Промовирани огласи »

Posting ZERO: Зошто се помалку луѓето постираат на социјалните медиуми

Социјајните медиуми, од постови на пријателите и блиските, се претворија во шопинг молови, рекламни паноа и содржина од инфлуенсери.

Социјајните медиуми, од постови на пријателите и блиските, се претворија во шопинг молови, рекламни паноа и содржина од инфлуенсери

Тоа е една од причините се повеќе луѓе, особено помладите генерации, да го напуштат објавувањето на социјалните медиуми.

Posting ZERO: Зошто се помалку луѓето постираат на социјалните медиуми

Тагови: Instagram социјални мрежи

Промовирани огласи »

Вештини над дипломи: зошто сè повеќе фирми избираат skills-based hiring

Заборавете на дипломата - компаниите бараат нешто многу поважно!

Во последните неколку години, традиционалните критериуми за вработување сериозно се менуваат. Она што некогаш беше „златен стандард“ – престижна диплома, долг CV и формални квалификации – веќе не е доволно. Сè повеќе компании преминуваат кон skills-based hiring, модел што ги става практичните вештини во центарот на процесот на селекција.

Причината? Реалноста на пазарот се смени – а со неа и очекувањата од кандидатите.

Зошто вештините ја победуваат дипломата?

1. Пазарот бара брзина и адаптивност

Технологијата се менува побрзо од учебниците. Компаниите сфаќаат дека не секоја формална едукација може да ги следи овие промени, па затоа го ценат она што кандидатот може да го направи денес, а не само што има изучено пред години.

2. Практичното знаење носи веднаш резултати

Фирмите сакаат луѓе кои можат да се вклучат веднаш во процесите – без долги периоди на обука. Skills-based пристапот го скратува onboarding-от и го зголемува квалитетот на изведба уште од првите недели.

3. Разновидност во тимовите

Кога критериумите се отворени за сите, шансите за вработување на таленти од различни позадини се многу поголеми. Ова создава поинклузивни и покреативни тимови.

4. Кандидатите ги надградуваат вештините побрзо од кога било

Онлајн курсеви, bootcamp програми, сертификации, micro-learning… денес човек може да развие нови вештини за неколку месеци. Компаниите го препознаваат тоа како валидно и релевантно.

5. Генерацијата Z го бара истото

Новите генерации сакаат раст, флексибилност и можности – а не квалификациски филтри кои ги ограничуваат. Skills-based hiring е усогласен со нивниот начин на учење и работа.

Како изгледа ова во пракса?

  • Фокус на техничките, софт и дигитални вештини
  • Практични тестови наместо класични интервјуа
  • Проценка на потенцијал, а не само на биографија
  • Рекрутирање според конкретни abilities, не според титули
  • Повеке можности за луѓе со „неконвенционални“ кариерни патеки

Skills-based hiring е повеќе од тренд – тоа е потреба. Компаниите што го прифаќаат овој модел добиваат побрзо адаптибилни луѓе, поголема иновација и подобра организациска култура. Во време кога талентите се ретки, а технологијата диктира темпо – победуваат фирмите што гледаат пошироко од дипломата.

Прочитај и за: Големиот повраток на обуките: Инвестирај во луѓето или изгуби ги

Тагови: HR

Промовирани огласи »

Топ 5 посни јадења за Божиќните пости: Вкусни и лесни предлози

Посната кујна крие повеќе вкус отколку што мислите

Од вчера официјално започнаа Божиќните пости – период кога многумина бараат инспирација за вкусни, лесни и хранливи посни оброци. Иако многумина мислат дека постењето ја ограничува креативноста во кујната, всушност е одлична можност да се истражат нови вкусови, комбинации и јадења што ги потсетуваат сите сетила дека и посната трпеза може да биде богата и разновидна.

5 посни јадења што секогаш се полн погодок:

Посна тава со сезонски зеленчук – комбинација од компири, морков, тиквички, карфиол и зачини што даваат сочност и арома на целото јадење.

Чорба од леќа – топло, кремасто и исклучително хранливо јадење кое се подготвува брзо, а остава чувство на ситост и удобност.

Рижото со печурки – едноставно, ароматично и идеално кога сакаш нешто малку „поелегантно“, но сепак посно.

Гравче тавче (посна верзија) – класика која никогаш не излегува од мода. Со малку кромид, ловоров лист и пиперка – вкусот е совршен.

Полнети пиперки со ориз и зеленчук – меките пиперки, полнети со добро зачинет ориз, секогаш се фаворит на трпезата.

Посната исхрана не мора да биде монотона – напротив, може да биде богата, вкусна и инспиративна ако се изберат вистинските јадења и комбинации.

Тагови: божиќ здрава храна посна

Промовирани огласи »

Поскапува парното: Декемвриските сметки повисоки за речиси 6 проценти

Од 1 декември сметките за парно греење ќе пораснат во просек за 5,9%, што значи дека домаќинствата ќе плаќаат околу 130 денари повеќе месечно.

Од 1 декември граѓаните ќе плаќаат поскапи сметки за парно греење, откако Регулаторната комисија за енергетика одобри зголемување на цената во просек за 5,9 проценти. Според претседателот на Комисијата, Марко Бислимоски, просечната декемвриска сметка ќе порасне за околу 130 денари, од досегашните 2.200 на 2.330 денари.

Зголемувањето нема да биде еднакво за сите корисници. За најголемиот дел граѓани кои се снабдуваат со топлинска енергија преку ЕСМ дистрибуција, поскапувањето изнесува во просек 5,9 проценти. Кај потрошувачите приклучени на ЕСМ Енергетика поскапувањето ќе биде повисоко и ќе достигне 7,6 проценти, додека за корисниците на системот на Скопје Север порастот на цената ќе изнесува околу 7,7 проценти.

Регулаторната комисија образложи дека корекцијата на цената е резултат на променетите трошоци во системот за производство и дистрибуција на топлинска енергија. Новите цени ќе важат од 1 декември, што значи дека веќе декемвриските сметки кои граѓаните ќе ги добијат во јануари ќе бидат повисоки од досегашните.

Тагови: ЕСМ Марко Бислимовски поскапува парното

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »