Друштвото за консалтинг РАФАЈЛОВСКИ КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје објавува:
О Г Л А С
за пополнување на слободно работно место ДАНОЧЕН СОВЕТНИК
Работниот однос ќе се заснова, со полно работно време со 40 часа неделно, на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на договорот и трансформација на истиот на неопределено време.
Работодавачот нуди:
1. Дополнително приватно здравствено осигурување;
2. Компетитивна нето плата;
3. Можност за доквалификации;
4. Пријатна работна атмосфера;
5. Работно време од 09:00 до 17:00 ч.
Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:
1. Завршено Високо Образование (ВСС - Економски факултет);
2. Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office);
3. Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување);
4. Со работно искуство најмалку 5 години во релевантен сектор;
5. Како предност се смета лиценца за овластен ревизор или овластен сметководител.
Потребни документи:
• Писмо за интерес;
• Биографија (CV);
• Уверение за завршено високо образование.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат земени во предвид само заинтересираните лица кои потребните документи ќе ги достават по e-mail.
За повеќе информации побарајте нè: 02/3088-900.
РАФАЈЛОВСКИ КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје Ул.Орце Николов бр.190 Скопје