Промовирани огласи »

Лани во Македонија се купиле скоро 8.000 станови, нивната вкупна вредност изнесува над 540 милиони евра

Вкупната вредност на купени станови лани во Македонија надминала половина милијарда евра. Еве кои биле најатрактивни населби! 👇

Лани во Македонија се купиле скоро 8.000 станови чија вкупна вредност надминува половина милијарда евра. Податоците од Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во 2025 година се реализирале вкупно 23.470 купопродажби. Точно една третина од вкупниот број договори за продажба се однесуваат на станови, а скоро толкав е процентот и на продадено земјоделско земјиште.

Според најновата анализа на емисијата „Бизнис Објектив“, во 2025 година вкупниот промет со продажба на станови изнесува скоро 545 милиони евра, додека вкупниот износ на купопродажбите на куќи изнесува 214 милиони евра.

Најатрактивни населби за купување стан се скопски Аеродром, Центар, Карпош и Кисела Вода.

Најскапиот стан според платена цена за квадрат лани се продал во Аеродром. За 44 квадрати новиот сопственик платил 166.500 евра, според што цената за квадрат изнесува 3.784 евра.

Најскапата гаража, пак, исто така е продадена во Аеродром, каде за 24 квадрати гаражен простор купувачот платил дури 30.150 евра, или 1.250 евра за квадрат.

Според граѓаните, цените на становите во главниот град се нереални.

Тоа што го отсликува пазарот на недвижности е големата варијација на цени, која што е присутна и во рамки на самите најатрактивни населби за купопродажба на станови, се вели во анализата на „Бизнис Објектив“.

Ако се анализираат двете најпосакувани општини во главниот град, тогаш ќе увидиме дека во Аеродром лани се продадени 978 станови со вкупна површина од 65.655 квадрати, за кои новите сопственици заедно платиле скоро 81 милион евра. Според тоа, просечната цена на квадратот во оваа општина изнесува 1.230 евра. Во Центар се продадени 756 станови со вкупна површина од 57.316 квадрати, чија цена кумулативно изнесува 92 милиони евра. Или, просечната цена на квадратот изнесува 1.600 евра. Додека просекот на квадрат стан во Карпош изнесува 1.400 евра, а во Кисела Вода скоро 1.200 евра, во помалку атрактивните општини како Бутел, Чаир и Ѓорче Петров, просекот се движи меѓу 700 и 1.000 евра, анализира „Бизнис објектив“.

Тагови: Македонија продажба цени на станови

Промовирани огласи »

Вработување во Виола Аптеки!

Најновите огласи за вработување во Виола Аптеки!

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Моментално вработува:

Фармацевт - нас. Аеродром
Фармацевт - нас. Центар
Фармацевт - нас. Карпош
Фармацевтски техничар - нас. Аеродром
Фармацевтски техничар - нас. Центар
Фармацевтски техничар - нас. Карпош

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ПЗУ Аптека ВИОЛА

Промовирани огласи »

Зошто компаниите сè повеќе инвестираат во ментално здравје на вработените

Нова HR реалност: менталното здравје станува приоритет!

Во последните години, менталното здравје на работното место стана една од најважните теми за компаниите и HR професионалците. Брзото темпо на работа, високите очекувања и постојаната дигитална поврзаност често доведуваат до зголемен стрес кај вработените. Поради тоа, сè повеќе организации почнуваат активно да инвестираат во програми и иницијативи кои го поддржуваат менталното здравје и благосостојбата на нивните тимови.

Компаниите сè повеќе сфаќаат дека здрави и задоволни вработени значат и поуспешен бизнис. Кога луѓето се чувствуваат поддржани и ценети, нивната продуктивност, креативност и ангажман значително се зголемуваат.

Намалување на стресот и burnout

Една од главните причини поради кои компаниите инвестираат во ментално здравје е спречување на burnout – состојба на хроничен стрес и исцрпеност која може сериозно да влијае врз перформансите и задоволството од работата.

Преку програми за поддршка, флексибилно работно време или активности за баланс помеѓу работата и приватниот живот, организациите се обидуваат да создадат поздрава и поодржлива работна средина.

Подобра продуктивност и ангажман

Истражувањата покажуваат дека компаниите кои се грижат за менталното здравје на своите вработени имаат повисок ангажман и подобра продуктивност. Кога вработените се чувствуваат психолошки сигурни и поддржани, тие се поотворени за соработка, иновација и преземање иницијатива.

Задржување на таленти

Во денешниот конкурентен пазар на труд, компаниите мора да понудат повеќе од само добра плата. Работната култура и грижата за благосостојбата на вработените стануваат клучен фактор при изборот на работодавец.

Организациите кои инвестираат во ментално здравје често имаат помала флуктуација на кадар и поголема лојалност од страна на вработените.

Нов приоритет за модерните компании

Менталното здравје повеќе не се смета за лична тема, туку за важен дел од корпоративната култура. Програми за психолошка поддршка, обуки за управување со стрес, wellness активности и отворена комуникација се само дел од иницијативите што модерните компании ги воведуваат.

Во иднина, грижата за менталното здравје ќе биде уште поважен елемент на успешното управување со човечки ресурси. Компаниите кои ќе ја препознаат оваа потреба навреме ќе создадат поздрава, поангажирана и поуспешна работна средина.

Прочитајте и за: Data-driven HR: Како аналитиката ги менува HR одлуките

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Нов ценовен удар: Дизелот од полноќ 92 денари, поскапуваат и бензините

Сериозно поскапуваат горивата, дизелот за една недела поскап за над 20 денари

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги утврди новите највисоки малопродажни цени на горивата, со што граѓаните повторно ќе се соочат со поскапување на бензинските станици. Најголем раст бележи дизелот, кој од полноќ поскапува за 6,5 денари и ќе се продава по 92 денари за литар. За слична сума се зголемуваат и цените на бензините.

Според новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 86,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 88,50 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за горење ќе изнесува 89,50 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе чини 47,453 денари за килограм.

Истовремено, РКЕ им укажа на нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за 2 денари по литар, согласно договорениот попуст меѓу Владата и главниот добавувач ОКТА. Со ова, како што наведуваат надлежните, граѓаните би требало директно да го почувствуваат ефектот од најавеното намалување.

Тагови: нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »