Промовирани огласи »

Кога работата почнува да влијае негативно на вас – предупредувачки сигнали

Прочитајте го ова пред да кажете „само уште малку ќе издржам“

Работата е важен дел од нашиот живот, но таа не треба да биде извор на постојан стрес, исцрпеност и незадоволство. Понекогаш промените се случуваат тивко – сè додека не станат премногу очигледни за да се игнорираат. Препознавањето на предупредувачките сигнали навреме може да ви помогне да го заштитите и вашето ментално здравје и вашата кариера.

Постојана исцрпеност, дури и по одмор

Ако чувството на замор не исчезнува ни по викенд или слободни денови, тоа е јасен знак дека работата ве исцрпува повеќе отколку што треба. Хроничната исцрпеност често укажува на прекумерен притисок, нереални очекувања или недостаток на поддршка.

Губење мотивација и ентузијазам

Кога задачите што некогаш ве мотивирале сега ви создаваат отпор, апатија или рамнодушност, проблемот ретко е во самата работа. Почесто, тоа е резултат на токсична атмосфера, лоша комуникација или чувство дека вашиот труд не се вреднува.

Постојан стрес и анксиозност поврзани со работата

Ако често размислувате за работата надвор од работното време, чувствувате напнатост пред секој работен ден или имате физички симптоми како главоболки и несоница – тоа се сериозни предупредувачки сигнали. Стресот што станува „нормала“ не е дел од здрава работна средина.

Нарушени односи и чувство на изолација

Работната средина во која доминираат конфликти, озборувања или недоверба може значително да влијае врз вашата самодоверба. Ако се чувствувате изолирано, несигурно да го искажете своето мислење или постојано на штрек, тоа е знак дека атмосферата не е поддржувачка.

Работата влијае на вашиот приватен живот

Кога фрустрацијата од работа се пренесува дома, влијае на вашето расположение, односите со блиските или квалитетот на слободното време – тоа е јасен показател дека балансот е нарушен.

Чувство дека „нешто не е во ред“, но го игнорирате

Интуицијата често прва реагира. Ако постојано си велите дека „ќе помине“ или „така е насекаде“, време е да застанете и реално да ја процените ситуацијата.

Што можете да направите?

Првиот чекор е да си дозволите да ги препознаете овие сигнали без вина. Разговор со надредените, поставување јасни граници или истражување нови можности се легитимни и здрави чекори. Работата треба да биде простор за раст, а не извор на постојано исцрпување.

Запомнете: грижата за себе не е слабост – таа е предуслов за долгорочен професионален успех.

Прочитајте и за: Поставување граници без драма на работното место.

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Советот на Град Скопје одлучи: 25 милиони денари за „смарт зелен бран“ во сообраќајот

Средствата ќе бидат наменети за Центарот за управување и контрола на сообраќај.

Советот на Град Скопје на шестата седница донесе одлука да предвиди 25 милиони денари за модернизација на системите за управување со сообраќајот и воведување на таканаречен „смарт зелен бран“. Средствата се наменети за Центарот за управување и контрола на сообраќај, информира претседателот на Советот, Даме Димитровски.

Со оваа инвестиција се планира унапредување на функционирањето на Центарот, редовно одржување на постојните системи, како и развивање нови, паметни и современи сообраќајни решенија поврзани со сигнализацијата. Целта е поефикасно управување со светлосната сигнализација и подобро приспособување на системот на реалните услови на улиците во градот.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека наместо застарениот концепт на „зелен бран“ од минатото, ќе се воведе паметен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила. Новиот „смарт зелен бран“ треба да ги намали сообраќајните гужви и да овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје.

Тагови: Скопје сообраќај зелен бран

Промовирани огласи »

Дали ќе има промени во времето?

Променливо време низ Македонија

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките планински предели ќе има снег. Поинтензивни врнежи се очекуваат во јужните региони, а во текот на ноќта и во западните делови. Ќе дува слаб ветер, најчесто од северозападен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко, со повремени врнежи од дожд.
Температурата ќе изнесува 7°C, атмосферскиот притисок 960 hPa, влажноста на воздухот 85%, а брзината на ветерот 2 m/s.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

4.2.2026 Среда   / 07:41   17:57
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























3

3

3

3

3

3

3

3

3

4

4

3

3

4

4

4

4

5

5

5

5
5.2.2026 Четврток   / 10° 07:40   17:59
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h














10°
10°
10°
10°







4

4

3

3

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

1

1

1

1

1

1

1
6.2.2026 Петок   / 07:39   18:00
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























1

1

2

1

1

1

2

1

1

2

2

2

3

3

3

2

2

2

2

3

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Дамјан Ристовски: Младиот ткајач кој ја оживува македонската традиција и народните носии

Разбојот како мир, ткаењето како уметност

Кој е Дамјан Ристовски? Кажи ни нешто повеќе за себе.

Искрено, најтешко ми е кога треба да зборувам за себе, но ќе се обидам накратко да се претставам. Доаѓам од скромно семејство во кое отсекогаш се почитувале традициите, а токму таквото воспитување ме научи да ги негувам, применувам и да ги оттргнувам од заборав.

Средното образование го завршив во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, на насоката за традиционална музика и игра, а потоа се надградував на ПМФ, на Катедрата за етнологија и антропологија. Тоа беа единствените патишта на кои се гледав себеси – прво како ученик, а подоцна и како студент.

Со ткаењето се занимавам веќе десет години, а како најголем успех го издвојувам дуќанот за народни носии во центарот на градот – место каде што ткаењето не е само занает, туку жива традиција што продолжува да се негува и одржува

Колку детството и средината во која си израснал влијаеја врз тоа што денес го работиш?

Искрено, детството и средината во која израснав имаа големо влијание врз тоа што го работам денес. Имав среќа да растам со баба и дедо, од кои природно се пренесуваа традициите, обичаите, песните, начинот на ткаење и многу други стари, веќе подзаборавени вредности.

Како изгледаше твојата прва средба со вештината на ткаење и работата на разбој?

Можам да кажам дека мојата приказна со ткаењето започна сосема случајно. Сè започна со една снимка на YouTube, од која се роди желбата да ткаам на разбој. Подоцна пронајдов разбој, го купив и почнав да ткаам, а денес веќе професионално се занимавам со оваа вештина.

Кој дел од процесот на изработка на традиционална носија ти е најпредизвикувачки, а кој најисполнувачки?

Искрено, сновењето – односно подготовката на основата за разбојот – е најкомплицираниот дел од процесот. Понекогаш трае и по неколку часа и навистина бара голема прецизност и внимание за да не се направи грешка. Најисполнувачкиот дел, дефинитивно, е самото ткаење. Шарањето на платното што се создава е вистинска уметност и процес што бара многу време, трпение и посветеност.

Дали има некоја носија или предмет што за тебе има посебна емоционална или културна вредност?

Секако дека има. Поседувам носии кои се дел од моето семејство, наследени од моите баби и прабаби, и токму тие ми се најдраги во колекцијата, бидејќи имаат посебна емоционална и културна вредност за мене.

Како изгледа еден твој „обичен“ ден кога работиш на терен или на разбој?

Искрено, кога се работи на разбој, сè друго се остава настрана. Се „влегува“ во разбојот и целото внимание и мисли се насочени кон ткаењето. Тоа е процес кој многу му годи на ткајачот – носи смиреност, релаксација и вистинско уживање во работата.

Работата на терен, пак, е нешто што навистина треба да се доживее. Топлината на луѓето, разговорите со бабите кои раскажуваат за своите свадби и убавите моменти од животот – сето тоа е едно посебно искуство. Секој терен е различен, секое село има своја приказна, но топлината и желбата за разговор се насекаде исти.

Што следно планираш – има ли нов проект или истражување што можеш да ни го најавиш?

За мене, 2026 година е јубилејна и по тој повод ќе биде објавен мојот втор каталог за народни носии. Во него ќе бидат претставени носии од мојата колекција, собирани во изминатите десет години. Секако, се работи и на други проекти, но овој ќе заземе најмногу време и внимание, со цел да биде завршен како што доликува на една деценија вложен труд.

Тагови: обичаи традиции уметност носии

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »