ЕМБС: 4057643
Индустрија: Трговија
Адреса: СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ 4
Град: Скопје
Уште од основањето, повеќе од седум децении, Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина. На тој начин, во сите овие години ние успеваме да ја задржиме лидерската позиција во дистрибуцијата и прометот со нафтени деривати во Република Северна Македонија.
Макпетрол е една од водечките компании во Македонија во областа на нафтената индустрија и енергетиката. Компанијата е препознатлива по својата широка мрежа на бензински станици, продажбата и дистрибуцијата на горива, како и по понудата на производи и услуги наменети за индивидуални и деловни корисници.