Промовирани огласи »

Тина Русева ѕвездата која го освои „The Voice“ открива: Стравот не ме сопре – музиката е мојата најголема храброст

Запознај ја Тина Русева одблиску – младата ѕвезда што го освои „The Voice

Која е Тина Русева зад микрофонот и надвор од сцената?

Зад микрофонот, јас сум Тина што секоја песна ја носи во срце, со искрена желба да допре до душите и да остави трага. Кога пеам, се губам во музиката и заборавам на сè, затоа што секоја нота ми значи повеќе од зборови.
Надвор од сцената, сум скромна и едноставна девојка што го цени мирот, топлината и се радува на малите нешта.

Твојот настап на The Voice освои илјадници срца. Какво беше чувството да застанеш пред толкава публика и да добиеш толку искрена поддршка?

Кога нешто го сакаш повеќе од сè, луѓето го чувствуваат тоа. Таа искрена емоција и љубов кон музиката не може да се одглуми. Да застанам на таа сцена, пред толкава публика, и да добијам толку силна и искрена поддршка беше чувство што тешко се опишува со зборови. Бев преплавена со емоции, благодарност, возбуда, среќа... но и чувство на одговорност да дадам сè од себе. Тоа беше момент кој ќе го паметам цел живот.

Како реагираше твоето најблиско опкружување по настапот? Имаш ли некој момент на поддршка што особено ти останал во сеќавање?

Добив огромна поддршка од целото семејство, но брат ми... тој е посебна приказна. Со него како да сме телепатски поврзани. Секогаш ми се јавуваше и се појавуваше во точното време, со неговата луда, заразна енергија како да знаеше кога ми треба.

Кога размислуваш за своето музичко патување, кој беше најголемиот предизвик, а што ти донесе најголемо задоволство?

Секако најголемиот предизвик ми беше самото пријавувањето на “The Voice”. А најголемо задоволство беа самите реакции на жирито и публиката.

Дали има некоја песна што има посебно значење за тебе – нешто што ја раскажува твојата приказна подобро од зборови?

Прилично интересно е што мојата прва децка песна “Чуден Сон” ги опишува делимично нештата што моментално ми се случуваат а се надевам дека и во целост зборовите ќе станат јаве.

Што те мотивира да продолжиш напред и како го замислуваш следниот чекор во твојата кариера?

Секогаш ме мотивира љубовта кон музиката. А следниот чекор е да имам свои авторски песни и да настапувам на големи сцени.

Што би им порачала на младите кои сонуваат да застанат на голема сцена, но се плашат да го направат првиот чекор?

На сите кои сонуваат да застанат на голема сцена, но се плашат да го направат првиот чекор, би им кажала дека стравот е природен дел од секој нов почеток, но да не дозволуваат тој да ги парализира. Храброста не е отсуство на страв, туку одлучноста да се продолжи и покрај него. Верувајте во себе, фокусирајте се на вашата страст и запомнете дека секоја голема сцена започнува со една мала проба. Само тргнете и светот ќе ви стане сцена!

Промовирани огласи »

Колку сол е доволно? Откријте ја вистинската мера за здрав и балансиран живот

Солта ни е потребна, но може да биде и опасна! Дознајте колку е доволно за здраво срце

Солта е неизбежен дел од нашата исхрана — го збогатува вкусот на храната и има важна улога во одржување на рамнотежата на течности и функцијата на мускулите и нервите. Без натриум, телото не може правилно да ја регулира водата и крвниот притисок, па токму затоа умерената количина сол е неопходна за здравјето.

Сепак, проблемот настанува кога внесот на сол ја надминува препорачаната дневна доза. Според Светската здравствена организација, возрасните треба да внесуваат најмногу 5 грама сол дневно — тоа е околу една кафена лажичка. Премногу сол во исхраната може да доведе до висок крвен притисок, срцеви заболувања, мозочен удар и заболувања на бубрезите. Најголемиот дел од солта не ја внесуваме само со готвењето, туку преку преработена храна, грицки, сувомеснати производи и конзервирани јадења.

За да ја најдете вистинската мера, обидете се да ја намалите употребата на сол постепено, заменувајќи ја со зачини, лимонов сок, лук, билки и маслиново масло. Читајте ги етикетите и бирајте производи со понизок процент на натриум. Балансот е клучот – доволно за да му помогнете на телото, но не премногу за да му наштетите. Вашето срце и бубрези ќе ви бидат благодарни.

Тагови: брза храна здравје сол

Промовирани огласи »

Четвртокот ќе биде неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба

До крајот на годината остануваат уште два неработни денови. Еве кои се тие!👇

Следната недела ни доаѓа уште еден неработен ден кој многумина од нас со нетрпение го очекуваат. На 23 октомври, кој оваа година се паѓа во четврток, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, ден кој традиционално се слави и почитува како државен празник.

Овој празник е посветен на историските напори, револуционерните акции и желбата за самостојност кои ја обликуваа историјата на Македонија. На овој ден, сите граѓани ќе имаат можност да се одморат и истовремено да размислат за важноста на борбата за слобода и независност.

По овој празник, работниците ќе имаат уште еден посебен ден за одмор до крајот на годината – на 8 декември, кога се слави Св. Климент Охридски, ден кој оваа година се паѓа во понеделник. Овие неработни денови се одлична можност за одмор и прилика граѓаните да ја почитуваат својата историја и традиции.

Тагови: државни празници неработни денови

Промовирани огласи »

Катерина Митровска потпретседател за односи со клиенти во АПС: „Работете за американска компанија – без да ја напуштите Македонија!“

Како да работите за американска компанија од комфорот на вашиот дом?

На 28 Септември 2025 година во Скопје се одржа конференција насловена „Јас сум жена“. Во рамките на конференцијата, учество на панелот „Македонки во светот“, учество зеде и Катерина Митровска, Потпретседател за односи со клиенти која зборуваше за нашата компанија, како место каде можете да работите за американска компанија, без да ја напуштите Македонија. Инаку, конференцијата беше поделена на пет панел-дискусии и тоа: Македонки во рурални средини, Македонки во нетипични професии, Македонки во енергетика, Македонки во светот, Мајките за Македонија и Мајките за Америка.

Од аспект на жена, тешко дека ке најдете подобри услови за работа од АПС. Родовата еднаквост е тука апсолутна, иако повеќето менаџерски позиции во компанијата ги држат жени. Не постои апсолутно никаква разлика во вреднувањето на трудот без разлика на пол, националност, религија, возраст. Правата на секоја вработена во однос на породилно отсуство, здравствена грижа и социјална сигурност се апсолутно почитувани, без никакви условувања.

Кога ќе ги земете во предвид и генералните услови за работа во АПС, како што се надпросечно високите плати, слободните викенди, и многуте регуларни привилегии, АПС е компанија во која навистина сакате да се вработите, без оглед дали ви е прво работно место или имате децениско искуство. Ве каниме да ги разгледате отворените работни позиции на нашиот веб сајт, и се надеваме дека ќе станете наши колешки. 

Погледнете ги сите отворени работни позиции ТУКА.

Тагови: Agile Pro Solutions

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »