
За компанијата: ЛЕОНА од Свети Николе е успешна компанија која произведува квалитетни кондиторски производи. ЛЕОНА го започна производството на чоколадо и чоколаден крем за подоцна да го прошири производството на бисквити...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

ВРАБОТУВАМЕ: Референт за шпедиција и логистика
Во срцето на Свети Николе, од 1998 година, ЛИОН создава слатки задоволства кои освојуваат срца ширум светот. Нашите производи – чоколади, кремови, штрудли и вафли – се присутни на речиси сите континенти. Континуираната иновативност, врвниот квалитет и безбедноста на храната се темелите на нашиот успех.
Со цел понатамошно унапредување на производствените процеси и поддршка на развојните активности, го прошируваме нашиот тим и бараме Референт за шпедиција и логистика.
Што нудиме?
- Конкурентна плата согласно искуството и компетенциите
- Работа во стабилна и развојно ориентирана производствена средина
- Континуирани стручни обуки и можности за професионален развој
- Пакет бенефиции ЛИОН
- Поддршка, тимска култура и можност да бидете дел од ТИМОТ на ЛИОН
Што бараме?
- Прецизност, аналитичност и систематичен пристап во работењето
- Високо чувство за одговорност
- Способност за меѓусекторска соработка
- Проактивност и ориентираност кон решавање проблеми
- Тимски дух и флексибилност
Вашите работни задачи особено ќе вклучуваат:
- Оптимизација на рути за транспорт
- Известување за спремна роба за утовар со сите потребни логистички податоци
- Соработка со царини, складишта и останати релевантни субјекти
- Припрема на комплетна документација
Придружете се на нашиот тим!
Доколку сакате да бидете дел од приказната на ЛИОН – Свети Николе, испратете го Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или аплицирајте преку полето АПЛИЦИРАЈ.
Слични огласи »