Промовирани огласи »

Еве каде загаденоста е највисока денес во Македонија

Жителите на Тетово, Струмица и Велес се соочуваат со најголеми нивоа на ПМ10 честички оваа вечер според најновите мерења.

Според последните мерења за ПМ10 честички, трите најзагадени града во Македонија оваа вечер се Тетово (211 µg/m³), Струмица (181 µg/m³) и Велес (160 µg/m³). Кај сите нив, концентрациите се над границата за исклучително висока загаденост. Покрај нив, и Кавадарци (154) и Гостивар (129) забележуваат високи вредности, додека Скопје има значително помало ниво од 83 µg/m³.

Во останатите градови како Битола (58), Гевгелија (30) и Лазарополе (2), загаденоста е во рамки на нормалата или ниска. Граѓаните се советуваат да ги следат препораките за заштита и да избегнуваат подолг престој на отворено во најзагадените области.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 05ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

56µg/m3Лисиче
24µg/m3Миладиновци
17µg/m3Ректорат
10µg/m3Центар
8µg/m3Гази Баба
6µg/m3Карпош

Македонија

38µg/m3Кавадарци
19µg/m3Струмица
18µg/m3Тетово
18µg/m3Гостивар
17µg/m3Велес
15µg/m3Кичево
11µg/m3Гевгелија
7µg/m3Битола
7µg/m3Охрид
4µg/m3Куманово
2µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Јована Кртолица во третата епизода на „На каде одиме?“ тим лидер во Allianz Technology и Stakeholders Director во Women in Tech

Јована Кртолица: Патот до ИТ секторот, лидерството и иднината на технологијата

Во третата епизода на подкастот „На каде одиме?“ имаме задоволство да разговараме со Јована Кртолица, тим лидер во Allianz Technology и Stakeholders Director во Women in Tech.

Јована ни открива како изгледа нејзиниот пат до ИТ секторот, како се гради кариера во технологијата и што значи да се биде лидер во динамична индустрија. Со години искуство во водење тимови, таа споделува кои се најголемите предизвици на една тим лидерка, како се мотивираат луѓето и како се справува со тешки ситуации за да тимот функционира на најдобар можен начин.

Еден од интересните делови од разговорот беше и споредбата на работната култура во Виена и во Македонија  – како различните пазари и организации ги обликуваат очекувањата, стилот на работа и начинот на кој се гради тимска динамика.

Ниту една дискусија за технологија денес не е комплетна без да се зборува за вештачката интелигенција. Јована зборува за влијанието на AI во работењето, како таа го менува секојдневието на компаниите и луѓето, и кои се можностите и предизвиците што ги носи за иднината на индустријата.

Ова е разговор што инспирира и предизвикува размислување. Јована ни покажува колку е важно жените да бидат гласни, видливи и активни во технолошкиот свет, но и како секој од нас може да го најде својот пат кон раст и напредок во ИТ и иновациите.

🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify:

Јована Кртолица во третата епизода на „На каде одиме?“ тим лидер во Allianz Technology и Stakeholders Director во Women in Tech

Тагови: интервју поткаст

Промовирани огласи »

Ова се црните точки на загадувањето денес!

Проверете кои градови во Македонија денес имаат највисоко ниво на ПМ10 честички според последните мерења.

Најновите податоци за квалитет на воздухот покажуваат дека Битола води со највисока концентрација на ПМ10 честички од 99 µg/m³, следена од Гостивар со 93 и Кичево со 81 µg/m³. Овие вредности покажуваат зголемено загадување според дневните препораки, но не достигнуваат екстремни нивоа.

Во останатите градови, најниски вредности се измерени во Лазарополе (1 µg/m³) и Охрид (43 µg/m³), додека Скопје има 55 µg/m³. Со оглед на ваквите податоци, се препорачува граѓаните особено во Битола, Гостивар и Кичево да ги следат препораките за заштита од загадувањето.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 05ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

56µg/m3Лисиче
24µg/m3Миладиновци
17µg/m3Ректорат
10µg/m3Центар
8µg/m3Гази Баба
6µg/m3Карпош

Македонија

38µg/m3Кавадарци
19µg/m3Струмица
18µg/m3Тетово
18µg/m3Гостивар
17µg/m3Велес
15µg/m3Кичево
11µg/m3Гевгелија
7µg/m3Битола
7µg/m3Охрид
4µg/m3Куманово
2µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Од семејна традиција до модерен бизнис: Како настана приказната за LuxBowlCandles

Секоја свеќа има своја приказна – ова е приказната на Марија Јанкулоска Господов

Која е Марија Јанкулоска Господов и кажи ни нешто повеќе за себе?

Јас сум Марија, имам 29 години и по професија сум професор по англиски јазик. За себе би рекла дека сум креативна личност која секогаш сака да најде нешто интересно и инспиративно со што ќе го исполни своето слободно време.

Од каде дојде идејата да почнеш да изработуваш свеќи и како започна ова хоби?

Идејата за свеќи не ми е нова. Всушност, таа ми е добро позната уште од дома – моите родители веќе повеќе од 20 години имаат семеен бизнис со свеќи. Од нив, а особено од мајка ми Јулијана, научив многу за материјалите и техниката на изработка. Таа беше и сè уште е мојот најголем учител и поддршка.

Освен нив, голема улога во мојата приказна има и мојата свекрва Сузана, која е професионалец за изработката на садовите за свеќите. Секој сад е рачно изработен и уникатен, создаден со многу љубов и внимание.Исто така, секогаш можам да се потпрам на Ана Марија, која е тука за да даде идеи користејќи го својот изострен осет за естетика и детали. сметам дека сме Dream Team.

Морам да спомнам и дека отсекогаш сум била голем љубител на декоративни свеќи. Никогаш не можев да одолеам – секогаш кога ќе видам свеќа што ми се допаѓа, мора да ја купам. Таа љубов со тек на време се претвори во желба и самата да создадам нешто уникатно.

Се сеќаваш ли на твојата прва свеќа? Каква беше и кој мирис го имаше?

Мојата прва свеќа сè уште стои во дневната соба. Ја направив за себе, како пробна. Садот е рачна изработка, а самата свеќа ја украсив со розеви, бели и лилјакови цветови. Мирисот што го одбрав беше лаванда – мојот омилен, кој ми носи мир и спокој.

Процесот на правење на свеќите за мене е вистински момент на смирување. Кога работам, се наоѓам во својот свет, целосно фокусирана на деталите и креативноста, како да бегам од секојдневието.

Колку се достапни материјалите за изработка на свеќи во Македонија?

За среќа, во Македонија денес материјалите за изработка на свеќи се достапни и разновидни. Посебно ме радува што може да се најдат природни и растителни восоци – токму тие се основата на моите производи.

Од каде црпиш инспирација за различни облици и дизајни на свеќи и кои модели се најбарани?

Инспирацијата најчесто ми доаѓа од самите купувачи и нивните желби. Многупати сум имала нарачки со комбинации на бои што првично не би ги споила, а на крај резултатот бил прекрасно изненадување. Секоја свеќа е приказна за себе, со своја енергија и емоција.

Исто така, секогаш сум тука да им помогнам на купувачите при изборот, особено кога се двоумат околу боите или мирисите.

По што се разликуваат твоите свеќи од другите на пазарот?

Моите свеќи се целосно рачна изработка – почнувајќи од садот, па сè до самата свеќа и малите декоративни детали. Користам природен восок и етерични масла кои имаат ароматерапевтски ефект и создаваат пријатна, смирувачка атмосфера. А се разбира се и одличен украс за во соба и уникатен подарок.

Каков совет би им дала на оние кои сакаат да започнат свој мал бизнис?

Мој совет до сите што сакаат да започнат свој мал бизнис е: не плашете се да почнете. Нема совршен момент – најважно е да се направи првиот чекор. Со мали чекори се стигнува до големи цели.

LuxBowlCandles е мал, но значаен семеен бизнис каде што секоја свеќа ја создаваме со љубов, креативност и чувство за детали.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »