Промовирани огласи »

Кажете збогум на паузите за удобност!

Нов изум за продуктивност: Тоалет што ги брка вработените по 5 минути

Британскиот стартап StandardToilet разви необично и контроверзно решение – WC-седиште накосено под агол од 13 степени, со цел да го ограничи времето кое корисниците го поминуваат седејќи. Ваквиот дизајн создава дополнителен притисок врз нозете, сличен на позиција на чучнување, што го прави седењето непријатно по неколку минути.

Компанијата го промовира овој производ како алатка за бизнисите за зголемување на продуктивноста, тврдејќи дека со тоа ќе се намали користењето на социјалните мрежи за време на паузите во тоалет. Според нивните проценки, ваквиот пристап би можел значително да ги намали изгубените работни часови и да донесе големи заштеди за работодавците.

Сепак, изумот предизвика силни реакции кај јавноста и организациите за работнички права, кои предупредуваат дека ваквите мерки го ставаат профитот пред човечкото достоинство. Дополнително, се посочува дека ваквото решение може да биде проблематично и дискриминирачко за лица со здравствени или физички ограничувања.

Тагови: Британија вработени работнички права StandardToilet

Промовирани огласи »

Македонија одобри 10.000 работни дозволи за странци во 2026 година

Владата ја утврди квотата за работни дозволи за странски државјани за 2026 година

Владата на Македонија ја утврди квотата за работни дозволи за странски државјани за 2026 година, со вкупно 10.000 ангажмани.

Најголемиот дел, 9.750 дозволи, е наменет за редовно вработување на странци, додека 200 се за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани.

Од квотата, 4.500 се за нови работници, а 5.250 за продолжување на дозволи за оние кои веќе работат во државата.

Министерството за економија и труд ќе го следи искористувањето на квотата и состојбата на пазарот на трудот.

Одлуката стапува на сила од денес, 16 јануари 2026 година. 

Тагови: Влада на РСМ работа странски работници

Промовирани огласи »

Драстична промена на времето за викендот

Студ, облачност и снег низ Македонија

Времето во Скопје

Во Скопје ќе биде сончево и мирно, со појава на мала облачност.
Температурата ќе изнесува околу 9°C, атмосферскиот притисок 989 hPa, влажноста на воздухот 52%, а ветерот ќе дува со брзина од околу 2 m/s.

Прогноза за претстојниот викенд

Претстојниот викенд во Македонија се очекува навлегување на постудена воздушна маса од исток и североисток, што ќе донесе забележливо опаѓање на утринските и дневните температури. Облачноста ќе се зголеми, а на повеќе места се можни слаби и повремени врнежи, кои постепено и во пониските делови и градовите ќе преминуваат во снег.

И во Скопје и околината за време на викендот ќе има повеќе облаци, со услови за слаб дожд и слаб снег. Ветерот ќе биде слаб до умерен од источен и југоисточен правец, а во недела, 18 јануари, ќе го промени правецот и ќе дува од североисток.

Температури

Минималните утрински температури во сабота, 17 јануари, ќе се движат од 1 до 5°C, додека во недела, 18 јануари, ќе бидат пониски и ќе се спуштаат од -1 до 5°C. 

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

20.1.2026 Вторник   -2° / 07:54   17:39
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h


















-1°
-2°
-2°
-2°
-2°
-2°

2

2

2

2

2

2

2
21.1.2026 Среда   -3° / 07:53   17:40
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
-2°
-3°
-3°
-3°
-2°
-3°
-3°
-2°
-2°
-2°
-1°







-1°
-1°
-1°
-1°
-2°
-2°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

2

3

3

2

2

3

3

2

2

2

2

2

1
22.1.2026 Четврток   -2° / 07:53   17:41
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
-2°
-2°
-2°
-2°
-2°
-1°
-1°
-1°
-1°
-1°















1

1

1

2

2

1

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

1

1

1

1

1

1

1

Промовирани огласи »

Позната е судбината на Мој ДДВ: Еве дали ќе се укине или не

По изјавата на директорката на УЈП дека „Мој ДДВ“ не го дава посакуваниот ефект...

За исплатата на „Мој ДДВ“ сè останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и таа ќе почне во март годинава, информира денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, повеќето од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, УЈП сето тоа треба да го објави на својата веб-страница во најкраток рок, така што очекувам за приближно два месеца, во март, компаниите да ја добијат првата половина од износот на солидарниот данок - рече Димитриеска-Кочоска на новинарско прашање.

По изјавата на директорката на УЈП дека „Мој ДДВ“ не го дава посакуваниот ефект, Димитриеска-Кочоска рече дека не се размислува за такво нешто и оти сè останува како досега.

Не, апсолутно. Јас вчера нешто потслушнав на крајот на денот бидејќи цел ден бевме оптоварени со ова, што сметам дека е еден од најголемите предизвици на државата и немав можност да ја слушнам директорката. До овој момент нема некаков извештај или информација до Министерството ниту, пак, сме разговарале воопшто дека ќе го менуваме законот или воопшто ќе дискутираме за „Мој ДДВ“, така што не можам да кажам дека ќе има какви било промени, туку, напротив, сè останува како што беше досега - рече Димитриеска-Кочоска.

Таа вели дека до овој момент нема информација дека е укинат Законот за минималниот глобален данок посочувајќи дека законот и подзаконските акти се идентични како и во другите држави.

Првпат слушам дека има какво било поништување, ако има, тогаш ќе кажам, жал ми е, затоа што тој данок компаниите ќе го платат во своите матични земји. Целта на минималниот глобален данок е да не избегаат парите и компаниите да ги платат во своите матични земји, туку да ги платат тука. Значи, компаниите не може да избегаат од обврската да го платат тој данок. До овој момент, ниту имам некаква информација дека е укинат ниту што било затоа што тоа е нешто што се воведе, би рекла, на светско ниво. ОЕЦД го спроведуваше и тука направивме идентичен закон како во сите други земји, дури и подзаконските акти речиси на крајот на годината ги носевме од причина што чекавме и другите земји да ги подготват. Ако ова се случило, тоа значи дека некој оди против оваа држава. За данок што треба да се плати и ако не го платат тука, ќе се плати во матичната земја, навистина поразително е ние да се откажеме од нешто што компанијата ќе го плати - рече Димитриеска-Кочоска.

Тагови: исплата Мој ДДВ УЈП

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »