРЕХРАМБЕН ТЕХНОЛОГ
РЕФЕРЕНТ ЗА ШПЕДИЦИЈА И ЛОГИСТИКА

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Сите огласи од Вдл Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Алкалоид AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ВО ОДДЕЛОТ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ - ПРИВЛЕКУВАЊЕ ТАЛЕНТИ
ПОМЛАД ДИСПЕЧЕР ВО ОДДЕЛОТ ТРАНСПОРТ - ОПШТИ РАБОТИ И ЛОГИСТИКА

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ТЕТОВО

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »