Промовирани огласи »

ТАВ Македонија: Виз ер отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт

Авиокомпанијата ќе лета од Скопјe до Штутгарт 3 пати неделно, секој понеделник, среда и петок.

Авиокомпанијата започна со летови денеска, 29 септември. За детали за достапноста и резервацијата на авионски билети, како и времето на пристигнување и заминување, патниците можат да ја проверат веб-страницата на Виз ер wizzair.com

Со првиот лет што полета денеска, понеделник, 29 септември, во 6:25 часот наутро, од Меѓународниот Аеродром Скопјe до Штутгарт, Виз ер отвори уште една нова авиолинија и дестинација од главниот град на Македонија до Германија, соопшти ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата ADP.

Во соработка со Виз Ер и Владата, како ТАВ Аеродроми горди сме што ќе можеме да ги опслужуваме патниците на оваа нова редовна авионска линија од Скопјe до Штутгарт. Редовните летови меѓу двата града ќе ги задоволат потребите на нашите граѓани, бизнисмени и дијаспората. Ќе продолжиме да инвестираме во модернизација и подобрување на аеродромските услуги, нудејќи висококвалитетно корисничко искуство на сите патници и промовирајќи ја земјата како атрактивна дестинација и транзитен центар во регионот, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Авиокомпанијата ќе лета од Скопјe до Штутгарт 3 пати неделно, секој понеделник, среда и петок. Во текот на летниот распоред на летови на аеродромот во Скопјe, односно до 24 октомври, времето на полетување од Меѓународниот Аеродром Скопјe во понеделник и петок е 06:25 часот, додека времето на пристигнување во Штутгарт е 11:10 часот по локално време.

Во среда, патниците ќе полетуваат во 06:30 часот, а ќе слетуваат во 11:10 часот по локално време.

Во зимската сезона, патувањата ќе се одвиваат во понеделник, среда и петок, но сите летови со исти времиња на полетување и следување, односно 06:30 часот со 11:30 часот по локално време.

Со додавањето на Штутгарт на мапата на рути на Меѓународниот Аеродром Скопјe, Виз ер има вкупно 9 рути до 9 градови во Германија: Штутгарт, Берлин, Дортмунд, Баден-Баден, Фридрихсхафен, Хамбург, Франкфурт-Хан, Минхен-Меминген и Нирнберг.

Штутгард е една од ретките дестинации која има понуда за сечиј вкус. Со директните редовни летови од Скопјe до Штутгарт, љубителите на автомобилската индустрија сега ќе можат одблизу да ги видат седиштата и музеите на два легендарни бренда, Мерцедес-Бенц и Порше, локации што привлекуваат многу посетители секоја година.

Штутгарт е еден од ретките градови во Германија со лозја што продираат длабоко во урбаната средина, а неговиот фестивал на вино е познат на национално ниво.

Покрај фестивалот на виното, градот го организира и Cannstatter Volksfest, вториот најголем фестивал во Германија по Октоберфест. Најреномираните културни знаменитости во градот кои посетителите можат да ги видат се oперата на Штутгард, државниот театар и бројните музеи и галерии.

Она што го прави овој град посебен е „Зеленото У“, меѓусебно поврзаните паркови во облик на буквата U што се протегаат низ градот и му даваат на Штутгарт единствена рамнотежа помеѓу урбаната архитектура и природата. Новата редовна воздушна линија Скопјe - Штутгарт не е само географска врска, туку мост помеѓу семејствата, пријателите, идеите, бизнисите и новите почетоци.

За македонската дијаспора, директните летови со 3 фреквенции неделно значат подобра поврзаност и помалку километри од дома.

Тагови: Wizz Air Германија ТАВ Македонија

Промовирани огласи »

Што носи денешната прогноза?

Очекувајте променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Очекувајте променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд . Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во Скопје времето ќе биде делумно облачно со сончеви интервали, придружено со слаб до умерен ветер од северен правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
10°
11°
11°
10°
10°
10°








3

4

4

4

4

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 12° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













10°
11°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 13° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












11°
12°
12°
13°
12°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Како да се ослободите од болки во грбот

Болките во грбот се една од најчестите здравствени тегоби на денешницата

Болките во грбот се една од најчестите здравствени тегоби на денешницата. Долгото седење, стресот и недоволната физичка активност често придонесуваат за појава на болка. Наместо веднаш да посегнеш по лекови, постојат и природни начини кои можат да помогнат да се намали непријатноста.

Вежби за истегнување и јакнење

Редовното истегнување и лесните вежби за грб ги зајакнуваат мускулите и ја намалуваат болката. Дури и кратко дневно движење може да направи голема разлика.

Топли или ладни облоги

Примена на топли или ладни облоги на болното место може да ја ублажи болката и да ја намали кочанетоста на мускулите.

Правилно држење на телото

Секојдневно внимавај на држењето – правилната положба при седење и стоење го намалува притисокот врз 'рбетот и спречува дополнителна болка.

Масажа и релаксација

Нежната масажа може да го подобри протокот на крв и да ги опушти напнатите мускули, што води кон намалување на болката.

Здрави навики

Одржување на здрава телесна тежина, доволно сон и намалување на стресот се клучни за превенција на болки во грбот.

Болките во грбот можат значително да го намалат квалитетот на живот, но со мали промени во секојдневието и примената на природни методи, често може да се почувствува големо олеснување. Ако болката трае подолго време, задолжително консултирај се со лекар.

Тагови: вежбање здрава храна болка во грбот

Промовирани огласи »

Успешно реализирана работилницата The Resilient Workplace: Implementing Security Strategies in an Uncertain Job Market во организација на KARIERA.mk

Успешно реализирана работилницата The Resilient Workplace која се одржа на 25-ти септември во Holiday Inn

KARIERA.mk со големо задоволство успешно ја заврши интерактивната работилница The Resilient Workplace со Наталија Федорова експерт за упраавување со кризи, која се одржа на 25-ти септември во хотелот Holiday Inn.

Учесниците имаа можност да:

  • Научат како ISO 27001 може да се користи како стратегиска алатка за човечката и техничката димензија на безбедноста
  • Разберат зошто HR и IT мора да бидат партнери во кризни ситуации
  • Вежбаа сценарија за справување со безбедносни инциденти и реални ризици
  • Откријат техники за развој на психолошка отпорност и тимска стабилност
  • Осмислат култура на доверба, одговорност и заштита на податоци

Атмосферата беше динамична и практична – преку студии на случај, дискусии и интерактивни задачи, учесниците стекнаа алатки за да изградат функционални тимови и системи кои знаат како да реагираат под притисок.

Благодарност до Наталија за инспиративното предавање и практичните совети, како и до компаниите кои испратија свои тимови на работилницата: Flex Credit, UNIJA SMART ACCOUNTING, Lear Corporation, HALK OSIGURUVANJE, AMSM, Amphenol Technology Macedonia, HTL MACEDONIA, ASEE, EUROINS INSURANCE, Kessler Macedonia, A1 Macedonia, Quipu.

Благодарност и до нашите генарални спонзори Motivi Employments и Pikasa Analytics за неизмерната поддршка.

Ви благодариме за вашето присуство и одличната енергија!

Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!

Во прилог галерија од фотографии:

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »