Промовирани огласи »

Лош воздух во Македонија – топ 3 најзагадени града!

Погледнете ги најновите мерења за ПМ10 честички – Гевгелија, Кавадарци и Струмица на врвот денес.

Најновите мерења на ПМ10 честички покажуваат зголемена загаденост во неколку македонски градови. Гевгелија е на првото место со вредност од 112 μg/m³, следена од Кавадарци со 106 и Струмица со 82, сите со високо до многу високо ниво на честички согласно стандардите.

Во останатите градови, Кичево е на 80, Куманово на 60, додека во Скопје концентрацијата е 47, односно нормално. Охрид, Лазарополе и Гостивар имаат најниски вредности под 30. Граѓаните се советуваат да следат ситуациијата и при високи концентрации да ограничат подолги активности на отворено.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во /ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

111µg/m3Лисиче
69µg/m3Центар
67µg/m3Ректорат
66µg/m3Карпош
30µg/m3Гази баба
16µg/m3Миладиновци

Македонија

158µg/m3Струмица
155µg/m3Кичево
131µg/m3Велес
126µg/m3Куманово
115µg/m3Гостивар
93µg/m3Кавадарци
84µg/m3Прилеп
80µg/m3Гевгелија
42µg/m3Битола
20µg/m3Охрид
8µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Кариерни лекции што никој не ве учи

Не е до CV-то еве што навистина ве носи напред!

Во училиштата нѐ учат формули, дати и дефиниции но не нѐ учат како да ја градиме сопствената кариера. Повеќето важни лекции ги учиме сами, по пат, понекогаш на потешкиот начин. Еве неколку вистински кариерни сознанија што ретко кој ги кажува гласно, а вредат злато.

1. Никој нема да се грижи за твојата кариера повеќе од тебе

Колку и да имаш одличен менаџер, ментор или тим на крајот, само ти си таа личност што треба да се избори за следниот чекор. Барај можности, не чекај да ти ги дадат.

2. Талентот е важен, но доследноста победува

Не победува најпаметниот, победува оној што не се откажува. Малите, упорни чекори секој ден прават повеќе отколку ретки „експлозии“ на мотивација.

3. Никој не чита долги CV-а, сите бараат јасни резултати

Поентата не е да импресионираш со текст, туку со конкретни проекти и постигнувања што покажуваат што можеш.

4. Грешките не се срам - туку инвестиција

Секој пад е доказ дека си пробал нешто ново. Луѓето што никогаш не грешат, најчесто не се ни движат напред.

5. Вештините за комуникација се еднакво важни како и техничките

Како кажуваш нешто често е поважно од тоа што го кажуваш. Доброто комуницирање ти отвора врати што ни диплома не може.

6. Не мора секогаш да се согласуваш, професионалност не значи тишина

Ако имаш идеја или став, кажи го. Премногу „да, да, во ред е“ држи многу таленти во сенка.

7. Одморот е стратегија, не слабост

Заморот не е херојство. Паметно менаџираниот баланс е тоа што го одржува квалитетот на долги патеки.

Кариерата не е права линија, туку колекција од избори, лекции, ризици и нови почетоци. Колку побрзо прифатиш дека никој нема „совршена формула“, толку побрзо ќе си ја создадеш сопствената. На крајот, најважната лекција е оваа: не се споредувај, туку расти во свој ритам, во своја насока.

Прочитај и за: Пет научно поддржани начини за победа над мрзеливоста

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Дали имате право на К-15 ако сте вработени на определено време?

Според законот за работни односи

Законот за работни односи утврдува дека секој вработен кој има најмалку шест месеци непрекинат стаж кај ист работодавач во тековната година има право на регрес за годишен одмор. Ова право важи и за лица вработени на определено и на неопределено време.

Регресот е директно поврзан со бројот на денови годишен одмор што му следуваат на работникот. Кај ангажман од половина работно време (20 часа неделно), работникот стекнува минимум 10 работни дена одмор, согласно член 48 став 4, а со тоа и половина од полниот износ на регресот.

За лицата вработени со полно работно време (40 часа неделно), годишниот одмор изнесува најмалку 20, а најмногу 26 работни дена (член 137 став 1 и 2), што значи и право на целосната сума на регресот.

Исплатата на регресот треба да се изврши најдоцна до 31 декември во тековната година, а минималниот износ мора да биде најмалку 40% од просечната нето плата исплатена по работник во последните три месеци. За работодавачите кои нема да го испочитуваат ова законско право, предвидени се парични казни до 4.000 евра — при што од 2.000 до 3.000 евра се однесуваат на компанијата, а од 500 до 1.000 евра на одговорното лице.

Тагови: К-15 работнички права определено време

Промовирани огласи »

Твитерџија предлага награди за совесни возачи со проектот „Сејф сити“

Проектот „Сејф сити“ добива поддршка на Твитер, но корисниците предлагаат и награди за оние кои нема да направат прекршоци цела година.

Проектот „Сејф сити“ ќе започне официјално со работа од 1 јануари 2026 година, со што ќе се врши мониторинг и документација на сообраќајните прекршоци. Претходно, во декември годинава, ќе се спроведе тест период за подобра подготовка.

Овој систем, пред се очекуван од возачите и пешаците, има за цел да го подобри безбедносниот сообраќај преку инсталација на безбедносни камери кои автоматски ќе испраќаат казни на домашни адреси. На почетокот, проектот ќе биде имплементиран во Скопје и уште два града, а до средината на 2026 година ќе се прошири низ целата држава.

Еден корисник на Твитер смета дека за да се охрабрат совесните возачи, потребно е воведување на награди за оние кои цела година нема да направат прекршок. Тој објави на својот профил дека добра иницијатива би била да се обезбедат попусти за регистрација или бесплатен паркинг како мотивација за одговорно возење.

Тагови: Сејф сити - Безбеден град

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »