Промовирани огласи »

Од 15 ноември па сè до 15 март, сите возачи во земјава ќе мора задолжително да поседуваат зимска опрема во своите возила – ова го потврди Министерството за внатрешни работи, потсетувајќи ја јавноста дека овие мерки се согласно со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Засилените контроли ќе осигурат безбедно движење во услови кога патиштата се лизгави и опасни.

Според Правилникот, возилата до 3.500 кг треба да имаат зимски гуми на сите четири тркала или летни гуми со синџири за снег. Возилата со погон на сите четири тркала (4×4) и тешките возила како автобуси и камиони мора да следат одредени уредби, вклопувајќи зимски гуми и соодветна опрема како зимски синџири.

МВР апелира на ситемските проверки и подготовка на зимската опрема како одговорност на сите возачи. „Со други зборови – ако сакате мирна зима без казни и непријатности, време е уште сега да ги проверите гумите, синџирите и приборот во вашето возило,“ е пораката до сите учесници во сообраќајот.

Тагови: зимска опрема МВР

Промовирани огласи »

Позната минималната сума за оваа година: До крајот на 2025 исплата на К-15

Од 40 до 100 отсто од просечната плата

До крајот на годината задолжително најмалку по 300 евра ќе им легнат на сметките на работниците за регрес за годишен одмор.

Согласно законот, газдите до 31 декември треба да исплатат К-15, кој изнесува најмалку 40 отсто од просечната плата, а најмногу 100 отсто.

К15 им следува и на административците, кој е помал за 100 евра од оној кој се исплаќа во приватниот сектор.

Минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, согалсно законот е утврден на 40% од просчената исплатена плата и за оваа година сумата е 18,141 денари за приватен сектор, додека за јавниот сектор сумата изнесува 12,372 денари.

Минатата година имало само 22 пријави за неисплатен К-15 од вкупно 4,000 работници и тоа претежно од текстилната индустрија. 

Ако вработените не го добијат законскиот минимум за К15, можат да пријават во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.

Тагови: администрација К-15

Промовирани огласи »

Очекувајте исплата! Месецов дополнителни пари за скенирачите на сметки

Од Управата за јавни приходи (УЈП) ја посочија и која е најчестата причина за доцнење во претходните исплати на средствата.

„Скенирачите“ на фискални месецов може да ја очекуваат исплатата на повратот на ДДВ за периодот јули, август и септември. 

Законскиот рок е 60 дена по завршување на кварталот.

Граѓаните кои ги исполниле условите, скенирале сметки и имаат точно внесени трансакциски сметки, средствата ќе ги добијат автоматски по обработката.

Од Управата за јавни приходи (УЈП) потсетуваат дека најчеста причина за доцнење во претходните исплати биле некоректно внесени или неажурирани трансакциски сметки во апликацијата „МојДДВ“.

За навремена исплата, граѓаните треба да:

Проверуваат дали сите скенирани сметки се евидентирани во апликацијата „МојДДВ“. Осигураат дека трансакциската сметка е правилно внесена и активна во системот на УЈП. Следат официјални известувања од УЈП и апликацијата за актуелности.

Со редовно ажурирани податоци, повратот на „МојДДВ“ ќе се исплати навремено.

Граѓаните можат да добијат до 2.100 денари за едно тромесечие или до 8.400 денари за цела година.  

Тагови: УЈП фискални сметки

Промовирани огласи »

Што мора а што не треба да содржи едно добро мотивационо писмо

Како да го претворите вашето искуство во инспиративно писмо

Мотивационото писмо е вашата шанса да оставите личен впечаток пред работодавачот. Тоа не е само дополнување на биографијата – туку приказна која покажува кој сте, зошто аплицирате и што можете да понудите. Затоа вреди да посветите време на неговата содржина и структура.

Што мора да содржи едно добро мотивационо писмо:

  • Јасен вовед: Почнете со кратко претставување и наведете за која позиција аплицирате. Покажете ентузијазам и интерес за компанијата – тоа секогаш се забележува.
  • Причина зошто аплицирате: Објаснете зошто токму оваа компанија и позиција ви се привлечни. Истражете ја организацијата, спомнете нешто што ви се допаѓа во нивниот начин на работа или вредности.
  • Вашите вештини и искуство: Изберете 2–3 клучни примери кои ја покажуваат вашата компетентност. Не повторувајте го CV-то – раскажете што сте научиле од искуствата и како тоа може да придонесе за тимот.
  • Ваша мотивација и карактер: Мотивационото писмо е местото каде можете да покажете малку личност. Кажете што ве движи, што ве инспирира во работата и како гледате на професионалниот развој.
  • Завршен дел со повик на акција: Завршете љубезно, со желба за средба или разговор. На пример: „Со задоволство би ја споделил мојата визија за придонес во вашиот тим на интервју.“

Што не треба да содржи мотивационото писмо:

  • Долги, нејасни пасуси: Работодавачите читаат многу апликации. Бидете концизни – едно странично писмо е сосема доволно.
  • Клише-фрази: Избегнувајте изрази како „Јас сум идеален кандидат“ или „Работам под притисок“. Наместо тоа, дајте конкретни примери.
  • Повторување на CV-то: Ако мотивационото писмо е само копија на вашето резиме, ќе изгуби смисла. Фокусирајте се на приказна, не на листа.
  • Грешки во правопис или формат: Проверете го текстот пред да го испратите. Уреденоста и вниманието кон детали кажуваат многу за вас.
  • Претерана формалност или неискреност: Бидете професионални, но и природни. Работодавачите сакаат да ја почувствуваат вашата автентичност.

💡 Совет од KARIERA.mk:

Пред да го испратите мотивационото писмо, прашајте се:

„Дали ова писмо навистина кажува кој сум јас и зошто сакам да бидам дел од оваа компанија?“ Ако одговорот е „да“ – тогаш сте на добар пат!

Прочитајте и за: Пет ефикасни начини да ја забрзате потрагата по работа

Тагови: HR мотивациско писмо совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »