Промовирани огласи »

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

„Ново срце запиша први отчукувања – на пат, во амбулантно возило, во длабока ноќ“, напиша д-р Кировски. 🚑❤️

Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се роди женско бебе. Несекојдневното породување се одвивало во движење, само неколку минути по полноќ, а медицинскиот тим успешно го спровел процесот безбедно и професионално, пренесува штипската телевија „Стар“. 

Д-р Даниел Кировски, кој бил дел од тимот, го сподели искуството на социјалните мрежи, нагласувајќи дека девојчето е родено здраво и силно, и дека мајката се чувствува добро.

„Ново срце запиша први отчукувања – на пат, во амбулантно возило, во длабока ноќ“, напиша д-р Кировски. „Во моменти кога времето станува критично, кога нема простор за двоумење – животот си го наоѓа патот.“

Тој истакна дека породувањето се одвивало без родилна сала, но со целосна посветеност и координација од страна на тимот, со што уште еднаш се потврдува важноста на итната медицинска помош во клучни моменти.

Мајката и бебето се во стабилна и добра здравствена состојба. 

Тагови: амбулантно возило бебе здравје породилно отсуство

Промовирани огласи »

Поевтинуваат горивата од полноќ - ова се новите цени!

Регулаторна со убави вести за возачите

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 ден/кг.

Од 22.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар);
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар);
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар);
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар);
  • Мазут М-1 НС 40,158 (денари/килограм).

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Пракса во Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација објавува ЈАВЕН ПОВИК за волонтери и практиканти

Бараме волонтери од следните области:
• Природно-математички науки
• Информатика, електроинженерство, телекомуникации
• Психологија, когнитивни науки, образование

– Кој може да се пријави?
• Студенти или дипломирани студенти
• Со интерес за комуникација, истражување и дигитална трансформација
• Со основно познавање на англиски јазик

– Што треба да поднесеш?
• Кратка биографија
• Доказ за студирање или завршено образование

-Рок за аплицирање: 14 работни дена од 18.07.2025 година.
Апликација: Национален портал за е-услуги.

-Не пропуштај ја шансата да бидеш дел од дигиталната иднина, објави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Тагови: Министерството за дигитална трансформација практиканти

Промовирани огласи »

Технологијата предизвикува 'Мозочна трулеж': Колку навистина влијае скролањето врз нашиот ум?

Секојдневното скролање е еквивалентно на искачување четири врвови на Монт Еверест во една година, а научниците предупредуваат дека ова води до 'мозочна трулеж'.

Според ново истражување, просечниот корисник на интернет поминува доволно време скролање за да 'измине' растојание еквивалентно на четири врвови на Монт Еверест во текот на годината. Ова зголемено користење на телефони и постојано скролање низ социјалните мрежи доведе до појава која научниците ја нарекуваат 'мозочна трулеж'.

Неуролозите и научниците кои го проучуваат мозокот предупредуваат дека долгите часови поминати во користење на телефони резултираат во деградација на менталниот капацитет. Видеото кое најдобро го демонстрира ова е вирусниот 'Skibidi toilet', кое беше прегледано над 215 милиони пати, истакнувајќи ја сериозноста на проблемот.

Зборот 'Мозочна трулеж' е избран за збор на годината 2024 според Оксфорд речникот, што го дефинира како 'влошување на менталната состојба на личноста како резултат на прекумерна консумација на нерелевантна или неинтелектуална содржина, посебно онлајн'.

Дури пред 20 години, истражувачите предвиделе дека прекумерната информациска преоптовареност може значително да го намали нашето ментално функционирање, намалувајќи го IQ со 10 поени по лице во истражување, предизвикувајќи поголем негативен ефект од консумацијата на канабис.

Како да го спречиме ова? Важно е да се постават дигитални граници и да се промовира време без технологија, како на пример за време на оброци или пред спиење. Преку поттикнување на офлајн активности и хобија, можеме да помогнеме во враќањето на креативноста и љубопитноста.

Тагови: здравје ментално здравје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »