Промовирани огласи »

Започна сезона 3:Магдалена Аневска во првата епизода на „На Каде Одиме?“ Marketing Director во Nova Solutions

Магдалена Аневска која ќе сподели како се креираат успешни маркетинг стратегии, како се гради силен бренд имиџ и како компаниите можат да ги користат AI алатките за подобри резултати.

Првиот гостин во новата сезона е Магдалена Аневска, Marketing Director во Nova Solutions, која ќе сподели како се креираат успешни маркетинг стратегии, како се гради силен бренд имиџ и како компаниите можат да ги користат AI алатките за подобри резултати.
Во разговорот, Магдалена зборува за:

- Зошто јасно дефинираните цели во маркетингот се клучни за успешен тим и компанијата.
- Практични примери за тоа како модерните компании ја применуваат стратегијата што ја прави разликата
- Како иновацијата и креативноста можат да го трансформираат маркетинг пристапот

Оваа епизода е полна со свежи идеи, практични совети и инспирација што може веднаш да ја примениш во својата кариера или бизнис.

🎧 Слушајте ја новата епизода денес и откријте како современиот маркетинг може да ви помогне да се истакнете, да растете и да направите вистинска разлика!
🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify:

Започна сезона 3:Магдалена Аневска во првата епизода на „На Каде Одиме?“ Marketing Director во Nova Solutions

Тагови: интервју поткаст

Промовирани огласи »

Од трибини до подиум: Како Ева од Битола стана најголемата млада надеж на македонскиот мотокрос

Интервју со Ева Дамјановска: 15-годишна натпреварувачка која го освојува македонскиот мотокрос

Ева, кажи ни нешто повеќе за себе?

Јас сум Ева Дамјановска од Битола, имам 15 години и учам во средното медицинско училиште Др Јован Калаузи.

Каков е твојот возбудлив почеток во овој спорт — што те натера токму мотокрос и кога сфати дека ова ќе стане сериозно за тебе?

Започнав како гледач и навивач на брат ми кој исто така се занимава со овој спорт и е многу успешен. Кога тој премина во повисока класа јас пробав да го возам неговиот стар помал мотор и видов дека можам. За мојот 12 ти роденден родителите ми купија мој мотор и после една недела од тогаш ја имав мојата прва трка кај нас во Битола на патеката МХ Смолево.

Како изгледаше твојата прва трка, како се чувствуваше и што научи од тој ден?

Бидејќи брат ми се занимава со овој спорт веќе 8 години бев упатена во мотокросот и знаев по нешто но кога се качив и почнав да возам сосема е поинаку од колку да си гледач. Првата трка ми беше многу тешка бидејќи врнеше и имаше многу кал а јас почетник, но се снајдов и ја извозив.

Кој натпревар или патека ти остави најсилен впечаток досега и зошто?

Последниот натпревар сега во Скопје на патеката во Орман ми остави најсилен впечаток бидејќи за прв пат успеав да освојам подиум, бидејќи јас се натпреварувам против сите машки, а омилена патека ми е нормално нашата во Битола.

Како го надминуваш стравот, притисокот или моментите кога ништо не оди според планот?

Немам некој голем страв бидејќи и да не оди нешто според планот го имам целиот мој  тим ( двата родители, брат ми, пријатели) кои стојат секогаш зад мене и ме прават да се чувствувам сигурно. Притисок секогаш има, трка е, борба за позиција погоре.

Колку ти значи поддршката од семејството, пријатели или клубот и како тие влијаат на твојата мотивација и успеси?

Бидејќи немаме никаква поддршка од други, премногу ми значи поддршката која ја имам од семејството, бидејќи да не се тие ни јас ни брат ми немаше да сме во мотокросот, премногу скап спорт, ризичен, адреналински. Исто така и пријателите кои секогаш се тука да ме бодрат и да доаѓаат на моите трки каде и да се одржуваат. А нашиот клуб Ендуро Тим Водно е клуб каде сите сме како една фамилија, многу ни помагаат и фала им за се. Кога гледам колку многу се трудат моите да ни овозможат се нормално дека мотивот е поголем а тоа резултира и со успех.

Што ти е најголемата цел или сон во наредните години — каде се гледаш во овој спорт и што би сакала да постигнеш?

Засега моја единствена цел е да освојам шампионат и да покажам дека полот не игра улога во било кој спорт. Ако нешто многу сакаш, упорноста, храброста, дисциплината ќе те донесат на местото кое го посакуваш.

Ако можеше да дадеш еден совет до другарка или другар кој се двоуми дали да започне со ваков спорт — што би ѝ/му рекла?

Секој да проба она што го влечи,мотокросот навистина изгледа страшно ама ако го сакаш не е, и секако треба финансии бидејќи овој спорт е еден од најскапите спортови.

Промовирани огласи »

Проблеми со тироидната жлезда? Еве како да ги откриете и решите

Тироидната жлезда е мала, но исклучително важна жлезда во облик на пеперутка, лоцирана во предниот дел на вратот

Што е тироидна жлезда?

Тироидната жлезда е мала, но исклучително важна жлезда во облик на пеперутка, лоцирана во предниот дел на вратот. Таа ја контролира работата на многу процеси во телото преку лачење на хормони кои го регулираат метаболизмот, енергијата, температурата, па дури и расположението. Кога нејзината работа е нарушена, може да дојде до состојби како хипотироидизам (намалена функција) или хипертироидизам (зголемена функција).

Симптоми на нарушена работа

Кога тироидната жлезда не функционира правилно, телото веднаш го чувствува тоа. Кај хипотироидизам се јавуваат замор, зголемена телесна тежина, сува кожа, пад на коса, студенило и намалена концентрација. Од друга страна, хипертироидизмот може да предизвика забрзано чукање на срцето, губење тежина, потење, нервоза и несоница. Кај жените, проблемите со тироидната често влијаат и на хормоналната рамнотежа и менструалниот циклус.

Решенија и третман

Раното откривање е клучно! Редовните лекарски прегледи и хормоналните анализи можат навреме да откријат нарушувања. Лекувањето зависи од типот на проблемот и може да вклучува медикаментозен третман, промена во исхраната и намалување на стресот. Здрава исхрана богата со јод, селен и витамин D, како и доволно сон и физичка активност, може значително да помогнат во стабилизирање на тироидната функција.

Тагови: здрава храна здравје Тироидната жлезда

Промовирани огласи »

Според податоците на Евростат, 71 отсто од граѓаните на Европската Унија(ЕУ) патуваат во рамки на сопствената земја, 21 отсто во други земји на Унијата, а само 8 отсто надвор од ЕУ.

Само 8 отсто од Шпанците патуваат надвор од својата земја.  Зад нив се Французите и Романците, со по 9 отсто од патувањата во други земји од ЕУ. На спротивниот крај се Луксембург (78 отсто), Белгија (62 отсто) и Малта (48 отсто). 

Анализата на „Europe in Motion“ покажува дека жителите на Луксембург трошат најмногу, односно во просек 1.758 евра за патување во странство подолго од четири ноќевања.

Тагови: Европа Евростат патување

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »