Промовирани огласи »

Четвртокот ќе биде неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба

До крајот на годината остануваат уште два неработни денови. Еве кои се тие!👇

Следната недела ни доаѓа уште еден неработен ден кој многумина од нас со нетрпение го очекуваат. На 23 октомври, кој оваа година се паѓа во четврток, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, ден кој традиционално се слави и почитува како државен празник.

Овој празник е посветен на историските напори, револуционерните акции и желбата за самостојност кои ја обликуваа историјата на Македонија. На овој ден, сите граѓани ќе имаат можност да се одморат и истовремено да размислат за важноста на борбата за слобода и независност.

По овој празник, работниците ќе имаат уште еден посебен ден за одмор до крајот на годината – на 8 декември, кога се слави Св. Климент Охридски, ден кој оваа година се паѓа во понеделник. Овие неработни денови се одлична можност за одмор и прилика граѓаните да ја почитуваат својата историја и традиции.

Тагови: државни празници неработни денови

Промовирани огласи »

Катерина Митровска потпретседател за односи со клиенти во АПС: „Работете за американска компанија – без да ја напуштите Македонија!“

Како да работите за американска компанија од комфорот на вашиот дом?

На 28 Септември 2025 година во Скопје се одржа конференција насловена „Јас сум жена“. Во рамките на конференцијата, учество на панелот „Македонки во светот“, учество зеде и Катерина Митровска, Потпретседател за односи со клиенти која зборуваше за нашата компанија, како место каде можете да работите за американска компанија, без да ја напуштите Македонија. Инаку, конференцијата беше поделена на пет панел-дискусии и тоа: Македонки во рурални средини, Македонки во нетипични професии, Македонки во енергетика, Македонки во светот, Мајките за Македонија и Мајките за Америка.

Од аспект на жена, тешко дека ке најдете подобри услови за работа од АПС. Родовата еднаквост е тука апсолутна, иако повеќето менаџерски позиции во компанијата ги држат жени. Не постои апсолутно никаква разлика во вреднувањето на трудот без разлика на пол, националност, религија, возраст. Правата на секоја вработена во однос на породилно отсуство, здравствена грижа и социјална сигурност се апсолутно почитувани, без никакви условувања.

Кога ќе ги земете во предвид и генералните услови за работа во АПС, како што се надпросечно високите плати, слободните викенди, и многуте регуларни привилегии, АПС е компанија во која навистина сакате да се вработите, без оглед дали ви е прво работно место или имате децениско искуство. Ве каниме да ги разгледате отворените работни позиции на нашиот веб сајт, и се надеваме дека ќе станете наши колешки. 

Погледнете ги сите отворени работни позиции ТУКА.

Тагови: Agile Pro Solutions

Промовирани огласи »

ЕВЕ КОГА ЌЕ ТРЕБА ДА ГО СМЕНИТЕ СААТОТ: Почнува зимското сметање на времето

Поместувањето на стрелките на часовникот или зимското сметање на времето ќе започне насокоро. Еве кога ќе треба да ги вратиме часовниците за еден час назад!

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.

Со завршувањето на летното сметање на времето, во 03:00 часот наутро стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

Во согласност со Одлуката:

  • Летното сметање на времето во 2025 година започна на 30 март во 02:00 часот, кога времето беше поместено еден час нанапред.
  • Завршувањето на летното сметање ќе се изврши на 26 октомври во 03:00 часот, со поместување еден час наназад.

Тагови: зимско сметање на времето

Промовирани огласи »

Најмоќни пасоши во светот: Еве на кое место е македонскиот и во колку земји може да се патува со него

Најмоќниот пасош во светот го има Сингапур. Еве на кое место е македонскиот и во колку земји може да се патува со него! 👇

Според најновата листа на сајтот „Henley and Partners”, која се базира на податоци од Меѓународната управа за воздушен транспорт и вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување, најмоќниот пасош во светот го има Сингапур.

Со пасошот на Сингапур може да се патува на 193 места во светот без виза. По Сингапур следуваат Јужна Кореја со 190 и Јапонија со 189.

Меѓу најмноќните се и пасошите на Германија, Италија, Луксембург, Шпанија и Швајцарија, кои го делат четвртото место со 188 места во кои може да се влезе без виза.

Македонскиот пасош го дели 42-то место со Самоа и Тонга. Со наш пасош може да се влезе без виза на 129 места во светот.

Во топ 10 од регионот се најдоа грчкиот и хрватскиот пасош, по нив на 14-то место е бугарскиот.

Подолу се рангирани, Србија на 36-то место, Црна Гора на 43-то место, иста позиција делат пасошите на Албанија и на Босна и Херцеговина – 47-ма.

Пасошот на Косово е на 65-то место.

Тагови: Пасош Henley and Partners најмоќен пасош

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »