Промовирани огласи »

Сите камери на „Сејф сити“ на апликацијата Waze – вози без грижа

Не дозволувај да те изненади „Сејф сити“ – користи Waze

Проектот Сејф сити сега влегува во тест-фаза, но возачите низ целата земја веќе пронајдоа практично дигитално решение за полесно снаоѓање со новите правила и масовното мерење на брзина. Навигациската апликација Waze се покажува како најкорисен сообраќаен асистент, бидејќи ги прикажува речиси сите локации на камерите за мерење брзина.

Waze е апликација (Android, iOS) која во реално време им нуди на возачите важни информации за патот. Сега, речиси целата мрежа на камерите поставени од „Сејф сити“ е мапирана од самите корисници. Апликацијата овозможува:

  • прецизна мапа на сите камери – фиксни, мобилни и новопоставени,
  • гласовно предупредување при приближување кон камера,
  • информации за полиција, радари, патни работи и метеж внесени од корисниците,
  • автоматско пресметување на најбезбедна рута и
  • можност самите возачи да пријавуваат нови локации, со што мрежата постојано се ажурира.

Со Waze, возачите можат полесно да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци, да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера и да ја планираат рутата без страв од непријатни изненадувања. Принципот на работа е заеднички – колку повеќе возачи ја користат апликацијата, толку информациите стануваат поточни и побрзо се ажурираат, вклучувајќи ги и најновите камери на „Сејф сити“. Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на пријави за камери на Waze забележа значителен пораст, што ја прави апликацијата клучна алатка за сите кои сакаат да возат безбедно и да избегнат ненамерни прекршоци.

Тагови: МВР Сејф сити - Безбеден град Waze

Промовирани огласи »

Избрани идните стипендисти за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје

Конечна ранг листа на стипендисти студенти за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје

ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ" – Скопје додели 40 нови стипендии за учебната 2025/26 година

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Фармацевтскиот факултет – Скопје според програмата за работа на Фондацијата за 2025 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-46/1 од 02.12.2025 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација ја објавува

Конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:

Студенти од трета година на студиска програма за магистер по фармација

  1. Теа Колевска
  2. Каменка Николова
  3. Гала Стојановска
  4. Христина Марковска
  5. Марија Димитрова
  6. Евгенија Ристеска
  7. Стефан Трајковски
  8. Мила Стојановска
  9. Адела Маловска

Студенти од четврта година на студиска програма за магистер по фармација

  1. Јоана Илиевска
  2. Марија Трпеска
  3. Андријана Коцевска
  4. Ива Јуришиќ
  5. Давид Додевски
  6. Анастасија Димитријевиќ
  7. Ангела Ѓоргиевска
  8. Теона Гаџоска
  9. Ангела Јованоска
  10. Ана Димитриевска
  11. Сара Алексовска

Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација во состав: Проф. Др. Зоран Стерјев – Претседател на комисијата, Проф. Др. Ана Поцева Пановска, Проф. Др. Ѓоше Стефков, Г-дин Бојан Георгиев, и Г-ѓа Наташа Вучидолова Ристовска – членови на комисијата.

Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Медицинскиот факултет – Скопје според програмата за работа на Фондацијата за 2025 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-48/1 од 02.12.2025 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина ја објавува

Конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:

Студенти од трета година на општа медицина

  1. Наталија Николовска
  2. Андреј Тодоров
  3. Инес Негриеска
  4. Моника Нановска
  5. Борјана Трајкова
  6. Емили Обочки
  7. Бистра Младеновска
  8. Дијана Пенова
  9. Катерина Бицеска
  10. Дарко Палиќ

Студенти од четврта година на општа медицина

  1. Евгенија Ристова
  2. Матеј Јорданоски
  3. Славјана Иваноска
  4. Софија Тодороска
  5. Даниел Зарев
  6. Борис Фенев
  7. Денис Новчевиќ
  8. Петар Стефановски
  9. Карла Карина Арнаудова
  10. Михаела Слезенковска

Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина во состав: Проф. Др. Светозар Антовиќ – Претседател на комисијата, Проф. Др. Јулија Живадиновиќ Богдановскa, Проф. Др. Димче Зафиров, Доц. Др. Васил Папестиев, Г-ѓа Надица Танчева и Г-ѓа Наташа Вучидолова Ристовска – членови на комисијата.

Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.

Тагови: стипендија Алкалоид АД Скопје

Промовирани огласи »

Еве кој ќе ја плаќа ако друг го вози возилото кое е во ваша сопственост

Новите правила предвидуваат казните да се пишуваат на сопствениците на возилата, освен ако во рок од 8 дена не го пријават вистинскиот прекршител. Еве што значи тоа за возачите и за безбедноста во сообраќајот.

Казните за сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Сејф сити“ ќе се издаваат на сопственикот на возилото, без разлика кој го управувал во моментот на прекршокот. Доколку друго лице го возело возилото, сопственикот има обврска во рок од осум дена да го пријави вистинскиот возач и да го доведе во надлежната полициска единица.

Во полиција, возачот што го сторил прекршокот треба да даде изјава дека ја презема и ја признава казната. Алтернативно, преземањето на одговорност може да се формализира и со потпишана нотарска изјава, се наведува во правните поуки на записник-опомена во кој редакцијата имаше увид. Со ова се овозможува казната правно да се пренасочи од сопственикот на вистинскиот прекршител.

За целосна примена на системот, потребно е Собранието да ги доврши измените на Законот за прекршоци, кои се веќе во парламентарна процедура. Проектот „Сејф сити“ има за цел значително да го намали бројот на жртви во сообраќајот и да го ограничи бројот на сообраќајни прекршоци преку построга и поефикасна контрола.

Тагови: казни Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Ажурирање на телефонски број во Сејф сити – што треба да знаете

Ја откриваме вистинската постапка за ажурирање на број во Сејф сити

Сејф сити е систем кој ги поврзува сообраќајните камери низ државата со база на податоци за регистрирани возила, со цел побрза и поефикасна детекција на прекршоци и навремено информирање на возачите. За ова да функционира, при регистрација на автомобил се внесува телефонски број и е-мејл адреса, преку кои возачот ќе добива СМС или електронски известувања за сите забележани прекршоци или задолженија.

Кога станува збор за промена на телефонскиот број, важно е да се знае дека моментално нема јавно објавена стандардизирана постапка од МВР за ажурирање на овој податок. Најдобриот чекор е да ги провериш документите од регистрацијата за да видиш кој број е запишан, а потоа да се обратиш во организационата единица на МВР каде што е регистрирано возилото. Таму можат да ти дадат точни информации дали е можно да се смени бројот и кои чекори треба да ги преземеш.

На крајот, важно е твоите контакт-податоци да бидат точни и активни. Така ќе осигураш дека секое известување од Safe City ќе стигне навреме и без проблем, што може да помогне да избегнеш недоразбирања, дополнителни трошоци или задоцнети обврски. Добрата комуникација со системот е едноставна, но многу значи за безбедно и организирано учество во сообраќајот.

Тагови: МВР Сејф сити - Безбеден град телефонски број

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »