Промовирани огласи »

Полска воведува нула данок на личен доход за родители со најмалку две деца

Новата полска реформа ги ослободува родителите со две или повеќе деца од данок на личен доход до 140.000 злоти годишно, но експертите предупредуваат дека најмногу ќе добијат побогатите семејства.

Претседателот на Полска потпиша нов закон со кој се воведува данок од нула проценти на личен доход (PIT) за родители што одгледуваат најмалку две деца, за годишни приходи до 140.000 злоти (околу 32.973 евра). Мерката, еден од клучните столбови на кампањата на Карол Навроцки и дел од поголемиот пакет „даночен оклоп“, има за цел да го намали даночниот товар на семејствата, да го зголеми расположливиот доход и да ја поттикне потрошувачката и економската активност. Освен биолошки родители, правото на ослободување го добиваат и старатели и хранителни семејства, а претседателската канцеларија проценува дека просечно полско семејство би можело да биде подобро за околу 1.000 злоти (235 евра) месечно, што реално ќе се види во даночните пријави за 2026 година.

Новиот закон е само еден дел од пошироката реформа која предвидува и намалување на ДДВ од 23% на 22%, укинување на данокот на капитална добивка и воведување квотна индексација на пензиите. Според претседателската канцеларија, програмата ќе се финансира преку „заштита“ и затегнување на даночниот систем во висина од 14 милијарди злоти (3 милијарди евра), но финансиски експерти се скептични дека оваа сума е достижна само на тој начин. Даночни советници предупредуваат дека најголем бенефит ќе имаат домаќинствата со повисоки приходи: семејство со месечен бруто приход од 7.000 злоти може да заштеди околу 395 злоти, додека оние со 12.000 злоти ќе заштедат до 913 злоти месечно, наспроти најсиромашните кои ќе видат заштеда од околу 75 злоти или воопшто нема да имаат промена ако и сега се под прагот на даночното ослободување.

И покрај критиките, првичните реакции во јавноста се претежно позитивни. На јавните консултации одржани на 11 септември за нацрт-законот, во кои учествуваа 476 граѓани, околу 76% изразиле став дека новиот даночен закон е „дефинитивно потребен“, додека 16% биле силно против. Дополнително, 66% од учесниците позитивно ја оцениле официјалната проценка на економските и фискалните ефекти од воведувањето на нула PIT за семејства со две или повеќе деца, иако 10–11% изразиле несогласување, укажувајќи на поделбите околу тоа кој навистина ќе профитира од оваа амбициозна даночна реформа.

Тагови: данок Полска родител

Промовирани огласи »

Денеска исплата на декемвриските пензии, во април ново зголемување

Пензионерите денеска ќе добијат пари од пензиите.

Завршени сите подготовки за исплата на пензиите за месец декември 2025 година, соопшти Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ), пред празникот. Оттаму посочија дека поради новогодишниот празник (1 јануари), средствата ќе бидат префрлени до деловните банки денеска.

За оваа намена обезбедени се 9.289.521.686,00 денари, а пензија ќе добијат вкупно 340.156 пензионери.

Од ПИОМ нагласуваат дека податоците веќе се доставени до деловните банки, со што се гарантира дека процесот ќе се одвива ефикасно и без доцнење.

Како институција одговорна за социјалната сигурност на пензионерите, Фондот навремено ги заврши сите подготовки за непречена реализација на исплатата, стои во соопштението. 

Премиерот Христијан Мицкоски вчера потврди дека во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите.

Во изјава за медиумите дадена во Кавадарци, премиерот рече дека статистичките податоци за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент ја оправдуваат политиката за линеарното зголемување на пензиите. 

Тагови: пензија пензионери ПИОМ

Промовирани огласи »

Временска прогноза за денес

Македонија под влијание на студено и променливо време

Ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени сончеви интервали. Во попладневните часови, главно во западните краишта, се очекува појава на локален дожд, додека на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје ќе има променлива облачност и ниски температури, со умерен јужен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

20.1.2026 Вторник   -2° 07:54   17:39
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h





















-2°
-2°
-2°

2

2

2
21.1.2026 Среда   -3° / 07:53   17:40
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
-2°
-3°
-3°
-3°
-2°
-3°
-3°
-2°
-2°
-2°
-1°







-1°
-1°
-1°
-1°
-2°
-2°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

2

3

3

2

2

3

3

2

2

2

2

2

1
22.1.2026 Четврток   -2° / 07:53   17:41
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
-2°
-2°
-2°
-2°
-2°
-1°
-1°
-1°
-1°
-1°















1

1

1

2

2

1

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

1

1

1

1

1

1

1

Промовирани огласи »

Како со правилна храна и пијалаци да ја ублажите подуеноста по празнично прејадување

Оваа храна и пијалаци помагаат против подуеност

Празниците често носат богати трпези, многу слатки и тешки јадења, а чувството на подуеност и тежина знае да се појави уште истиот ден. Наместо целосно да се лишувате или да прескокнувате оброци, малите промени во изборот на храна и пијалаци можат значително да помогнат телото полесно да се врати во рамнотежа.

Топол чај од нане, ѓумбир или камилица е еден од најдобрите сојузници против подуеност, бидејќи го смирува дигестивниот систем и ја намалува надуеноста. Јогурт или кефир со пробиотици помагаат во обновување на цревната флора, додека лесни овошја како ананас, папаја или киви го олеснуваат варењето благодарение на природните ензими. Краставица, тиквички и зелена салата, пак, придонесуваат за хидратација и намалување на задржувањето течности.

За побрзо олеснување, важно е и да пиете доволно вода, да избегнувате газирани пијалаци и да се движите лесно – дури и кратка прошетка може да направи разлика. Наместо нови тешки оброци, изберете полесна храна и слушајте го телото. Со правилен избор и умереност, чувството на подуеност брзо ќе се намали, а празничните денови ќе продолжат без непријатности.

Тагови: здрав напиток здрава храна здравје празници

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »