Промовирани огласи »

ДУБАИ СТАНУВА ПРЕСКАП: Повеќе не е рај за иселениците

Трошоците за живот нагло пораснаа, цените на кириите достигнуваат рекорди, а образованието и здравството се сѐ поскапи

Дубаи, симбол на луксуз и едно од најпосакуваните места за британските иселеници, станува сѐ помалку атрактивен поради наглото зголемување на трошоците за живот. Сѐ повеќе странци се враќаат во своите матични земји, а популарната фраза од социјалните мрежи „Habibi, don’t come to Dubai“ станува реалност и надвор од интернетот.

Според финансискиот директор на осигурителната компанија „William Russell“, Рос Ирвајн, Дубаи полека го губи својот сјај. - Години наназад беше рај за иселениците – без даноци на плати, сонце во текот на целата година и динамичен живот. Но, трошоците за живот нагло пораснаа, цените на кириите достигнуваат рекорди, а образованието и здравството се сѐ поскапи. Секојдневните трошоци, од храна до забава, се значително поголеми од порано,  рече Ирвајн.

Чарли Морган, кој се преселил во Дубаи во 2023 година, по две години одлучил да си замине и покрај високата заработувачка. – Проблемот со Дубаи е што сите планираат да си одат. Тоа е град со ротирачки врати, изјави тој.

Многу Британци се жалат дека трошоците се неодржливи, а притисокот да се следи наметнатиот луксуз е преголем.

Дубаи денес е 15-ти најскап град за живот во светот и најскап на Блискиот Исток, со пораст на цените на недвижностите од 21 отсто – повеќе од Тел Авив, Мајами, Чикаго, Париз и Берлин, иако Лондон останува поскап.

Тагови: градови Дубаи најскапи

Промовирани огласи »

Во раните фази од бизнисот, основачите на стартап компании треба да работат 90 часа неделно за да ги развијат своите компании.

Ова го изјави најмладата жена во светот која го постигна статусот на милијардерка преку сопствената работа, триесетгодишната Луси Гуо, чие богатство се проценува на 1,25 милијарди долари.

Нејзината дневна рутина е интензивна. Станување во 5:30 часот наутро, двојни тренинзи во теретана, работа цел ден, често без традиционални паузи за ручек. Гуо верува дека продуктивноста е приоритет, додека слободното време е ограничено на неделните попладневни часови, објавува CNBC.

Гуо пораснала во Фремонт, Калифорнија, во семејство на кинески имигранти кои инсистирале на образование и дисциплина.

Единствената забава што ја имав беше на компјутер, признава Гуо, додавајќи дека токму видео игрите ја разбудиле нејзината желба да се занимава со инженерство и развој на софтвер.

Луси Гуо, која ја симна пејачката Тејлор Свифт од тронот на Форбс како најмлад милијардер во светот, ја основа компанијата за означување податоци за вештачка интелигенција Scale AI во 2016 година со сегашниот извршен директор Александар Ванг, а откако ја напушти оперативната позиција во компанијата во 2018 година, задржала удел од околу пет проценти.

фото Инстаграм

Тагови: работа Форбс милијардерка

Промовирани огласи »

Како да препознаете тивко отпуштање во вашата компанија

Дали и вас ве отпуштаат – без да знаете?

Тивкото отпуштање („quiet firing“) е современа стратегија каде работодавецот не го отпушта формално вработениот, но го намалува неговата улога, одговорности или можности за напредок, со што фактички го поттикнува да си замине сам. Препознавањето на вакви ситуации е клучно за вашата кариера. Еве неколку знаци на кои треба да обрнете внимание:

  • Намалување на одговорности: Вашите задачи постепено се намалуваат или ви се даваат само „безопасни“ проекти, без предизвици или можности за раст.
  • Игнорирање и исклучување: Не сте повикувани на важни состаноци, донесувањето одлуки ве заобиколува или не се зема вашето мислење во предвид.
  • Недоволна поддршка или ресурси: Ви се ускратуваат алатки, буџет или тимска помош за да ги завршите задачите.
  • Непостојани или негативни повратни информации: Постојано добивате критики без конструктивни насоки или се занемаруваат вашите успеси.
  • Ограничени можности за напредок: Кариерниот развој е замрзнат, тренинзи и бонуси се одложуваат или се ускратуваат.

Совет: Ако препознаете овие знаци, важно е да ја процените вашата ситуација и да се подготвите – побарајте разговор со вашиот менаџер, документирајте ги случувањата и размислете за алтернативи за кариера. Вашата професионална вредност не зависи од таквата тактика на компанијата.

Прочитајте и за: Вештини на иднината: Што ви е потребно за успешна кариера во 21 век?

Тагови: HR совети за работа тивко отпуштање

Промовирани огласи »

Стапката на невработеност во ЕУ на жените е повисока отколку кај мажите

Дознајте како се менува бројот на младите невработени во Европа.

Стапката на невработеност во ЕУ и Еврозоната во јули годинава покажува позитивни трендови, но жените сè уште се соочуваат со поголеми предизвици во однос на стапката на вработување. Според податоците на Евростат, стапката на невработеност во ЕУ изнесувала 5,9 отсто, додека во Еврозоната беше нешто повисока со 6,2 отсто.

Иако невработеноста на младите во ЕУ и Еврозоната се намали за 0.4 проценти во однос на претходниот месец, останува загрижувачка со 14,4 проценти во ЕУ и 13,9 отсто во Еврозоната. Во јули, бројот на невработени млади лица во ЕУ се намалил за 81 илјада, а во Еврозоната за 64 илјади.

Кога се разгледува стапката на невработеност кај жените, ЕУ бележи 6 отсто, дури и со намалување за 0,1 процентен поен од претходниот месец, додека кај мажите таа останува непроменета на 5,8 проценти. Во Еврозоната, невработеноста кај жените е 6,4 отсто, што е за 0,1 процентен поен помалку од јуни 2025 година.

Тагови: ЕУ жени менаџери невработеност

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »