Промовирани огласи »

7 докажани совети за мотивирање на успешен работен тим

Луѓето не се мотивираат со притисок, туку со доверба!

Успешниот работен тим не се мотивира само со резултати и бонуси. Кога тимот веќе постигнува добри резултати, вистинскиот предизвик е како да се задржи енергијата, фокусот и желбата за напредок. Еве 7 докажани совети што им помагаат на лидерите да ја одржат мотивацијата на високо ниво.

1. Признајте го успехот – јавно и искрено

Луѓето сакаат да знаат дека нивниот труд е забележан. Јавното признание, пофалбата на состанок или едноставно „браво“ во вистински момент имаат огромен ефект врз мотивацијата.

2. Поставувајте нови предизвици

Кога нема предизвик, мотивацијата паѓа. Дајте им на успешните вработени нови цели, проекти или одговорности што ќе ги поттикнат да излезат од комфор зоната.

3. Вклучете го тимот во донесување одлуки

Кога вработените имаат глас, тие чувствуваат поголема припадност и одговорност. Прашајте ги за мислење, идеи и решенија – често тие знаат што најдобро функционира.

4. Инвестирајте во нивен развој

Обуки, менторство и можности за учење се силен мотиватор. Тим кој гледа перспектива за раст е тим што останува ангажиран и лојален.

5. Одржувајте здрава работна атмосфера

Мотивацијата не може да опстои во токсична средина. Поттикнувајте отворена комуникација, меѓусебна почит и баланс помеѓу работата и приватниот живот.

6. Дајте автономија и доверба

Контролата ја убива мотивацијата. Дозволете му на тимот самостојно да организира задачи и да носи одлуки – довербата создава чувство на вредност и одговорност.

7. Поврзете ја работата со поголема цел

Луѓето се мотивирани кога знаат зошто работат. Покажете како нивниот труд придонесува за успехот на компанијата, тимот или за пошироката заедница.

Мотивирањето на успешен работен тим не е еднократна акција, туку континуиран процес. Кога лидерите инвестираат во луѓето, резултатите доаѓаат природно.

Прочитајте и за: Како работната средина влијае врз нивото на стрес.

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Видео: Василичарски оган под вода во Охридското Езеро

Нуркачи традиционално кај Музејот на вода во Охрид го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година.

Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година.

Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организацијата во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите во Охрид

Тагови: василица Охрид Охридско Езеро

Промовирани огласи »

За шест години пораст од 30, на 200 елени - одлични резултати од работата на репродуктивниот центар и тројцата ренџери во НП Галичица

Одлични резултати од работата на репродуктивниот центар и тројцата ренџери во Националниот парк „Галичица“!

Националниот парк Галичица информира дека во репродуктивниот центар за елени од 2019 година кога имало околу 30 единки, денес популацијата е зголемена на над 200 елени.

Видеото со елените што го објави Паркот пред неколку дена предизвика голем интерес во јавноста и отвори многу прашања во врска со грижата, исхраната и безбедноста од ловџии.

Како одговор на прашањата, Паркот денеска објави фотографии од репродуктивниот центар и од секојдневната грижа што се вложува во него.

„Нашиот посветен ренџер Лазе, заедно со неговите помошници Јане и Кире, секојдневно се на терен – обезбедуваат храна и вода, вршат редовни контроли и се грижат за безбедноста и благосостојбата на елените, велат од Паркот Галичица.

Покрај постојаното присуство на ренџерската служба, центарот е опремен и со видео-надзор камери, кои овозможуваат дополнителна, непосредна заштита и навремена реакција.

Репродуктивниот центар е отворен во 2019 година со цел активно управување со високопланинските пасишта, заштита и обновување на популацијата на елени и долгорочно зачувување на биолошката разновидност во паркот.

Тагови: Македонија Националниот парк Галичица ренџери елени

Промовирани огласи »

Кои се вашите права за користење на годишен одмор и колку денови ве следуваат

Ова се вашите права за користење на годишен одмор...

Согласно Законот за работни односи, секој вработен има право на платен годишен одмор во траење од најмалку 20, а најмногу 26 работни дена во текот на една календарска година.

Годишниот одмор може да се користи во два дела. Првиот дел мора да изнесува најмалку 12 работни дена и задолжително да се искористи до крајот на тековната година, додека преостанатиот дел може да се искористи најдоцна до 30 јуни наредната година.

При пресметката на годишниот одмор не се вклучуваат државните празници, саботите и неделите, како и отсуствата поради боледување или други форми на оправдано отсуство од работа.

Лицата кои работат без формален работен однос, како што се непријавените работници или таканаречените „хонорарци“, не се опфатени со Законот за работни односи. Сепак, останува морална обврска на работодавачите кои ги ангажираат да обезбедат фер и еднаков третман во однос на користењето одмор, споредлив со оној на редовно вработените.

Законот предвидува прекршочни санкции за работодавачите кои не им овозможуваат на вработените користење на годишен одмор согласно законските одредби или кои не издаваат писмено решение за одмор, кое претставува доказ при инспекциски надзор.

Во секоја компанија, користењето на годишниот одмор треба да биде организирано според однапред утврден план, а вработениот мора да добие писмен документ за одобрен одмор, потпишан и од работодавачот и од самиот вработен.

Доколку поради работните обврски вработениот е ангажиран за време на државен празник, работодавачот има обврска да исплати соодветна празнична дневниц

Тагови: годишен одмор работнички права

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »