Промовирани огласи »

Посмртнината за пензионерите се зголемува од 35.000 на 40.000 денари, одлучи Управниот одбор на Фондот на ПИОМ

ПИОМ ја зголеми посмртнината за пензионерите за 5.000 денари, со цел да се ублажат растечките трошоци за погребни услуги и економската неизвесност.

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ донесе одлука за зголемување на посмртнината за пензионерите од досегашните 35.000 на 40.000 денари, со што семејствата на починатите корисници ќе добијат повисока финансиска поддршка во најтешките моменти. Мерката е иницирана од Регистрираната организација за Солидарен фонд, како одговор на значително зголемените трошоци за погребни услуги во земјава.

За да се обезбеди финансиска стабилност и ликвидност на Солидарниот фонд, месечната задршка од пензиите се зголемува од 140 на 150 денари. Членката на Управниот одбор на ПИОМ и претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, нагласи дека ова минимално зголемување е неопходно, бидејќи бројот на пензионери постојано расте, а дополнителните средства овозможуваат навремена и сигурна исплата на посмртнината.

Со зголемувањето на посмртнината за 5.000 денари, институциите настојуваат да го ублажат социјалниот притисок врз пензионерите и нивните семејства во услови на продолжена економска неизвесност и раст на животните трошоци. Новата висина на посмртнината треба да помогне во полесно покривање на основните погребни расходи и да обезбеди поголема сигурност за најзагрозените категории граѓани.

Тагови: пензионери ПИОМ погребни трошоци

Промовирани огласи »

Какво време ќе преовладува денес низ земјава

Еве како ќе се менува времето во текот на денот

Утринските часови ќе бидат претежно облачни, а во крајниот југозапад се очекуваат услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот времето ќе преминува во променливо облачно со појава на сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој попладне ќе биде повремено засилен, особено дожд на Повардарието.

Во Скопје ќе преовладува променлива облачност со повремени сончеви периоди, а попладне се очекува постепено разведрување. Ќе има слаб до умерен ветер од северен правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

26.12.2025 Петок   / 06:57   16:15
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























2

3

3

3
27.12.2025 Сабота   -2° / 06:58   16:16
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

-1°
-1°
-1°
-1°
-1°
-1°
-1°
-1°












-1°
-1°
-2°

2

2

2

3

3

2

2

3

3

3

2

3

2

3

3

3

2

2

2

3

3

3

3

3
28.12.2025 Недела   -3° / 10° 06:58   16:16
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
-2°
-2°
-2°
-2°
-2°
-2°
-3°
-2°
-1°



10°








-1°
-1°
-1°

2

2

2

2

2

2

3

3

4

4

4

4

7

7

6

5

5

4

3

3

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Крај на третата сезона на „На Каде Одиме?“ со Марија Ристовска и како се гради успешна е-трговија во Македонија

Размислуваш за е-продавница? Оваа епизода мора да ја слушнеш

Со доаѓањето на крајот на годината, природно го заокружуваме и третото поглавје од подкастот „На Каде Одиме?“ 🎙️✨ Сезона исполнета со инспиративни гости, реални приказни, корисни искуства и разговори што отворија важни прашања за кариерата, бизнисот и личниот развој.

Во последната епизода од третата сезона, како наш финален гостин ни се придружува Марија Ристовска – E-commerce Project Manager, Marketing & PR Consultant и Strategist 💡🛒, професионалец со богато искуство во дигиталната трговија, маркетинг стратегиите и градењето одржливи онлајн бизниси.

Низ искрен и динамичен разговор, Марија го споделува својот професионален пат – од учеството во Grouper Work & Travel USA, па сè до активното вклучување во Асоцијацијата за е-трговија, каде што денес работи на развој и унапредување на е-commerce екосистемот кај нас. Таа зборува отворено за предизвиците, учењата и клучните моменти што ја обликувале нејзината кариера.

Во епизодата се допираат и неколку исклучително важни теми за сите што се занимаваат или размислуваат да започнат со е-трговија. Марија ги разоткрива најчестите заблуди околу е-продавниците, објаснува како изгледа успешен процес од прв контакт со клиент до реализирана продажба, и посочува на што мора особено да се внимава при отворање на онлајн продавница.

Посебен акцент се става и на тоа што можат македонските е-трговци да научат од глобалните платформи како Temu, како и кои се клучните предизвици со кои денес се соочува е-трговијата кај нас – од логистика и доверба, до корисничко искуство и дигитален маркетинг.

Оваа епизода претставува вистинско заокружување на сезоната – разговор кој носи вредни практични совети, реални примери од терен и јасна слика за тоа што значи да се гради успешен и одржлив е-commerce бизнис во современи услови.

🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify:

Крај на третата сезона на „На Каде Одиме?“ со Марија Ристовска и како се гради успешна е-трговија во Македонија

Тагови: интервју поткаст E-commerce

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник инспектор, Советник - Овластен инспектор за даноци на имот, Одделение за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, Сектор - Инспекторат на Градот Скопје - Град Скопје

Виш соработник за лиценцирање, Дирекција за лиценцирање, Стручна служба за регулатива и лиценцирање - Агенција за супервизија на осигурување

Раководител на центар за вработување Радовиш - Агенција за вработување

Даночен агент за прием, контрола и обработка на предмети, Служба за прием, контрола и обработка на предмети, Центар за наплата на глоби и други јавни приходи, Директорат за информатичка технологија и централизирани оперативни функции, Генерална дирекција - Министерство за финансии - Управа за јавни приходи

Помошник раководител на сектор за ИПА планирање, мониторинг, општи работи и внатрешна контрола, Сектор за Инструментот за претпристапна помош од ЕУ (ИПА) - Министерство за транспорт

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »