Промовирани огласи »

Емоционалната интелигенција како клуч за современо лидерство – разговор со Наташа Ивановска

Кога емоционалната интелигенција станува најсилната лидерска алатка

Се приближуваме кон самиот крај на третата сезона на подкастот „На Каде Одиме?“, а оваа епизода ја одбележуваме со разговор кој отвора длабоки и суштински теми поврзани со лидерството, личниот развој и емоциите во современиот бизнис свет. Наш гостин е Наташа Ивановска основач и директор на INSIGHT GROUP, HR консултант, бизнис тренер и коуч, со богато искуство во работа со лидери, тимови и организации.

Во разговорот со Наташа се навраќаме на прашањето дали емоционалната интелигенција е нешто со кое се раѓаме или вештина што може свесно да се развива низ животот и кариерата. Таа отворено споделува лични и професионални искуства за емоционалните предизвици со кои се соочува како лидер, како изгледа носењето одлуки под притисок и на кој начин се справува со стресни ситуации во динамична деловна средина.

Посебен акцент ставаме на балансот помеѓу рационалноста и емпатијата – каде е границата, како да се одржи здрав однос меѓу резултатите и човечката страна на лидерството и што е навистина поважно денес: техничките или емоционалните вештини. Наташа споделува конкретни алатки и практични техники кои им помагаат на идните и сегашните лидери да ја развиваат својата емоционална интелигенција и да градат посилни, поодржливи тимови.

Разговорот се осврнува и на промените што ги носи дигиталната работа и функционирањето на хибридните тимови – како тие влијаат на комуникацијата, довербата и емоционалната поврзаност меѓу луѓето, и зошто лидерството денес бара повеќе свесност, флексибилност и разбирање од кога било досега.

Оваа епизода носи инспирација, реални примери и вредни сознанија за сите кои сакаат да работат на себе, да водат со интегритет и да разберат зошто емоциите не се слабост, туку клучна сила во современиот бизнис.

Тагови: интервју поткаст

Промовирани огласи »

Еве каде загаденоста е највисока денес во Македонија

Попладневните мерења на ПМ10 честички покажуваат зголемена загаденост во неколку градови, со Тетово, Велес и Струмица на врвот на листата.

Тетово со 111 μg/m³, Велес со 106 μg/m³ и Струмица со 95 μg/m³ денес попладне се градовите со највисоки вредности на ПМ10 честички во Македонија, што според официјалната легенда спаѓа во категоријата многу висока концентрација. Зголемени нивоа се регистрирани и во Битола и Кавадарци (по 79 μg/m³), додека Гевгелија (61 μg/m³) и Гостивар (60 μg/m³) се во опсег на висока загаденост.

Скопје моментално е под овие градови со 52 μg/m³, што е веднаш над горната граница на „нормално“ ниво (50 μg/m³), а Кичево (55 μg/m³) и Охрид (39 μg/m³) покажуваат различни нивоа на загадување. Пониски вредности се измерени во Куманово (27 μg/m³), додека Лазарополе со само 2 μg/m³ останува во категоријата многу ниска концентрација, што го прави еден од местата со најчист воздух денес.

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник за човечки ресурси, Одделение за човечки ресурси, правно и архивско работење, Сектор за правно административни стручни и општи работи - ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ - Делчево

Референт администратор за истории, Сектор за административно правни, општи работи и човечки ресурси - ЈЗУ Општа болница Велес

Самостоен референт за организациски работи, Одделение за општи работи и архива, Сектор за општи работи - Министерство за транспорт

Помошник раководител на сектор за лозарство, винарство и овоштарство - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Советник инспектор за ловство за градовите Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино,Струга, Охрид и Ресен, Одделение за инспекциски надзор во ловството - Западен регион, Сектор за инспекциски надзор во ловството, Државен инспекторат за шумарство и ловство - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Нови цени на горивата од полноќ - добри вести за возачите!

Добри вести за возачите!

Од ноќеска на полноќ цените на бензините ќе се намалат за два денари, а цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од 19.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.12.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, се наведува во соопштението на РКЕ.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »