
За компанијата: ПроКредит е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување...
повеќе за компанијата »ПроКредит е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување економски раст и одржлив развој.
Бараме динамичен и комуникативен советник за клиенти со фокус на аквизиција на нови клиенти. Работата подразбира активна продажба и градење долгорочни односи со клиенти.
Главни одговорности:
- Идентификација и привлекување нови клиенти - физички лица
- Презентација на банкарски производи и услуги
- Градење доверба и одржување професионални односи
- Следење на продажниот процес и резултати во однос на поставените цели, со редовно известување до менаџментот
- Претставување на банката на настани со цел зголемување на видливоста на брендот и генерирање нови контакти
Потребни квалификации:
- Минимум 3 години докажано искуство во продажба
- Претходно искуство во финансиски сектор ќе се смета за предност
- Одлични комуникациски вештини
- Високо ниво на професионалност и ориентираност кон клиентите
- Способност за постигнување и надминување на месечни и квартални цели
Што нудиме:
- Меѓународна компанија со пријатна и отворена работна атмосфера
- Тимска соработка и култура која охрабрува проактивност и иновативни идеи
- Континуиран личен и професионален развој
- Рамна хиерархија и брзи процеси на одлучување
- Платена членарина за теретана
Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да го испратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] .
Слични огласи »