Промовирани огласи »

Македонија на удар на студен бран: Ладно време и врнежи од снег

Снежната граница денес ќе се спушти под 1000 метри

Под влијание на многу ладна воздушна маса која се спушта од Русија кон нашата земја, денес (петок, 3 октомври) времето ќе биде уште постудено од вчера. Максималните температури ќе се движат од 0 до 9 степени, а повремено ќе дува засилен северен ветер, особено во Повардарието, каде може да достигне над 60 км/час.

Снежната граница денес ќе се спушти под 1000 метри, па повремен снег ќе има и во дел од повисоките градови, најмногу на северот на Македонија. Во Скопје ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините околу градот ќе провејува снег, проследен со силен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 7 степени.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
10°
11°
11°
10°
10°
10°








3

4

4

4

4

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 12° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













10°
11°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 13° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












11°
12°
12°
13°
12°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Поскапе водата за пиење во Скопје

Поскапувањето е започнато од 1 септември.

Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација - Скопје објави нова цена на фактура за комунални услуги. Поскапувањето е започнато од 1 септември.

Цената на водата за пиење за домаќинства е зголемена од 18,5 денари на 20,5 денари по метар кубен. Кај категоријата домаќинства е зголемена и цената на услугата за собирање и одведување на урбани отпадни води од 12,5 на 13,5 денари по метар кубен вода.

Зголемена е и цената на овие услуги кај категоријата останати субјекти. Скопското претпријатие поскапувањето го бараше поради прикажани повисоки трошоци кај Регулаторната комисија,која го одобрува новиот тарифник.Во моментов нема информации како гласале членовите на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација, ниту пак дали по ова прашање се дебатирало на точка на дневен ред на седница на Град Скопје.

Во прилог стариот и новиот ценовник на ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Стар тарифник со важност од 1 јануари 2023

Нов тарифник со важност од 1 септември 2025

Тагови: ЈП Водовод и Канализација Скопје поскапува водата

Промовирани огласи »

Шокантни статистики: 40% од младите во Македонија на возраст до 18 години се пушачи, почнуваат со овој порок уште на 13 години

Aнализите сведочат дека младите во Македонија покажуваат сериозна стапка на пушење.

Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот процес е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во рамки на регионалната работилница. „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан“, во организација на Аналитика тинк-тенк.

На оваа регионална работилница се зборува за една горлива и многу сериозна тема, злоупотребата на тутунот и електронските цигари кај младите. Она што е навистина поразително е штетното влијание на здравјето. Тоа мора да го превенираме и Министерството за образование и наука и Владата преземаат определени чекори првенствено за превенција, за да ги избегнеме трошоците за лекување во подоцнежите години, нагласи Јаневска.

Таа потсети дека новина од оваа година е воведување на предметот „Учам за моето здравје“.

Она што го правиме во образованието, кое всушност е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи, е дека и во основното и во средното образование во различни предмети се присутни теми за здравствена писменост. И еве една новина во седмо одделение, оваа година е воведен изборен предмет ‘Учам за моето здравје’, рече Јаневска.

Министерката истакна дека во новите законски решенија за основно и средно образование ги задолжиле училиштата да спроведуваат програми против дискриминација, против насилство, против малолетничка деликвенција, но и против злоупотреба на овие супстанции – тутунот, алкохолот и дрогата.

Дополнително во изминатиот период е почната една програма со Канцеларијата за борба против дрога и криминал на ОН и со Меѓународната фондација Лајонс клуб за превенција од ваквите негативни појави, која се вика „Вештина за адолесценција“, и која беше запрена во перидот на ковидот. За жал минатата влада не покажала интерес оваа програма да продолжи. Во неа треба да се обучат 50 стручни соработници и 150 наставници, во 50 училишта како да се превенираат несаканите појави во училиштата. Оваа влада реши да ја продолжи оваа програма и обуката на крајот на оваа година продолжува за да можеме да ја оствариме својата цел, информира Јаневска.

Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика тинк-тенк истакна дека Македонија сè уште се рангира како земја со една од повисоките стапки на пушење.

Факт што нас нè загрижува е што нашите анализи покажуваат дека младите во Македонија покажуваат сериозна стапка на пушење. Она што можеме да го направиме и како тинк тенк, и како цело општество, е да реагираме соодветно. Прво на младите под 18 години – анализите ни покажуваат дека им се забранува продажба и при продавање значи треба да се почитува законската регулатива. Најважна е и едукацијата и превенцијата да почнуваат од многу рана возраст. Од рано да ги едуцираме младите дека генерално пушењето е штетно и да развиваат пиозитивни навики, рече таа.

Според неа, она што е најфрапантно е тоа што анализите покажуваат дека веќе на 13-годишна возраст младите почнуваат да пушат.

И штом толку мали ја почнуваат таа навика, значи веќе многу е веројатно дека тие веќе и во нивниот подоцнежен период ќе останат пушачи. Четириесет проценти од младите што се до 18 години, пушат. Затоа кажав дека бројките се алармантни. Треба да работиме на превенција на овие лоши навики, а не пак да имаат претстава дека новите производи што се нудат на пазарот, како електронските цигари, се некоја безбедна варијанта којашто нема да им пречи. А според новите студии, сепак не се толку безбедна варијанта на цигарите, рече Мијовиќ Спасова.

Тагови: Македонија деца пушачи

Промовирани огласи »

Youth to Business (Y2B): Инклузивни можности за младите во бизнис светот

Бевме дел од инспиративниот Y2B настан во Среќа бар, каде младите се сретнаа со компании за практиканства и работа. 🌱 Панел дискусијата за инклузивноста на компаниите отвори важни прашања, а учесниците добија директен пристап до нови можности за кариера.

✨ Бевме дел од уште едно инспиративно поврзување на младите и бизнис заедницата – Y2B (Youth to Business event)!

📍 Настанот се одржа во Среќа бар, Скопје, во рамки на програмата „Зајакнување на младите преку нови можности 2“, што ја имплементира СОС Детско Село со поддршка од Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија и Фондацијата Херман Гмајнер.

🎤 Централниот дел на настанот беше панел дискусијата на тема „Дали компаниите се доволно инклузивни во однос на младите од ранливите категории?“, која отвори значајни прашања и даде нови перспективи.

🤝 Потоа компаниите ги претставија своите отворени можности за практиканство и вработување, овозможувајќи им на младите учесници директен пристап до шанси за развој и кариера.

🌱 Овој настан е уште еден чекор во градењето на мостот меѓу младите и бизнис заедницата – затоа што веруваме дека инклузивноста, можностите и вмрежувањето се клуч за иднината.

Тагови: настани нова работа СОС Детско село

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »