Промовирани огласи »

НЕ СТЕ ПЛАТИЛЕ КАЗНА ВО ГРЦИЈА, НЕМА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАТА: Нови ригорозни мерки за сите што направиле сообраќаен прекршок!

🔴Внимавајте како возите во Грција! ⭕Се воведува нов систем, според кој, нема да можете да ја напуштите земјата додека не платите казна

Грција најави нов, автоматски систем за контрола на сообраќајните прекршоци кој нема да им дозволи на странците да ја напуштат земјата со неплатени казни, објави Никана.гр.

Министерството за дигитална управа најави воведување нов систем кој директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината.
Тоа значи дека, штом ќе пристигнете на граница, системот автоматски ќе ги прикаже сите неплатени казни за сообраќајни прекршоци. Без разлика дали полицијата ве застанала и ви напишала казна, или пак новите сообраќајни камери ве снимиле при прекршок (иако можеби не сте ни знаеле за тоа), на граница ќе ве чека „сметка“.

Еве како функционира:
Ако, на пример, сообраќајна камера ве сними во Солун, истиот момент ќе бидете регистрирани, а казната во реално време ќе биде доставена на граничниот премин — уште пред да пристигнете.

Мерката се применува автоматски, блокирајќи го излезот сè додека долгот не се подмири.
Оваа новина е неопходна бидејќи годишно се издаваат казни во вредност од 100 до 110 милиони евра, а се наплаќаат само околу 40 милиони евра.

Целта е јасна: правичен и избалансиран однос меѓу возачите и значително зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Тагови: Евзони казни

Промовирани огласи »

Од 15 ноември па сè до 15 март, сите возачи во земјава ќе мора задолжително да поседуваат зимска опрема во своите возила – ова го потврди Министерството за внатрешни работи, потсетувајќи ја јавноста дека овие мерки се согласно со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Засилените контроли ќе осигурат безбедно движење во услови кога патиштата се лизгави и опасни.

Според Правилникот, возилата до 3.500 кг треба да имаат зимски гуми на сите четири тркала или летни гуми со синџири за снег. Возилата со погон на сите четири тркала (4×4) и тешките возила како автобуси и камиони мора да следат одредени уредби, вклопувајќи зимски гуми и соодветна опрема како зимски синџири.

МВР апелира на ситемските проверки и подготовка на зимската опрема како одговорност на сите возачи. „Со други зборови – ако сакате мирна зима без казни и непријатности, време е уште сега да ги проверите гумите, синџирите и приборот во вашето возило,“ е пораката до сите учесници во сообраќајот.

Тагови: зимска опрема МВР

Промовирани огласи »

Позната минималната сума за оваа година: До крајот на 2025 исплата на К-15

Од 40 до 100 отсто од просечната плата

До крајот на годината задолжително најмалку по 300 евра ќе им легнат на сметките на работниците за регрес за годишен одмор.

Согласно законот, газдите до 31 декември треба да исплатат К-15, кој изнесува најмалку 40 отсто од просечната плата, а најмногу 100 отсто.

К15 им следува и на административците, кој е помал за 100 евра од оној кој се исплаќа во приватниот сектор.

Минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, согалсно законот е утврден на 40% од просчената исплатена плата и за оваа година сумата е 18,141 денари за приватен сектор, додека за јавниот сектор сумата изнесува 12,372 денари.

Минатата година имало само 22 пријави за неисплатен К-15 од вкупно 4,000 работници и тоа претежно од текстилната индустрија. 

Ако вработените не го добијат законскиот минимум за К15, можат да пријават во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.

Тагови: администрација К-15

Промовирани огласи »

Очекувајте исплата! Месецов дополнителни пари за скенирачите на сметки

Од Управата за јавни приходи (УЈП) ја посочија и која е најчестата причина за доцнење во претходните исплати на средствата.

„Скенирачите“ на фискални месецов може да ја очекуваат исплатата на повратот на ДДВ за периодот јули, август и септември. 

Законскиот рок е 60 дена по завршување на кварталот.

Граѓаните кои ги исполниле условите, скенирале сметки и имаат точно внесени трансакциски сметки, средствата ќе ги добијат автоматски по обработката.

Од Управата за јавни приходи (УЈП) потсетуваат дека најчеста причина за доцнење во претходните исплати биле некоректно внесени или неажурирани трансакциски сметки во апликацијата „МојДДВ“.

За навремена исплата, граѓаните треба да:

Проверуваат дали сите скенирани сметки се евидентирани во апликацијата „МојДДВ“. Осигураат дека трансакциската сметка е правилно внесена и активна во системот на УЈП. Следат официјални известувања од УЈП и апликацијата за актуелности.

Со редовно ажурирани податоци, повратот на „МојДДВ“ ќе се исплати навремено.

Граѓаните можат да добијат до 2.100 денари за едно тромесечие или до 8.400 денари за цела година.  

Тагови: УЈП фискални сметки

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »