(преземи го огласот како слика)

BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и Соединетите Американски Држави.
Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција.
Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата.
Нептун Македонија е во потрага по креативен, талентиран и посветен Графички дизајнер, кој ќе креира визуелни концепти, користејќи компјутерски програми за да ги искомуницира идеите кои ќе ги информираат, инспирираат и привлечат купувачите.
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Главните задолженија се поврзани со дизајн и графичко уредување на рекламни материјали, летоци и останати маркетинг промотивни материјали, како и продукција на веб банери и визуелни прикази на дизајнот (Story board) и нивно прилагодување за различни медиуми. Ќе имате можност да соработувате со локални добавувачи околу техничкиот дел, да развивате креативни решенија за брендирање на продавниците во малопродажната мрежа, да креирате графички и видео материјали и да оставите ваш печат, придржувајќи се до предефинирани корпоративни стандарди.
Потребни квалификации:
- Познавање на индустријата, технолошки и маркетинг трендови и технологии
- Соодветно образование од областа на графички дизајн
- 1 години работно искуство и познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Adobe Premiere, Adobe After Effects
- Познавање на англиски јазики и MS Office
- Искуство во изработка на лендинг страни и видео едитирање ќе се смета за предност
- Детален пристап, способност за работа на различни проекти истовремено и придржување до временски рамки и рокови
Нашата компанија нуди:
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Работа со тим на професионалци
- Можност за развој и напредување
- Работно време: понеделник-петок; 07:30/08:00 – 15:30/16:00часот
Доколку сте подготвени за работа во динамична средина, каде се цени инвентивноста и оригиналното размислување, ве покануваме да аплицирате на означеното поле.