Промовирани огласи »

Очекувајте исплата! Месецов дополнителни пари за скенирачите на сметки

Од Управата за јавни приходи (УЈП) ја посочија и која е најчестата причина за доцнење во претходните исплати на средствата.

„Скенирачите“ на фискални месецов може да ја очекуваат исплатата на повратот на ДДВ за периодот јули, август и септември. 

Законскиот рок е 60 дена по завршување на кварталот.

Граѓаните кои ги исполниле условите, скенирале сметки и имаат точно внесени трансакциски сметки, средствата ќе ги добијат автоматски по обработката.

Од Управата за јавни приходи (УЈП) потсетуваат дека најчеста причина за доцнење во претходните исплати биле некоректно внесени или неажурирани трансакциски сметки во апликацијата „МојДДВ“.

За навремена исплата, граѓаните треба да:

Проверуваат дали сите скенирани сметки се евидентирани во апликацијата „МојДДВ“. Осигураат дека трансакциската сметка е правилно внесена и активна во системот на УЈП. Следат официјални известувања од УЈП и апликацијата за актуелности.

Со редовно ажурирани податоци, повратот на „МојДДВ“ ќе се исплати навремено.

Граѓаните можат да добијат до 2.100 денари за едно тромесечие или до 8.400 денари за цела година.  

Тагови: УЈП фискални сметки

Промовирани огласи »

Што мора а што не треба да содржи едно добро мотивационо писмо

Како да го претворите вашето искуство во инспиративно писмо

Мотивационото писмо е вашата шанса да оставите личен впечаток пред работодавачот. Тоа не е само дополнување на биографијата – туку приказна која покажува кој сте, зошто аплицирате и што можете да понудите. Затоа вреди да посветите време на неговата содржина и структура.

Што мора да содржи едно добро мотивационо писмо:

  • Јасен вовед: Почнете со кратко претставување и наведете за која позиција аплицирате. Покажете ентузијазам и интерес за компанијата – тоа секогаш се забележува.
  • Причина зошто аплицирате: Објаснете зошто токму оваа компанија и позиција ви се привлечни. Истражете ја организацијата, спомнете нешто што ви се допаѓа во нивниот начин на работа или вредности.
  • Вашите вештини и искуство: Изберете 2–3 клучни примери кои ја покажуваат вашата компетентност. Не повторувајте го CV-то – раскажете што сте научиле од искуствата и како тоа може да придонесе за тимот.
  • Ваша мотивација и карактер: Мотивационото писмо е местото каде можете да покажете малку личност. Кажете што ве движи, што ве инспирира во работата и како гледате на професионалниот развој.
  • Завршен дел со повик на акција: Завршете љубезно, со желба за средба или разговор. На пример: „Со задоволство би ја споделил мојата визија за придонес во вашиот тим на интервју.“

Што не треба да содржи мотивационото писмо:

  • Долги, нејасни пасуси: Работодавачите читаат многу апликации. Бидете концизни – едно странично писмо е сосема доволно.
  • Клише-фрази: Избегнувајте изрази како „Јас сум идеален кандидат“ или „Работам под притисок“. Наместо тоа, дајте конкретни примери.
  • Повторување на CV-то: Ако мотивационото писмо е само копија на вашето резиме, ќе изгуби смисла. Фокусирајте се на приказна, не на листа.
  • Грешки во правопис или формат: Проверете го текстот пред да го испратите. Уреденоста и вниманието кон детали кажуваат многу за вас.
  • Претерана формалност или неискреност: Бидете професионални, но и природни. Работодавачите сакаат да ја почувствуваат вашата автентичност.

💡 Совет од KARIERA.mk:

Пред да го испратите мотивационото писмо, прашајте се:

„Дали ова писмо навистина кажува кој сум јас и зошто сакам да бидам дел од оваа компанија?“ Ако одговорот е „да“ – тогаш сте на добар пат!

Прочитајте и за: Пет ефикасни начини да ја забрзате потрагата по работа

Тагови: HR мотивациско писмо совети за работа

Промовирани огласи »

Кој има право на К-15 годинава и колку ќе изнесува

Работниците имаат право на К-15 доколку се вработени најмалку шест месеци кај ист работодавец, а исплатата мора да се изврши до 31 декември

Со растот на просечната плата, минималниот износ за К-15 оваа година изнесува 18.000 денари, што претставува 40% од последните три просечни плати за приватниот сектор и 30% за јавниот. Работниците имаат право на К-15 доколку се вработени најмалку шест месеци кај ист работодавец, а исплатата мора да се изврши до 31 декември. Фирмите можат да почнат со исплата од 1 јули, а износот може да се зголеми ако растат платите до крајот на годината.

Во Општиот колективен договор постои клаузула што им дозволува на фирмите со финансиски тешкотии да исплатат помал износ, што често се злоупотребува. Иако некои компании ја користат оваа можност и исплаќаат симболични суми, има и фирми што ги наградуваат своите вработени со поголеми износи, па дури и со 13-та плата. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) предупредува дека доколку фирма прикаже лажни финансиски потешкотии, може да следуваат казни откако ќе се објават завршните сметки.

Исплатата на К-15 е задолжителна, а за неисплаќање следува глоба до 4.000 евра, додека за работодавците што бараат поврат на парите е предвидена затворска казна од три месеци до една година. Според податоците на УЈП, заклучно со 25 јули 2025 година, 5.091 работодавец исплатил К-15 за 82.936 вработени. Од пред две години, ова право важи и за јавниот сектор – околу 90.000 административци годинава ќе добијат околу 12.000 денари регрес за годишен одмор.

Тагови: К-15 ССМ УЈП

Промовирани огласи »

„ОД ПРВИ ЈАНУАРИ, ПРЕМИНУВАМЕ НА ЕВРО“: Наскоро и официјално почнува транзицијата на Бугарија кон единствената европска валута

Сите банкомати во земјата ќе издаваат евра од 1 јануари 2026 година

Бугарските банки вчера потврдија дека сите банкомати во земјата ќе издаваат евра од 1 јануари 2026 година, со што официјално ќе започне транзицијата на земјата кон единствената европска валута.

Член на Управниот одбор на Здружението на бугарски банки, Никола Бакалов, изјави дека граѓаните ќе можат да подигаат евра директно од банкоматите од првото утро од следната година, објавува Новините.

Тој ја потсети јавноста дека граѓаните кои имаат големи количини бугарски лева во готово можат да ги депонираат на своите сметки.

Депозитите автоматски ќе се конвертираат во евра по официјалниот курс од 1,95583 лева за евро, на полноќ помеѓу 31 декември и 1 јануари.

Овој пристап им овозможува на граѓаните да ги менуваат своите лева за евра без напор и бесплатно.

Консверзијата ќе биде бесплатна по 1 јануари и по истиот фиксен курс, но граѓаните не треба да чекаат до последен момент поради гужвите, истакна Бакалов.

До крајот на годината, нагласи тој, бугарскиот лев ќе остане официјална валута во Бугарија, а сите трансакции и плаќања можат безбедно да се вршат во лева.

Со усвојувањето на еврото од почетокот на следната година, Бугарија ќе постигне поголем просперитет и безбедност и ќе ја зајакне својата улога во Европската Унија, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во Софија минатата недела.

Елиминирањето на трошоците за конверзија ќе им заштеди на компаниите околу една милијарда лева годишно, додаде таа. 

Тагови: Бугарија евро

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »