Промовирани огласи »

Форбс открива неверојатни информации за богатството на Илон Маск

Најбогатиот човек на светот далеку пред останатите на листата❗

Милијардерот Илон Маск, најбогатиот човек во светот, накратко надмина 500 милијарди долари, објави списанието Форбс во среда.

Нето вредноста на шефот на Тесла и Спејс Екс достигна 500,1 милијарда долари во среда, пред да падне на 499,1 милијарда долари, според листата „Милијардери во реално време“ на Форбс.

На листата на Форбс, по него следуваат ко-основачот на Оракл, Лари Елисон, со богатство од 350,7 милијарди долари, и извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, со богатство од 245,8 милијарди долари.

По дипломирањето на Универзитетот во Пенсилванија и напуштањето на Стенфорд, Илон Маск ја продаде компанијата за софтвер за онлајн издаваштво на производителот на компјутери Компак во 1999 година за повеќе од 300 милиони долари.

Неговата следна компанија на крајот се спои со PayPal. Откако го напушти PayPal, овој јужноафрикански претприемач го основа Спејс Екс во 2002 година и се приклучи на Тесла во 2004 година.

Тагови: Илон Маск Форбс

Промовирани огласи »

Како природно да го зголемите железото преку храна

Железото е еден од клучните минерали за нашето тело – учествува во создавање на хемоглобинот и транспорт на кислород во крвта

Железото е еден од клучните минерали за нашето тело – учествува во создавање на хемоглобинот и транспорт на кислород во крвта. Кога нивото на железо е ниско, можеме да почувствуваме замор, вртоглавици и намалена концентрација. Добрата вест е дека исхраната игра голема улога во регулирањето на железото.

Намирници богати со железо

Црвено месо (говедско, телешко, јагнешко)

Богат извор на хем-железо кое организмот лесно го апсорбира.

Риба и морски плодови

Туна, сардини, лосос и школки се одлични извори на железо и протеини.

Зелен лиснат зеленчук

Спанаќ, блитва и кељ содржат железо и дополнителни витамини корисни за крвта.

Мешунки

Леќа, грав, наут и грашок се растителни извори на железо, одлични за вегетаријанци и вегани.

Јаткасти плодови и семки

Бадеми, индиски ореви, семки од тиква и сончоглед – лесни за комбинирање како ужинка.

Суво овошје

Суви сливи, суво грозје и урми не само што се богати со железо, туку и со природни шеќери и влакна.

Регулирањето на ниското железо започнува од правилната исхрана. Вклучувајќи разновидни намирници богати со железо и комбинирајќи ги со витамин Ц, можете природно да го зголемите нивото на железо и да ја подобрите вашата енергија и здравје. Доколку симптомите се посериозни, секогаш е добро да се консултирате со лекар за дополнителни совети и анализа.

Тагови: вежбање здрава храна здравје ниско железо

Промовирани огласи »

Неработни денови и празници, но и зимски „режим“ - Што ни носи октомври?

Еден неработен ден и еден полу-продолжен викенд! Но, и ќе треба да ги поместиме стрелките на часовникот! 🍂⏰

Втор ден од новиот месец! Што ни носи октомври?

Октомври, носи два неработни дена за сите граѓани. Едниот се паѓа во сабота, другиот неработен ден ќе донесе полу-продолжен викенд. 

Денот на народното востание, 11 октомври, кој се паѓа во сабота ќе биде неработен ден, а следниот се паѓа во четврток што значи дека оние кои ќе успеат ќе можат да го поврзат во продолжен викенд. 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани. 

До крајот на годинава неработен ден за сите Македонци ќе биде и 8 Декември (понеделник), кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски”. 

Кон крајот на октомври ќе треба да ги поместиме и стрелките на часовникот. Доаѓа зимското сметање на времето! 

Зимското сметање на времето оваа година започнува ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25-ти и 26-ти октомври, кога во 3 часот наутро часовниците ќе се вратат еден час назад – на 2 часот. Она што е посебно за оваа година е што менувањето на часовникот се случува порано отколку во претходните години.

Тагови: неработни денови празници

Промовирани огласи »

ЖИЧНИЦАТА ОД ДЕНЕС СО НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ: Почнува есенскиот режим на работа

Ќе отвара во 10, а ќе затвара во 18 часот

Од денес жичницата ќе работи со есенско работно време од 10 до 18 часот. 


Од 17-17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре во 17.45 часот е последно возење од горе надолу. Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Потсетуваме дека и натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот жичницата не работи поради редовни сервиси. Линијата 25 (Транспортен Центар - Средно Водно) од денеска (1.10.2025 год) ќе сообраќа по есенски режим на работа, информираа од ЈСП.

Тагови: Жичницата „Милениумски крст“ работно време

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »