Промовирани огласи »

За шест години пораст од 30, на 200 елени - одлични резултати од работата на репродуктивниот центар и тројцата ренџери во НП Галичица

Одлични резултати од работата на репродуктивниот центар и тројцата ренџери во Националниот парк „Галичица“!

Националниот парк Галичица информира дека во репродуктивниот центар за елени од 2019 година кога имало околу 30 единки, денес популацијата е зголемена на над 200 елени.

Видеото со елените што го објави Паркот пред неколку дена предизвика голем интерес во јавноста и отвори многу прашања во врска со грижата, исхраната и безбедноста од ловџии.

Како одговор на прашањата, Паркот денеска објави фотографии од репродуктивниот центар и од секојдневната грижа што се вложува во него.

„Нашиот посветен ренџер Лазе, заедно со неговите помошници Јане и Кире, секојдневно се на терен – обезбедуваат храна и вода, вршат редовни контроли и се грижат за безбедноста и благосостојбата на елените, велат од Паркот Галичица.

Покрај постојаното присуство на ренџерската служба, центарот е опремен и со видео-надзор камери, кои овозможуваат дополнителна, непосредна заштита и навремена реакција.

Репродуктивниот центар е отворен во 2019 година со цел активно управување со високопланинските пасишта, заштита и обновување на популацијата на елени и долгорочно зачувување на биолошката разновидност во паркот.

Тагови: Македонија Националниот парк Галичица ренџери елени

Промовирани огласи »

Кои се вашите права за користење на годишен одмор и колку денови ве следуваат

Ова се вашите права за користење на годишен одмор...

Согласно Законот за работни односи, секој вработен има право на платен годишен одмор во траење од најмалку 20, а најмногу 26 работни дена во текот на една календарска година.

Годишниот одмор може да се користи во два дела. Првиот дел мора да изнесува најмалку 12 работни дена и задолжително да се искористи до крајот на тековната година, додека преостанатиот дел може да се искористи најдоцна до 30 јуни наредната година.

При пресметката на годишниот одмор не се вклучуваат државните празници, саботите и неделите, како и отсуствата поради боледување или други форми на оправдано отсуство од работа.

Лицата кои работат без формален работен однос, како што се непријавените работници или таканаречените „хонорарци“, не се опфатени со Законот за работни односи. Сепак, останува морална обврска на работодавачите кои ги ангажираат да обезбедат фер и еднаков третман во однос на користењето одмор, споредлив со оној на редовно вработените.

Законот предвидува прекршочни санкции за работодавачите кои не им овозможуваат на вработените користење на годишен одмор согласно законските одредби или кои не издаваат писмено решение за одмор, кое претставува доказ при инспекциски надзор.

Во секоја компанија, користењето на годишниот одмор треба да биде организирано според однапред утврден план, а вработениот мора да добие писмен документ за одобрен одмор, потпишан и од работодавачот и од самиот вработен.

Доколку поради работните обврски вработениот е ангажиран за време на државен празник, работодавачот има обврска да исплати соодветна празнична дневниц

Тагови: годишен одмор работнички права

Промовирани огласи »

Како се празнува Василица кај нас

Традиција, среќа и нов почеток

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ја дочекуваат Старата нова година, која официјално започнува утре, на 14 јануари, со празникот Василица. Овој ден е посветен на Свети Василиј Велики и традиционално се одбележува од верниците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и од други православни заедници што ги следат празниците според стариот календар.

Во македонската традиција, Василица се смета за празник што симболизира нов почеток, благосостојба, здравје и надеж. Во домовите се подготвува свечена трпеза, а централно место зазема василичарската пита или погача со скриена паричка. Според верувањата, оној што ќе ја пронајде паричката ќе има среќна и успешна година.

Прославувањето на Василица е збогатено со различни обичаи што варираат од еден до друг крај на земјата. Во некои средини се организираат василичарски поворки, маскирани дефилеи и јавни настани исполнети со хумор и народна традиција, додека во други места празникот се одбележува потивко, во семејна атмосфера, со молитва и заедничка трпеза.

Иако Старата нова година не е прогласена за официјален државен празник, Василица и понатаму има значајна улога во културниот и духовниот живот. Таа останува жив симбол на традицијата, празник што ги спојува генерациите и ја чува врската меѓу минатото и сегашноста како дел од колективниот идентитет.

Тагови: василица обичаи традиции

Промовирани огласи »

Вработување во Лидл!

Огласи за работа во Лидл!

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално се отворени следниве позиции:

Специјалист за синџир на набавки
Царински декларант (без лиценца)
Консултант за свежи и замрзнати прехранбени производи
Специјалист за привлекување на таленти
Мастер дата специјалист во оддел набавки

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Лидл, не се двоумете и аплицирајте веднаш!

Се уште сте во потрага по ново работно место? Сите останати огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Лидл Северна Македонија дооел

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »