Мајстори за одржување во производство

Објавенпред 50 минути
Активен до17.11.2026
ПозицијаЕлектро-машински техничар/Техничар
ЛокацијаБитола
Веб-страницаwww.cermat.com.mk
За компанијата

Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Цермат ДОО со седиште во Битола е современа фабрика за производство на сладолед, препознатлива по својот квалитет, иновативност и посветеност кон потрошувачите. Со долгогодишно искуство во прехранбената индустрија, компанијата континуирано инвестира во модерна технологија, развој на нови производи и високи стандарди за безбедност и квалитет на храната.

Поради зголемен обем на работа отворена е работна позиција:

МАЈСТОРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРОИЗВОДСТВО

(ЕЛЕКТРО/ МАШИНСКИ ТЕХНИЧАРИ)

Работни задачи и одговорности:

  • Редовно одржување и сервисирање на машините и производствената опрема,
  • Дијагностицирање и отстранување на дефекти,
  • Превентивна контрола на машините со цел непречено функционирање на производството,
  • Соработка со производствениот тим при технички интервенции,
  • Почитување на правилата за безбедност и заштита при работа.

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование (машинска, електро или сродна техничка насока),
  • Преходно работно искуство во одржување на машини,
  • Основно познавање на механика, електрика и индустриски машини,
  • Одговорност, прецизност и способност за тимска работа.

Нудиме:

  • Редовни месечни примања,
  • Обезбеден превоз од Битола, Демир Хисар и Крушево.
  • Обезбеден оброк во трета смена,
  • Работа во стабилна и динамична работна средина.

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со ваша фотографија и контакт информации со назнака: Мајстори за одржување, најдоцна до 15.11.2026 година.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе