Промовирани огласи »

Овие 3 града денес имаат најлош воздух во Македонија

Попладневните мерења на ПМ10 честички покажуваат екстремно висока загаденост во Велес и зголемени вредности во уште неколку града.

Попладневните мерења на квалитетот на воздухот покажуваат дека Велес денес предничи со највисока концентрација на ПМ10 честички од 275 µg/m³, што спаѓа во категоријата екстремно високо загадување. Зголемени вредности се регистрирани и во Битола со 99 µg/m³ и Куманово со 93 µg/m³, што значи дека воздухот таму е над границата за „многу висока“ концентрација на честички.

Според официјалната легенда, концентрации до 25 µg/m³ се сметаат за многу ниски, до 50 се во нормала, до 90 се високи, а до 180 многу високи, додека сè над тоа е екстремно високо ниво на ПМ10. Денеска Струмица (83), Кичево (80), Гостивар (70), Гевгелија (64) и Скопје (58) исто така имаат покачени вредности, додека подобра состојба е забележана во Тетово (41), Кавадарци (35), Охрид (23) и особено во Лазарополе (1), каде воздухот е во рамки на многу ниска загаденост.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 12ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

81µg/m3Центар
65µg/m3Лисиче
47µg/m3Ректорат
46µg/m3Гази Баба
42µg/m3Карпош
33µg/m3Миладиновци

Македонија

111µg/m3Тетово
106µg/m3Велес
95µg/m3Струмица
79µg/m3Кавадарци
79µg/m3Битола
61µg/m3Гевгелија
60µg/m3Гостивар
55µg/m3Кичево
39µg/m3Охрид
27µg/m3Куманово
2µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Управување со време: Клучни чекори за поквалитетен и помалку стресен работен ден

Како да постигнете повеќе за помалку време!

Управувањето со времето не е само добра организација – тоа е вештина што директно влијае на вашата продуктивност, фокус и благосостојба. Кога знаете како да ги распоредите задачите, работниот ден станува полесен, поефикасен и значително помалку стресен. Еве кои чекори ќе ви помогнат да го постигнете тоа:

1. Поставете јасни приоритети

Започнете го денот со листа на задачи и обележете ги оние што се најважни. Користете систем како „важно–итно“ за да одредите што навистина бара вашето внимание, а што може да почека.

2. Планирајте однапред

Најдобри резултати се постигнуваат кога имате план, дури и минимален. Одвојте 5 минути на почетокот или крајот на денот за да го испланирате следниот. Ова значително ја намалува неизвесноста и го зголемува фокусот.

3. Работете во интервали (Pomodoro техника)

Фокусирана работа од 25 минути, проследена со кратка пауза, го подобрува вниманието и спречува прегорување. Оваа техника е идеална за големи задачи кои изгледаат „премногу“.

4. Елиминирајте ги одвлекувањата

Нотификациите, непланираните разговори или преголемата комуникација можат да ви „украдат“ часови од денот. Исклучете го она што не е неопходно додека работите на приоритетни задачи.

5. Научете да делегирате

Не мора сè да завршите сами. Делегирањето не е слабост – тоа е мудра стратегија што ви дава време за задачите што навистина го бараат вашиот фокус и експертиза.

6. Вметнете паузи во распоредот

Преоптоварениот ум работи побавно. Кратки, но редовни паузи овозможуваат да останете свежи, креативни и стабилни во текот на денот.

7. Анализирајте го крајот на денот

Одвојте неколку минути да размислите: што завршивте, што можете да подобрите и како да го структурирате утрешниот ден подобро. Малите подобрувања создаваат големи резултати.

Кога ќе го совладате управувањето со времето, работниот ден станува појасен, побалансиран и значително помалку стресен. Со правилни навики и дисциплина, продуктивноста расте, а вие добивате повеќе простор за креативност и мир. 

Прочитајте и за: Пет едноставни чекори за подобар и поквалитетен работен процес

Тагови: HR менаџирање на време совети за работа

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Велес!

Најновите огласи за работа во Велес!

Велес, како еден од позначајните индустриски центри во Македонија, нуди разновидни можности за вработување во различни сектори. Компаниите во градот често бараат квалификуван кадар, но исто така има и огласи за почетни работни позиции кои не бараат претходно работно искуство, што е идеално за младите кои штотуку го започнуваат своето кариерно патување.

Со огласите достапни онлајн, кандидатите можат да добијат информации за различни позиции, потребните квалификации, и условите на работа во компаниите од Велес.

Доколку го барате своето работно место во Велес може да аплицирате за следниве позиции:

Магацински работници - подготвувачи на роба - Велес
Координатор за бизнис стратегија и операции
Специјалист за дигитален маркетинг
Хаусмајстор
Возач - механичар

Останатите огласи од Велес можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Од 1 јануари пензионери и студенти ќе можат легално да работат сезонски без да ги изгубат пензиите и стипендиите

Од нова година почнува примената на Законот за сезонска работа.

Од почетокот на новата година (01.01.2026) почнува примената на Законот за работно ангажирање лица кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија, најавува заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Тој посочува дека во земјава за првпат се воведува ваков закон и дека опфатени ќе бидат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може дополнително да заработат, без да ги загубат бенефитите.

Опфатени се областите: угостителство, земјоделство и услужни дејности.

Законот за работно ангажирање лица или, популарно речено, за сезонски вработувања ќе почне да се применува од први јануари 2026 година. Овој закон е револуционерен и за првпат се носи во нашата држава. Со овој закон се овозможува вработување на невработени, вработени лица, на студенти, пензионери. Сите овие лица кои ќе бидат работно ангажирани нема да ги изгубат бенефитите: пензионерите нема да го загубат пензионерскиот статус, студентите- студентскиот, а невработените нема да ги загубат социјалните бенефити. Овој закон е од голема важност и овозможува овие лица да бидат работно ангажирани во три области: во земјоделството, угостителството и во услужните дејности, вели Ристески.

Се очекуваат големи придобивки од законот, а најмногу во намалувањето на сивата економија.

Со законот ќе се интензивира борбата со неформалната екномија, односно, работата ‘на црно’. Ќе има мобилна апликација со која сите работодавци кои ќе ги ангажираат овие лица ќе може во моментот да ги пријавуваат и да ги одјавуваат и, секако, со тоа ќе се овозможат дополнителни приноси за луѓето кои ќе сакаат дополнително да бидат ангажирани за подобрување на економската состојба и на други бенефити, вели Ристески.

Според законот, ангажирањето годишно може да биде од 120 до 180 дена, зависно од дејноста или максимамално до 15 дена во месецот.

Тагови: пензионери работа студенти

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »