Промовирани огласи »

Слободан Трендафилов: 600 илјади работници добија право на К-15

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, подвлече дека синдикатот изборил право на регрес за голем број работници.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, истакна дека Синдикатот направил многу за работниците, потенцирајќи го фактот дека 600 илјади работници добиле право на регрес.
И ќе речат, што направил синдикатот за нас !

А сите работници - 600.000 работници добиле право на регрес за годишен одмор (К-15), а за ова право се избориле само 10% од нив, а го уживаат 100% од нив, или само 1 на 10 работници се бори, а 9 ги уживаат правата за кој се изборил овој 1 и го критикуваат дека е малку !

Замисли колку ќе беше износот на К-15 ако 9 од 10 работници беа членови на ССМ и 9 од 10 работници се бореа заедно со ССМ затоа што силата на работниците е во нивната бројност организирани во синдикат, наспроти моќта на капиталот и политичката моќ.Или, членовите го финансираат колективното договорање и ја финансираат синдикалната акција (протестите и штрајковите), а придобивките ги уживаат сите!?

Во јавниот сектор за прв пат, право на К-15 добија вработените во образование, здравство, полиција, армија и многу други.Во 80% од случаите во приватниот сектор каде што ССМ има свои членови, регресот за годишен одмор со колективен договор на ниво на работодавач е утврден во висина од 100% од просечната плата и истиот веќе е исплатен, што треба да претставува причина повеќе работниците во приватниот сектор да се приклучат во ССМ !

Таму каде што ССМ има членови, има и К-15, има и почитување на Колективните договори, а таму каде што нема синдикат, газдите си мислат дека можат да газат преку работниците и затоа ССМ ги охрабрува сите работници во приватниот и јавниот сектор да се приклучат кон синдикатот и да си ги заштитат своите права, бидејќи никое од работничките права не им е подарено, за секое од нив се имаме изборено, напиша тој.
 

Тагови: К-15 ССМ Слободан Трендафилов

Промовирани огласи »

Најдобри три типа зимски гуми за сигурно и стабилно возење

Со доаѓањето на зимата и пониските температури, промената на гумите е задолжителен чекор за безбедно возење

Со доаѓањето на зимата и пониските температури, промената на гумите е задолжителен чекор за безбедно возење. Зимските гуми се дизајнирани да овозможат подобро прилепување, пократко сопирање и стабилност дури и во најстудените услови. Еве ги трите типа зимски гуми кои најдобро се справуваат со предизвиците на зимските патишта:

Гуми со длабок профил и ламелирани шари

Овие гуми се идеални за снежни и замрзнати патишта. Длабоките жлебови овозможуваат ефикасно исфрлање на снегот и водата, додека ламелите овозможуваат подобар контакт со подлогата. Одлични се за ридски или планински предели каде што снегот често се задржува.

Гуми со мека зимска смеса

Направени од специјален состав кој не се стврднува на ниски температури, овие гуми обезбедуваат стабилност и флексибилност на студен асфалт. Идеални се за градски услови каде што патиштата се најчесто суви или влажни, но не и постојано покриени со снег

Шилести (со клинци) зимски гуми

Овие гуми се најдобар избор за екстремни зимски услови со мраз и поледица. Металните клинци овозможуваат дополнително прилепување, но нивната употреба е дозволена само во одредени региони и периоди поради оштетување на асфалтот.

Без разлика дали возите низ град, село или планински патишта — вистинските зимски гуми се клучот за безбедност. Инвестирајте паметно и обезбедете си мирна и сигурна зима на патот.

Тагови: гуми зима зимска опрема

Промовирани огласи »

Вработување во УНИБанка, ТБМ и АМСМ!

Огласи за работа во УНИБанка, ТБМ и АМСМ!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ПРИЕМ НА СТРАНКИ И ДОКУМЕНТАЦИЈА ВО СЛУЖБА ЗА НЕБАНКАРСКИ ДЕЈНОСТИ

Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КА – ТЕТОВО
ПРОДАВАЧ/КА – КАВАДАРЦИ
ПРОДАВАЧ/КА - СКОПЈЕ

Lear Corporation Macedonia компанија која се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО КРОЈАЧНИЦА

ТБМ Гроуп е меѓу водечките европски компании кои организираат тематски бизнис конференции. Како динамичен тим високо ги цениме различностите и новите таленти.

Моментално вработува:

SALES EXECUTIVE

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

АМСМ е современа организација во која се обединуваат богатото искуство и современите концепти на работење, карактеристични за потрошувачки ориентираните и модерни организации.

Моментално вработува:

ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа. 

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИНЏИР НА НАБАВКИ
КОНСУЛТАНТ ЗА СВЕЖИ И ЗАМРЗНАТИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА ЗА ПОТРОШУВАЧИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АНГАЖИРАНОСТ НА ВРАБОТЕНИ
КОПИРАЈТЕР / СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КРЕИРАЊЕ МЕДИУМСКА СОДРЖИНА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

НОВ РАСПОРЕД НА ЛЕТАЊЕ ПОЧНУВА ВИКЕНДОВ - на „дофат“ десет нови дестинации, еве кон кои градови има редовни линии

Овој викенд започнува новиот зимски распоред на летови, овозможувајќи поврзување до 10 нови дестинации, вклучувајќи Мадрид и Милано.

Зимскиот распоред на летови за 2025/26 година стапува во сила викендов, нудејќи нови можности за патување од Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. Како што информираат од ТАВ Македонија, концесионерот на македонските аеродроми, новиот распоред ќе презентира 10 нови дестинации.

Од Скопје, авиокомпанијата Виз Ер, поддржана со субвенции од Владата, воведува редовни линии до Бари, Стокхолм, Мадрид, и Прага, меѓу другите. Охрид, пак, ќе биде поврзан со Милано на 30 март 2026 година, а истата дестинација ќе биде достапна од Скопје од 3 ноември преку ИзиЏет која ќе ја врати линијата до Женева.

Освен новите дестинации, тековните пазари на Македонија сè повеќе се фокусираат на зголемување на поврзаноста со Шпанија и Обединетото Кралство. Преку новиот Договор за редовен воздушен сообраќај со Велика Британија, патниците ќе имаат можност за подобри конекции и конкурентни цени.

Тагови: авио сообраќај Скопје ТАВ Македонија

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »