Комерцијалист/ка

Плата: од 30.000 до 90.000 ден.
Објавенпред 17 часа
Активен до11.11.2026
ПозицијаКомерцијалист/Агент
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаdepileve.com.mk
За компанијата

Геминис Интернатионал е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на професионални козметички производи, наменети за козметички и фризерски салони. Компанијата работи во сите канали на... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Геминис Интернатионал е водечки снабдувач на професионална козметика и материјали за козметички и фризерски салони во Македонија. Работиме со докажани меѓународни брендови и имаме најголема Е-продавница за професионална козметика во земјата.

За проширување на тимот бараме Комерцијалист.

Ако сакате работа со луѓе, комуникацијата ви е силна страна и убавината ви е интерес, ова е позиција за вас.

Што ќе работите:

  • Ќе ги посетувате и одржувате постојните салони и ќе градите нови соработки со козметичари и фризери.
  • Ќе им ги претставувате производите, новитетите и акциите на клиентите
  • Ќе ги следите нарачките и договорените проекти, во координација со секторот за продажба
  • Ќе го следите пазарот и конкуренцијата и ќе изработувате планови за продажба на ваш терен
  • Ќе придонесувате во реализација на корпоративниот план за продажба и ќе давате предлози за подобрување на работењето
  • Ќе им укажувате поддршка на клиентите при изборот и користењето на производите

Што бараме:

  • Средно или високо образование
  • Искуство во продажба (предност: козметика, фризерска или салонска индустрија)
  • Возачка дозвола Б категорија и минимум 3 години возачко искуство
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Одговорност, точност и организираност
  • Работа на компјутер, MS Office (Excel) и добро познавање на македонски јазик
  • Желба за учење, развој и работа со цели

Што нудиме:

  • Редовна плата и уредно исплаќање
  • Процент од остварена продажба и бонуси за продуктивност
  • Воведна обука за производите и начинот на работа
  • Работа во стабилна компанија која расте
  • Пријатна и тимска работна средина

Како да аплицирате:
Испратете CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Комерцијалист во предметот. Во пораката напишете две реченици за вашето досегашно искуство и зошто ве интересира оваа позиција. Ќе контактираме само кандидати кои влегуваат во потесен избор.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.
Други активни огласи од Геминис Интернатионал доо

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе