
За компанијата:
Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје – компанија со повеќе од 100 години традиција и лидер во производство и продажба на пијалаци. Работиме со најголемите брендови во светот, бидејќи сме дел од интернационалните групации Coca‑Cola HBC и HEINEKEN.
Постојано растеме, вложуваме во модерна опрема и воведуваме нови производи за да им понудиме најдобра услуга на нашите купувачи и најдобро искуство на потрошувачите.
Нашата цел е едноставна- да бидеме сигурен 24/7 партнер - за нашите купувачи, за нашите потрошувачи и за нашите вработени.
Веруваме во тимска работа, поддршка и заеднички успеси - затоа што во Пивара Скопје...Растеме и победуваме заедно!
ШТО НУДИМЕ?
- Модерни и добро опремени возила за безгрижна и поефикасна работа
- Бесплатен топол оброк секој ден
- Испланирани дневни рути – секогаш знаеш каде одиш
- Електрична дигалка (палетарка) за полесно и побезбедно ракување
- 24/7 осигурување од незгода
- Обезбедена обука за работа - те обучуваме за сè што е потребно
- Обезбедена ХТЗ опрема
- Фит Кит членарина - бесплатен месечен пристап до 300+ спортски и рекреативни активности
- Бесплатни компаниски производи за родендени и празници
- Можност за напредување и обуки поддржани од две интернационални компании
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Испорака на производи до продажни места според утврден дневен план.
- Безбедно управување со возилото, со почитување на сите сообраќајни правила.
- Истоварување на производите на локација, кога е потребно.
- Издавање и предавање документи (фактури/испратници) кај клиентите при достава.
- Грижа за хигиената и одржување на возилото, внатре и надвор.
- Одговорно управување со возилото за да се избегнат оштетувања и да се обезбеди неговата исправност.
ШТО БАРАМЕ:
- Завршено средно образование
- Возачка дозвола C–категорија
- Најмалку 2 години возачко искуство во оваа категорија
- Претходно работно искуство како Возач-Дистрибутер ќе се смета за предност.
Доколку се препознаваш во описот и си заинтересиран/а за работа кај нас, пријави се тука или испрати ги твоите податоци на Viber/ SMS или WhatsApp нa 078/281 -809.
Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Слични огласи »