BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и Соединетите Американски Држави.
Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција. Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата.
Како дел од BALFIN Group, Нептун Македонија игра клучна улога во секторот малопродажба, со фокус на ефикасни оперативни процеси и високи стандарди во синџирот на снабдување. Во насока на понатамошно унапредување на логистичките операции, објавуваме оглас за работно место:
РАКОВОДИТЕЛ НА ЛОГИСТИКА
(управување со 3PL провајдер)
Клучни одговорности:
- Стратешко управување со логистиката преку 3PL: дефинира и одржува оперативен модел, KPI рамка и годишен план за логистика во соработка со логистичкиот провајдер
- Поставува и следи KPI’s (On‑Time Delivery, Fill Rate, Picking Accuracy, Dock‑to‑Stock, Lead Time, Cost per Order/Unit, Damage Rate), спроведува месечни/квартални прегледи на перформанси и иницира планови за подобрување
- Учествува во преговарање/ажурирање на договори, тарифници и SLA; следи трошоци (транспорт, складирање, манипулации) и осигурува усогласеност со буџет
- Обезбедува дневна/неделна координација со 3PL за прием, складирање, комплетирање и испорака; правовремено решава ескалации (доцнења, оштетувања, недостиг)
- Прогнозира обем, управува со peak периоди и промоции; иницира дополнителни ресурси/рути во координација со 3PL
- Одобрува планови за рутирање, следи навремена испорака кон продавници/клиенти и предлага подобрувања
- Бара и прегледува циклусни и годишни пописи; следи точност на залихи, aging, оштетувања и причински анализи; координира корективни мерки со 3PL
- Обезбедува усогласеност со законска регулатива, стандарди за БЗР, безбедно ракување и интерни политики на Нептун/BALFIN Group
- Подготвува редовни извештаи (KPI dashboard, трошоци, сервисни нивоа, инциденти), изведува root‑cause анализи и препорачува мерки за унапредување.
- Учествува во имплементација/интеграција на системи (ERP/WMS/TMS) и обезбедува точен data exchange
- Соработува блиску со продажба, е‑трговија, набавка и финансии за планирања, лансирања и кампањи
- Развива планови за континуитет на работење (BCP) за логистика и управување со ризици
Потребни квалификации и вештини:
- Високо образование; предност: логистика, менаџмент, економија, индустриско инженерство или сродни области
- 5+ години релевантно искуство во логистика, од кои најмалку 3 години со управување со 3PL/outsourcing или координација на магацин и транспорт преку надворешен провајдер
- Темелно познавање на логистички процеси, KPI и буџетирање; искуство со WMS/ERP системи и Excel/аналитика.
- Одлично познавање на англиски јазик (усно и писмено)
- Силни организациски, аналитички и комуникациски вештини; способност за влијание без формална хиерархија кон надворешни тимови
- Проактивност, ориентација кон резултати и континуирани подобрувања
- Познавање на БЗР стандарди и регулатива во домен на транспорт и складирање.
Што нудиме:
- Работа во стабилна и меѓународно присутна групација
- Раководна улога со директно влијание врз клиентското искуство и ефикасноста на синџирот на снабдување
- Динамична средина и соработка со повеќе деловни функции
- Способност за донесување одлуки и управување со процеси во динамична средина
Доколку сте подготвени за предизвик и сакате да бидете дел од амбициозен тим кој поставува стандарди, аплицирајте преку означеното поле, најдоцна до 26.01.2026