Промовирани огласи »

Април 2026 носи прв „мини-одмор“: Велигден со четири неработни дена

Велигден во 2026 година им носи на граѓаните продолжен празничен викенд од четири дена, а календарот најавува и уште неколку поволни спојувања за одмор.

 

Април во 2026 година ќе го донесе првиот подолг празничен одмор, откако Велигден се паѓа на 12 април. Според календарот, за православните верници неработен ден е и Велики петок, 10 април, додека за сите граѓани неработен е понеделник, 13 април, како втор ден Велигден. Со тоа, заедно со сабота и недела, се добива четиридневен празничен викенд.

Покрај велигденските празници, календарот за 2026 година нуди и други поволно распоредени неработни денови. За сите граѓани слободни ќе бидат 1 јануари, 7 јануари, 20 март, 1 мај, 25 мај, 3 август, 8 септември, 12 октомври и 23 октомври, при што дел од нив се пренесени поради паѓање за време на викенд. Ова отвора можност за уште неколку продолжени викенди во текот на годината.

Дополнителни неработни денови има и за верските заедници. За православните, покрај Велики петок и Велигден, значаен е и понеделникот по празникот, додека кај католиците вториот ден на Велигден се одбележува на 6 април. За муслиманските верници неработни се 20 март за Рамазан Бајрам и 27 мај за Курбан Бајрам. Велигден традиционално останува првиот поголем пролетен одмор, што многумина го користат за патување, семејни собири или кратко бегство од секојдневните обврски.

Тагови: велигден неработни денови

Промовирани огласи »

ЕВРОПА ДОМИНИРА: Oва е светската листа на најдобри градови

Најдобри градови за живот

Објавена е листата на 50-те најдобри градови во светот, а дури 19 места меѓу најдобрите ги зазедоа европските дестинации.

Европските градови сè повеќе доминираат на глобалните рангирања кога станува збор за квалитетот на животот, културата и секојдневното искуство на жителите. Најновото истражување покажува дека Стариот континент не само што е во чекор со светските метрополи, туку поставува и стандарди во многу сегменти.

Годишната ранг-листа ја составува престижниот туристички магазин „Тајм аут“, врз основа на анкета меѓу читателите во која жителите оценуваат различни аспекти од животот во нивните градови - квалитет на живот, прифатливост, уметност и култура, гастрономија, ноќен живот и зелени површини. Оваа година, во анкетата учествуваа повеќе од 24.000 луѓе од 150 градови низ целиот свет. Одговорите на испитаниците потоа беа комбинирани со гласовите на повеќе од 100 градски експерти, со цел да се добие конечната листа.

Мелбурн го освои првото место оваа година, додека Единбург беше прогласен за најдобар град во Европа, кој го освои третото место на глобалната листа, а Лондон беше веднаш зад него. Второто место му припадна на Шангај, а првите десет ги заокружуваат: Њујорк (петто место), Кејптаун (шесто), Мексико Сити (седмо), Бангкок (осмо), Сеул (деветто) и Токио (десетто).

Жителите на Единбург кои учествуваа во анкетата особено го пофалија градот за неговата погодност за пешачење, добра храна, бројни зелени површини и богата културна сцена. Според податоците на „Тајм аут“, овој град е меѓу најсреќните во анкетата за 2026 година - дури 91 процент од испитаниците велат дека наоѓаат радост во секојдневниот живот.

Единбург има сè што го прави животот вреден и го воздигнува на повисоко ниво - храна од врвен квалитет, прекрасни зелени површини и жива уметничка и културна сцена, изјави Киара Вилкинсон, заменик-уредник на британското издание на списанието. 

Лондончани, од друга страна, му дадоа на својот град речиси совршена оценка за уметничката и културната сцена, дури 99 проценти позитивни оценки. Британската престолнина доби високи пофалби за својата понуда на ресторани, како и за бројните зелени површини.

Во континентална Европа, Цирих за малку не успеа да се пласира меѓу првите десет, заземајќи го 11-то место. „Тајм аут“ особено го пофали овој швајцарски град за неговата привлечност преку целата година - од улици исполнети со цветови од цреши напролет и пливање во реката Лимат во лето, до филмски фестивал на есен и светски познати божиќни пазари во зима. Европските градови доминираа и помеѓу 11-то и 20-то место: Копенхаген е на 13-то место, Краков на 16-то, Порто на 17-то, Мадрид на 19-то и Валенсија на 20-то место.

Изненадувачки, Париз, главниот град на најпосетуваната земја во светот, беше на 22-ро место. Сепак, овој град беше единствениот што доби максимална оценка за уметност и култура, додека дури 97 проценти од испитаниците позитивно ја оценија понудата за храна и пијалоци. Меѓу другите градови што се најдоа на листата на најдобрите 50 се: Бат (26-то место), Билбао (27-мо), Берлин (28-мо), Антверпен (31-во), Неапол (33-то), Амстердам (34-то), Атина (40-то), Виена (44-то), Даблин (45-то) и Лисабон (49-то место), пренесува Каматица. 

Тагови: градови Европа Цирих

Промовирани огласи »

Вработување во КАМ Маркет!

Најновите огласи за работа во КАМ Маркет!

КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени. Зад успехот на КАМ стои внимателно избран асортиман од над 1700 производи со повеќе од 600 производи од приватни трговски марки.

Моментално отворени позиции:

Заменик раководител на маркет - Виница
Заменик раководител на маркет - Кочани
Раководни лица - Виница

Возач со Ц категорија
Магацински работници - подготвувачи на роба - Велес

Сите останати огласи од КАМ можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Кам Доо Илинден

Промовирани огласи »

Invisible Talent: Како компаниите ги пропуштаат најдобрите кандидати

Зошто најдобрите кандидати никогаш не стигнуваат до интервју?

Во време кога сите зборуваат за таленти и работна сила, вистината е многу поинаква: талент има - но често останува невидлив.

Компаниите сè уште се потпираат на застарени филтри: совршено CV, точно дефинирано работно искуство, „прави“ компании во позадина. Но што се случува со оние кандидати кои имаат реални вештини, потенцијал и мотивација, а не влегуваат во тие тесни рамки? Тие едноставно - се игнорираат.

Каде се губи талентот?

  • Кандидати кои менуваат кариера (career switchers)
  • Самоуки професионалци без формално образование
  • Луѓе со паузи во кариерата
  • Таленти од помали пазари или компании
  • Passive кандидати кои не аплицираат активно

Ова е „invisible talent pool“ - група која ретко влегува во класичните HR процеси, но често носи најголема вредност.

Проблемот не е во кандидатите. Проблемот е во системот.

Автоматизирани филтри, шаблонски интервјуа и rigid job descriptions создаваат бариера наместо мост. Наместо да откриваат потенцијал, тие го елиминираат.

Компаниите кои се потпираат само на „очигледни“ кандидати, несвесно си ја намалуваат шансата да најдат вистински match.

Што прават успешните компании поинаку?

  • Вработуваат според вештини, не само искуство
  • Користат потенцијал како критериум, не само минато
  • Го прошируваат опсегот на пребарување
  • Активно пристапуваат до passive кандидати
  • Дизајнираат процеси што откриваат, а не филтрираат

Invisible talent = конкурентска предност

Компаниите што ќе научат да го препознаваат и активираат овој скриен потенцијал, ќе бидат чекор пред останатите. Во свет каде сите бараат ист профил, победуваат оние што гледаат подлабоко.

Прочитајте и за: HR и законските ризици во 2026: дискриминација, мобилност и прилагодувања за лица со попреченост

Тагови: HR трендови

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »